Project Description

EnVET

Проектот Збогатување на професионалниот развој на едукаторите за стручно образование и обука со скратен назив EnVET е заедничко партнерство помеѓу DOMSPAIN од Реус, Шпанија, Law and Psychology од Софија, Бугарија и Академија ЦЕС од Скопје, РС Македонија, кофинансиран од Еразмус + програмата.
Проектот е насочен да го поддржи професионалниот развој на обучувачите ангажирани во стручното образование и обука, да ги зајакне нивните компетенции со цел полесно да се ориентираат кон учење базирано на работа во услови на дигитално опкружување.

EnVET

The project Enriching the professional development of VET educators is a joint partnership between DOMSPAIN from Reus, Spain, Law and Psychology from Sofia, Bulgaria and CES Academy from Skopje, North Macedonia, co-financed by the Erasmus + program.
EnVET will act towards supporting professional development of educators engaged in VET, to strengthen their competencies in work-based learning at the digital environment and improve the employability of the learners.

ЗА ПРОЕКТОТ

Збогатување на професионалниот развој на едукаторите за стручно образование и обука EnVET

Проектот Збогатување на професионалниот развој на едукаторите за стручно образование и обука со скратен назив EnVET е заедничко партнерство помеѓу DOMSPAIN од Реус, Шпанија, Law and Psychology од Софија, Бугарија и Академија ЦЕС од Скопје, РС Македонија, кофинансиран од Еразмус + програмата.
Проектот е насочен  да го поддржи професионалниот развој на обучувачите ангажирани во стручното образование и обука, да ги зајакне нивните компетенции со цел полесно да се ориентираат кон учење базирано на работа во услови на дигитално опкружување.

Целта на проектот е во крајна линија преку градење на капацитетите на едукаторите да се подобри вработливоста на крајните корисници на обуки во стручното образование.

Во таа насока во рамките на овој проект, предвидено е да се реализираат неколку сета на активности:

  1. Креирање на програма и обука на едукатори.
  2. Пилотирање на обуката за обучувачи на локално ниво.
  3. EnVET – социјална кампања

Сите активности имаат за цел да придонесат кон подобрување на професионалните вештини на едукаторите во стручно образование и обука, преку креирање на долгорочни и одржливи решенија.

Проектот ќе се реализира во рамките на ново меѓународно партнерство, кое овозможува размена на добри практики и помеѓу организациите кои учествуваат во конзорциумот, но и надвор од него.

ABOUT THE PROJECT

Enriching the professional development of VET educators EnVET

The project Enriching the professional development of VET educators is a joint partnership between DOMSPAIN from Reus, Spain, Law and Psychology from Sofia, Bulgaria and CES Academy from Skopje, North Macedonia, co-financed by the Erasmus + program.

EnVET will act towards supporting professional development of educators engaged in VET, to strengthen their competencies in work-based learning at the digital environment and improve the employability of the learners.

In that direction, within the framework of this project, it is planned to provide opportunities through an e-learning platform and implementing a several sets of activities:

  1. EnVET Training of trainers
  2. Local piloting of Training of trainers
  3. EnVET – Social Campaign

All activities aim to contribute to the improvement of the professional skills of educators in vocational education and training, through the creation of long-term and sustainable solutions.

The project will be implemented within the framework of a new international partnership, which enables the exchange of good practices between the organizations participating in the consortium, as well as outside it.

ПАРТНЕРИ

DomSpain

DomSpain е центар за обука и едукација, од Шпанија, активен на национално и меѓународно ниво. Центарот нуди различни услуги за јавниот и приватниот сектор на Шпанија и активно учествува во меѓународни мрежи за соработка. Организацијата е вклучена и во Пактот на ЕУ за вештини. Обуките кои ги нуди DomSpain начелно се развиваат во  четири главни насоки:

  • курсеви и работилници за возрасни ученици, вклучувајќи странски јазици, ИКТ, готвење и часови за личен раст;
  • активности за когнитивна стимулација за повозрасни ученици: стручно образование и обука (СОО), ИКТ, странски јазици, можност за вработување, учење на работа;
  • обуки за едукатори со фокус на подобрување на компетенциите за странски јазици, употреба на дигитални алатки и нови наставни методи, комбинирано учење;
  • наставна педагошка поддршка и воннаставни активности за училишни деца и родители, вклучувајќи странски јазици, роботика, кодирање и безбедност на интернет.

Паралелно DomSpain работат на зајакнување на капацитетите на малите претпријатија и организации, како и во волонтирање, социјални активности, вклучување на членови од пошироката заедницата во своите активности, вклучително и работодавачи и владини службеници од сите нивоа. DomSpain се акредитирани од Службата за вработување на Каталонија како консултантски центар за регрутирање и како тренинг центар за координирање на локални, национални и меѓународни мобилности на практиканти и ученици СОО. Организацијата е членка на EfVET, Европски форум на давателите на СОО.

