ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ОБЕЗБЕДУВАЈКИ РАСТОЈАНИЕ, ЗАШТИТНА ОПРЕМА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

 

За таа цел ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ве поканува на обука на тема:

ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 2021 ГОДИНА, ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ СО ОСВРТ И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

која ќе се одржи во просториите на Тренинг Центар ЦЕС  на ден 24.06.2020

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

  • ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
  1. Пополнување на работни места во јавниот сектор
  • Законски основ за подготовка на годишниот план;
  • Обврска за планирање на вработувањата;
  • Постапка за донесување на годишен план за вработување;
    • Надлежни органи кои даваат согласност и мислење на планот;
    • Што во случај на недобивање согласност;
    • Ненавремено постапување по планот од страна на органите надлежни за давање согласност;
  • Неправилности во поглед на донесувањето на годишни планови за вработување;
  • Временска рамка на постапката за донесување на планот;
  1. Форма и содржина на годишниот план за вработување
  • Како правилно треба да се прикаже постојната состојба на вработени во институцијата;
  • Прикажување на вработените на кои треба да им престане работниот однос по основ на пензионирање, но може да го искористат законското право да продолжат со работа;
  • Податоци за движења на вработените во рамки на институцијата и/или јавниот сектор;
  • Предвидување и планирање на нови вработени;
  • Најчести грешки при пополнување на годишните планови;
  • Извештај за реализација на годишниот план;
  • Изменување и дополнување на годишниот план за вработување.

 

  1. Случаи кога не е направено планирање на вработувања
  • Екипирање кадар во законска постапка надвор од рамките на годишниот план за вработување;
  • Непредвидливи случаи кои доведуваат до потреба од измена на планот;
  • Одговорност при непочитување на одредбите за спроведување на постапката за донесување на годишниот план за вработување.

 

Предавач-експерт со долгогодишно практично искуство во областа: Андријана Матлиоска

Во прилог Ви доставуваме:

 

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Краен рок на доставување на пријавите е 17.06.2020

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице