ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на волонтери во Академија ЦЕС
Се повикуваат сите заинтересирани кандидати да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Академија ЦЕС
АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 21 година активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лицата од друга страна.
Нудиме можност за стекнување на искуство и вештини, како и околина за учење и професионален развој. Волонерите ќе имаат можност да работа во пријатна и позитивна атмосфера, да добијат подршка и менторство во извршување на активностите. Нивниот делокруг на работење генерално ќе биде во: административно/канцелариско работење и поддршка во спроведување на меѓународни проекти.
Општи услови/квалификации за кандидатите:
- да се студенти во завршна година на студирање;
- да располагаат со способност за успешно комуницирање;
- способност за добро писмено изразување и истражување;
- да располагаат со иницијативност, аналитичност и интерактивност
- да имаат познавање од компјутерски вештини -Microsoft office, особено Excel
- да имаат познавање од англиски јазик на ниво на Б2
Одговорности и задачи:
- Комуникација со клиенти (училишта, добавувачи, учсеници во обуки)
- Поддршка при логистика во организација на обуки (подготовка на материјали, опрема, сала)
- Подготовка на серификати
- Евиденција на настани во excel табели
- Подготовка, архивирање и собирање на договори
- Подготовка на документација за исплата
- Подготовка на содржини од реализирани активности за објава на веб страна и социјални медиуми
- Ажурирање на бази на податоци
- Копирање, скенирање
Сите заинтересирани кандидати покрај апликацијата треба да достават:
- мотивационо писмо во кое ќе се наведат причините и мотивите за волонтирање
- кратка биографија (со податоци за контакт: адреса, телефонски број и e-пошта)
- потврда од матичниот факултет за годината на студии кои се посетуваат, со постигнат успех.
Потребните документи се доставуваат на следнава е-меил адреса trainingcenterces@gmail.com со назнака „за јавен повик за ангажирање на волонтери“
Рокот за доставување на документите е 5 (пет) дена од денот на објавување на повикот.
Сите кандидати кои во рокот поднеле уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Академија ЦЕС
Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на комисија, а врз основа на следните критериуми:
– постигнатиот успех во образованието;
– општи познавања за работата на Академија ЦЕС
По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани за вршење на волонтерска работа.