Претставници од Академија ЦЕС во периодот 23.07.2023-30.07.2023 имааа можност да учествуваат во обука на тема дигитални алатки за управување со проекти во образованието.

Оваа обука нуди запознавање и користење на едноставни, бесплатни апликации кои имаат широка примена и можат да се користат во образовни проекти како што се:

  • Креирање на едноставни веб-страници со WordPress;
  • Управување со настани во живо на социјалните медиуми;
  • Ефективна интеракција на онлајн конференции;
  • Креирање инфографикони и други графички содржини;
  • Подготовка и уредување на видеа;
  • Креирање умствени мапи;
  • Користење на онлајн форми за истражувања / евалуација и добивање на повратни информации.

Обуката исто така обезбедува запознавање и практична примена на повеќе дигитални алатки кои може да имаат одлична примена во управување со европски образовни проекти, но и во самиот образовен процес и наставата.

Дел од овие алатки се: Agantty, Trello, Kahoot, Canva, Google Jamboard, Padlet Padlet, Google forms, Tally, Typeform, Loom, Asana, Notion итн.

Во продолжение неколку слики од обуката: