Англиски јазик за возрасни
Академија Ц.Е.С овозможува курсеви за возрасни. Курсевите за возрасни се поделени во неколку групи и тоа:
- курсеви за возрасни во групи
- курсеви за возрасни преку индивидуални часови
Наставата ја изведуваат квалификувани, искусни професори и птироа се користат со најсовремени наставни методи и материјали како и аудио и визуелна опрема.
Одлика и специфичност на нашата е фактот што курсевите за возрасни можат да се одвиваат не само во нашите туку и во вашите простории и во време коешто вие самите ќе го одберете.
Во текот на посетување на курсот се предвидени тестови за проверка на добиеното знаење во текот на наставата, а по завршување на секој степен се полага завршен испит кој се состои од писмен и устен дел. По завршување на секој степен се добива диплома.
Затоа не чекајте! Започнете да учите странски јазици и разберете го светот!
Подготовка за стекнување на меѓународен сертификат
Постојат голем број испити чиешто полагање го бараат различни меѓународни институции со кои по потреба стапуваме во контакт, и тоа по повод остварување некој вид соработка – студирање, специјализација или деловен ангажман. Најбараните меѓународно признати сертификати се FCE, CAE, CPE IELTS и TOEFL.
Освен информациите за значењето на обие кратенки и нивоата на познавање што конкретните сертификати за положени испити го подразбираат, кандидатите на овие подготовки ќе научат и за вистинските начини за квалитетна подготовка за наведените испити што ќе резултира со успешно полагање.
Што ќе научите на курсот?
Меѓународно признати сертификати за познавање на англискиот јазик се:
- FCE (First Certificate in English)
- CAE (Certificate in Advanced English)
- CPE (Certificate of Proficiency in English)
- IELTS (International English Language Testing System)
- TEOFL (Test of English as a Foreign Language )
Англиски јазик за хотелиери и угостители
Курсот за англиски јазик за хотелиери и угостители е за сите кандидати коишто сакаат да ги совладаат стручните термини и кои сакаат да владеат со ситуациите во угостителскиот сектор на англиски јазик, сите кандидати кои би сакале да работа во странство или на брод, сите кандидати кои сакаат да го усовршат и прошират своето знаење на англискиот јазик
Што ќе научите на курсот?
- дочек и прием на гости
- комуникација и однос кон гостите при влез, за време на престој и во текот на испраќање на гостите
- познавање на целокупната содржина на менито на англиски јазик
- примање порачки
- инвентарот во рамки на угостителскиот објект
- термини и комуникација за време на појадок, ручек и вечера
- општи информации
- други важни прашања со цел посетителот да може самостојно да комуницира со гостите
- практична обука
Англиски јазик за компании
Курсот за англиски јазик за компании е наменет за менаџери, професионалци и луѓе од светот на бизнисот кои сакаат да го унапредат знаењето на англискиот јазик во областа на своите бизнис интереси.
Независно дали е во прашање подготовка за конкретна задача како што е на пример подготовка на презентација или унапредување на вештините на преговарање или се работи за долгорочен развој на кариерата, нашата обука ќе ја подобри Вашата самодоверба, способност и вештини на подобра комуникација.
Нашите обуки за деловен англиски ќе ја подобрат вашата самодоверба кога зборувате и комуницирате на англиски јазик со друг природен или не-англиски говорител во деловен контектс. Вие ќе ја развиете и усовршите вашата способност за пишана комуникација како и ќе го проширите вашиот вокабулар и флуентност.
Обуките се фокусирани на вистински деловни ситуации и теми со кои професионалците и менаџерите се соочуваат во професионалниот живот, кога имаат потреба да комуницираат јасно и моќно – кога треба да се сконцентрираат на тоа што го кажуваат, а не на тоа како го кажуваат на англиски.
Нашите обуки за деловен англиски јазик се дизајнирани да произведат резултати што можат да се проверат и вистински подобрувања со силен фокус на персонализација, задоволство на клиент и советување.
Што ќе научите на обуката за управување со проекти?
- Разговор со клиенти и колеги – да се развијат јасни и моќни комуникациски вештини а особено како да се менува тоното и да се насочите на тоа што се зборува.
- Работа на конкретни ситуации – употреба и промена на специфични реалистични ситуации со кои професионалците се соочуваат во вашиот сектор со цел проширување на вокабуларот и практикување на сите четири комуникациски вештини во англискиот јазик (читање, пишување, зборување и случање)
- Функција и форма – да се додаде јазична флексибилност и точност на пример специфични области на вокабулар и синоними, упатување во граматика и структура
- Ефикасно телефонирање, повикување на состаноци и конференции – да се зголеми довербата за усно изразување и способноста за слушање. Овој дел од обуката исто така вклучува обука за интерперсонални вештини на пример Ефикасна презентација, вештини за преговарање и интеркултурална свест,.
- Кореспонденција и извештаи – анализа на јасно пишување и читање за меил, извештаи и други деловни документи на англиски јазик.
Англиски јазик за матуранти
Не сте сигурни како успешно да ја положите државната матура?
Не знаете како да се подготвите?
НИЕ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕМЕ
Нашиот образовен тим во работа со ученици постигнува одлични резултати. Нашите слушатели редовно ги полагаат испитите со високи резултати што им овозможува без тешкотии да се запишат на студиските програми. Безразлика што испитите од државната матура се на крајот на учебната година , многу е важно да се започне со подготовка на време и да се започне со повторување во текот на целата година.
Сите програми на Академија ЦЕС посебно се осмислени и прилагодени на исполнувањата на барањето на државната матура и приемните испити.
Курсеви по англиски за ваши потреби
Академија Ц.Е.С Ви дава можност самите да изберете што и како сакате да учите. Вие имате идеја, вие знаете што сакате и што Ви е потребно да научите за Ваш професионален развој Ние сме тука истото да Ви го овозможиме.
Центарот за едукативни сервиси Ц.Е.С. овозможува одржување курсеви според Вашите потреби односно курсеви какви што ќе замислите.
Нашата задача и обврска е да ги направиме нашите клиенти задоволни
Нашиот тим секогаш се труди и ќе продолжи да се труди да ја исполни секоја Ваша замисла.