Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

ЗА ТАА ЦЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ВЕ ПОКАНУВА НА ОНЛАЈН ОБУКА НА ТЕМА:

 

ЗАКОНСКИ НОВИНИ ВО ОБЛАСТА НА  ТРУДОВОТО ПРАВО И РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

која ќе се одржи  на ден 29.07.2020

  • ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА?

Обуката е наменета за директори, правници, вработени во секторот за човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса како и за сите останати заинтересирани лица. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

  • ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Искуства од примена за Законот за работни односи низ призма на работата на Државниот инспекторат за труд

  • Последните измени и дополнувања од Законот за работните односи од аспект на Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно надминување
  • Практичен осврт на прекршочна постапка
  • Тек на прекршочна постапка и одмерување глоби
  • Најчести пропусти утврдени од Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно порамнување
  • Обврски на инспекторот на труд при вршење на надзор ( заштита на право на исплата на плата, придонеси, остуство од работа поради спреченост за работа поради болест или бременост, раќање и мајчинство, заштита на работни со скратено работно време поради болест на дете)
  • Видови на инспециски надзор
  • Примена на законот за работни односи и Закон за прекршоци при надзор и конторола

 

-Насоки за адекватна примена на Закон за инспекциски надзор

  • Организација на инспекциските служби
  • Улогата на инспекцискиот совет
  • Дискусија

 

Искуства од примена на Законот за работни односи и  Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување

  • стекнување и остварување на права на осигуреник
  • својство на осигуреник со бенифициран стаж
  • задолжителни придонеси за пензиско и инвалидско осигрување, пензиски стаж
  • надлежноста на агенцијата за Агенција за супервизија на капитално финасирано пензиско осигрување и новите законски измени

Правна заштита –

  • Тужениот орган надлежен да донесе конечен управен акт
  • Управниот суд кој одлучува по тужбата за законитиста на конечен управен акт
  • Вишиот Управен  суд кој одлучува по жалба изјавена против одлука на Управен суд.
  • Судска практика
  • Правосилни одлуки на Управниот суд
  • Одлуките анонимизирани објавени на веб-страна

 

Предавач:

 

  • Д-р Едита Насковска – судија на Управен суд на Република Македонија – предавач со долгогодишно работно практично искуство  во областа

 

Во прилог Ви доставуваме:

 

За пријавување на учество во оваа обука потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .

Краен рок на доставување на пријавите е 22.07.2020

Поради ограничениот број на учесници на обуката Ве молиме  за навремена достава на пријавите

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт

Тренинг Центар ЦЕС

тел./факс ++389 2 32- 32- 510

моб.075-225-526

моб. 078-339-502

веб сајт https://www.ces.mk

е-маил trainingcenterces@gmail.com