DomSpain нуди курсеви и обуки во шест општински центри во провинцијата Тарагона (Шпанија). Курсевите и обуките ги спроведуваат во сопствени простории, но и во 10 граѓански центри во Реус и Тарагона и 6 основни и средни училишта во провинцијата Тарагона. Вработуваат 45 едукатори и имаат околу 1400 студенти секоја академска година.

DomSpain е член на Меѓународната асоцијација за е-учење, меѓународна мрежа на професионалци за е-учење, истражувачи и студенти. DomSpain имаат широка експертиза за пристап, управување, спроведување и следење на проекти финансирани од ЕУ.

Law and Psychology

Law and Psychology е граѓанска организација од Бугарија, која има за цел да го зголеми граѓанското учество во општеството преку поддршка на професионалниот развој на различни групи. Нивните активности се фокусираат на унапредување на развојот на вештините и компетенциите на младите и возрасните; организирање обуки, конференции и семинари; поддршка на студентите по право и психологија за време на нивното стажирање, како и спроведување на истражувања во областа на бугарското, европското и меѓународното законодавство. Организацијата ги концентрира своите напори особено во давање на поддршка на студентите по нивното дипломирање. Тие нудат индивидуално водство и професионална обука во различни области за стекнување квалификации, како и активности за заштита на социјално загрозените групи. Организацијата нуди бесплатна правна и психолошка поддршка на луѓето од ранливите групи (мигранти, бегалци, економски загрозени лица…).

Нивните активности (вклучувајќи активности за обука, настани, конференции, национални/ЕУ проекти…) се фокусираат на теми како што се: менаџерски вештини, психолошки, социолошки, етички, педагошки аспекти и комуникациски вештини. Организацијата активно комуницира со носителите на одлуки преку давање релевантни препораки во различни области на политиката и законодавството. Еден од главните приоритети во политиката на организацијата е да се обезбеди квалитативна поддршка за различни групи во Бугарија како грантови за иновативни и флексибилни форми на методи за обука. Дел од нивните активности се посветени и за вклучување на учесници со различно потекло и способности, со цел да се гарантираат еднакви можности на сите граѓани за активно учество во општеството.

PARTNERS

DomSpain

DomSpain is a Training and Education center, from Spain, active on a national and international level. It offers a variety of services to the public and private sector of Spain and actively participates in international schemes through a well-established network of partners abroad. DomSpain is engaged in the EU Pact for Skills.

The Training department of DomSpain develops educational programmes in four main directions:

  • courses and workshops for adult learners, including foreign languages, ICT, cookery, and personal growth classes;
  • cognitive stimulation activities for older learners: VET: ICT, foreign languages, employability, work-based learning; trainings for educators focusing on improving foreign language competences, use of digital tools and new teaching methods, blended learning;
  • curricular pedagogical support and extracurricular activities for school children and parents, including foreign languages, robotics, coding, and internet safety.

Their activities also focus on strengthening the capacity of small-sized enterprises and organisations, as well as volunteering, working on social issues, involving in our activities all community members, including employers and governmental officials at all levels. They are accredited by the Employability Service of Catalonia as a consultancy, recruitment and training center to coordinate local, national and international mobilities and internships of VET students. It is a member of EfVET, European Forum of the VET providers.

DomSpain offer courses and training offered in six community centres within the province of Tarragona (Spain). The courses and trainings are implemented in own premises as well as at 10 civic centres of Reus and Tarragona and 6 primary and secondary schools of the Tarragona province. They employ 45 educators and count with around 1400 students each academic year.

DomSpain is a member of the International E-Learning Association, an international network of e-learning professionals, researchers, and students. They have a wide expertise in accessing, managing, implementing and monitoring EU funded projects.

Law and Psychology

Law and Psychology is Bulgarian NGO aims at increasing civic participation in the society through supporting the professional development of different groups. Their activities focus on enhancing the development of skills and competences of youth and adults; organizing training, conferences and seminars; supporting Law and Psychology students during their apprenticeship, as well as conducting research in the field of Bulgarian, European and international legislation. The organization concentrates its efforts especially on providing career guidance to students after their graduation. They offer individual guidance and organize professional training in different areas for gaining qualifications, as well as activities to protect socially disadvantaged groups. They provide free legal and psychological support to people from vulnerable groups (migrants, refugees, economically disadvantaged people…).

Their activities (including training activities, events, conferences, national/EU projects…) focus on topics such as: management skills, psychological, sociological, ethical, pedagogical aspects and communication skills. The organization actively communicates with decision-makers through making relevant recommendations in different areas of policy and legislation. One of the main priorities in the organization policy is to provide qualitative support to different groups in Bulgaria as grants innovative and flexible forms of training methods. Many of their activities also advocate for the inclusion of participants of different backgrounds and abilities, aiming at guaranteeing equal opportunities to all citizens for active participation in the society.

ТРАНСНАЦИОНАЛНИ СОСТАНОЦИ

Прв транснационален состанок од проектот EnVET
(Збогатување на професионалниот развој на едукаторите за стручно образование и обука)

 

На 28 и 29 јуни 2023, во Реус – Шпанија, беше одржан првиот координативен состанок меѓу партнерските организации од проектот EnVET.

Проектот ќе се реализира во периодот од мај 2023 до октомври 2024 година и има за цел да креира сет на алатки кои ќе ги подржат едукаторите од стручно образование обука да развијат релеванти компетенции кои ќе им помогнат да го подигнат квалитетот на наставата.

На состанокот, во детали се анализираа сите проектни активности, потврдена беше распределбата на задачи помеѓу партнерите и формализирано беше партнерството преку потпишување на партнерски договори за соработка.

Проектот ќе се реализира во соработка со партнерски организации од Шпанија и Бугарија.

Галерија:

TRANSNATIONAL MEETINGS

First Transnational EnVET Project Meeting
(Enriching the professional development of VET educators EnVET)

 

On June 28- 29 2023, in Reus – Spain, the first coordination meeting between the partner organizations of the EnVET project was held.

The project will be implemented in May 2023 through October 2024 and tends to development of set of activities which will support VET educators in obtaining a relevant competencies for high quality training.

At the meeting, all project activities were detailly scanned, the distribution of tasks among the partners was confirmed and the partnership was formalized by signing partnership agreements for cooperation.

The project will be implemented in cooperation with partner organizations from Spain and Bulgaria.

Gallery:

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ПРОЕКТИ

2022-10-17T20:14:53+02:00

YOUTH IN THE WORLD

Овој проект имаше за цел едукација на млади лица во насока на следење и користење на можностите креативно користење на ресурсите од нивната околина, превземање претприемачки иницијативи со иновативен пристап во комбинирање на три важни елементи во развојот на младинското претприемништво

2023-02-10T21:37:10+01:00

WINBIZ

Интеграцијата на жените мигранти или жените со незападно потекло во европскиот контекст е суштински чекор кон постигнување на целта за зголемување на стапката на вработеност во ЕУ на 78%, како што се бара во Стратегијата Европа 2030 година. Општо земено, вработувањето на мигрантите може да има силно влијание врз растот и БДП во европски земји, како што покажуваат бројните студии во овој сектор.

2023-10-18T16:17:43+02:00

We Cook-IN

Проектот има за цел да ги интегрира луѓето со мигрантско потекло преку подигнување на нивните готвачки вештини и програми за обука кои се дизајнирани спрема потребите на целната група. Главната цел на проектот е да се промовира социјалната вклученост и да се унапредат луѓето со мигрантско потекло во општествата земјите каде престојуваат преку нивно вклучување на пазарот на трудот во секторот HORECA/Угостителство.

2022-10-17T19:49:24+02:00

THE SKILLS THAT PAY THE BILLS

Проектот “СО ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРА ЗАРАБОТКА”(The skills that pay the bills”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Рагина-Бугарија и ВЕМ -Италија -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+K 102

2022-10-16T20:54:22+02:00

SKILLED COOKS AND WAITERS NETWORK

Проектот “Мрежа на вешти готвачи и келнери ”(Skilled Cooks and Waiters Network”) имплементиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+ КА202 Стратегиски партнерства во стручно образование и обука.

2022-10-16T16:10:09+02:00

Road to Employment

Проектот Пат кон вработување – Развивање нови вештини и знаења за невработените лица имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија – Еразмус+ 2014-2016

2022-10-17T20:12:12+02:00

LEONARDO DA VINCI PROGRAMME

Програмата Леонардо да Винчи им помага на европските граѓани да се здобијат со нови вештини, знаења и квалификации и да ги признаат преку границите со цел да ја подобрат нивната способност за вработување при промена на пазарот на трудот.

2023-08-15T17:09:55+02:00

IQ-DigitS

Засилени од напредокот во комуникациските и транспортните технологии, економиите стануваат се повеќе и повеќе глобализирани. Глобализацијата генерира миграција на работни места и миграција на работна сила.

2022-10-17T20:23:36+02:00

IMPROVEMENT OF EMPLOYMENT POTENTIALS OF WOMEN

Општата цел на овој проект беше да се подобри потенцијалот на жените од специфични етнички заедници на пазарот на трудот и да се поддржи достигнувањето на тој потенцијал преку посредување и обезбедување обуки за вработување/ самовработување. Оваа акција придонесе за зголемена вработливост на невработените жени и следствено на тоа, влијаеше на намалување на стапката на невработеност, особено кај оваа категорија на попоулација.

2022-10-17T17:40:16+02:00

GOOD FOOD IS GOOD MOOD

Проектот “СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ”(Good food is good mood”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+, акција KА202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука .

2022-10-17T20:56:40+02:00

FOSTERING SOCIAL INCLUSION

Главната цел на која придонесе овој проект беше подобрување на вработливоста на жените на пазарот на трудот во Македонија, кои доаѓаат од ранливи групи. Таргетот беше насочен кон следните градови: Скопје -Општина Шуто Оризари со стапка на невработеност од 46%, Куманово со стапка на невработеност од 32%, Тетово со стапка на невработеност од 38% и Штип со стапка на невработеност од 28%. Целта беше подобрување на нивото на економска и социјална интеграција на невработените жени од малцинските етнички заедници, особено ромските, албанските и турските заедници.