Project Description

ERA+60
2022-2023

Целта на проектот е да се развие неформална пилот програма за оспособување на лица од третото животно доба (60+) како да ги користат компјутерите и паметните телефони во секојдневниот живот за комуникација и користење на јавни, социјални и останати услуги.

ERA 60+
2022-2023

The aim of the project is to develop an informal pilot program for training people of the third age (60+) how to use computers and smartphones in everyday life for communication/interaction and use of public, social and other services.

За ЕРА+60

Основи за користење на компјутери и паметни телефони за трето животно доба –ERA+60

Проектот Основи за користење на компјутери и паметни телефони за трето животно доба со скратен назив ERA+60 е едногодишен проект помеѓу ПОУ Обрис од Пожега, Хрватска и Академија ЦЕС од Скопје, РС Македонија, кофинансиран од Еразмус + програмата.

Станува збор за проект во кој двете установи ќе развијат програма и ќе реализираат повеќедневна обука наменета за лица повозрасни од 60 години. Програмата и обуката ќе опфаќаат снаоѓање во оперативниот систем Windows, секојдневно користење и пребарување на интернет, користење на апликации за комуникација, пристап до лична документација, испраќање е-mail-ови, основи за друштвените мрежи и медијските сервиси (Youtube, Facebook) и слично.

Целта на проектот е да се развие неформална пилот програма за оспособување на лица од третото животно доба (60+) како да ги користат компјутерите и паметните телефони во секојдневниот живот за комуникација и користење на јавни, социјални и останати услуги.
Откако ќе се изработи програмата двете организации ПОУ Обрис и Академија ЦЕС ќе извршат пилот едукација  на три групи на возрасни слушатели.
При реализацијата на обуките установите и предавачите во целост ќе ги земат во предвид потребите на целната група, нивните предзнаења, возраст и индивидуални способности и максимално ќе се прилагодат на нивните можности.

Оваа пилот програма која ќе биде производ на двете установи ПОУ Обрис и Академија ЦЕС ќе биде достапна во нивната редовна работа и ќе продолжи да се одржува со нови групи на слушатели. Програмата исто така ќе биде достапна и на други установи и здруженија кои работат со оваа група на слушатели.

Успешноста на спроведените активности ќе се мери и проценува од страна на тимови од двете партнерски организации. Со цел успешно завршување на проектот ќе се земе во предвид личниот напредок на секој слушател според програмата.

Со ова партнерство и двата образовни центри ПОУ Обрис од Пожега, Хрватска и Академија ЦЕС од Скопје, иницираат рамка за долгорочна соработка со цел размена на добри искуства и практики за едукација на возрасни лица.

About ERA 60+

Basics for using computers and smartphones for third age individuals –ERA+60

The project Basics for using computers and smartphones for third age individuals –ERA+60, is a one-year project between POU Obris from Požega, Croatia and CES Academy from Skopje, R.N. Macedonia, co-financed by the Erasmus + program.

Within this project the two partner organizations will develop a program and implement training for third age individuals 60+. This program and training will include navigating the Windows operating system, daily use and searching the Internet, using applications for communication, access to personal documentation, sending e-mails, basics of social networks and media services (Youtube, Facebook) etc.

The aim of the project is to develop an informal pilot program for training people of the third age (60+) how to use computers and smartphones in everyday life for communication/interaction and use of public, social and other services.

After the program is developed, the two organizations POU Obris and Academy CES will pilot the education for three groups of adult learners.

During the implementation of the trainings, institutions and trainers will take into account the needs of the target group, their prior knowledge, age and individual abilities and will adapt the teaching to their needs.

This pilot program designed and developed by the two institutions POU Obris and Academy CES will be used in their regular work. The program will also be available to other institutions and associations that work with this group of listeners.

The quality of the implemented activities will be measured and evaluated by teams from both partner organizations. In order to successfully complete the project, the personal progress according to the program of each learner will be taken into account.

With this partnership, the two educational centers POU Obris from Požega, Croatia and Academy CES from Skopje, initiated a framework for long-term cooperation with the aim of exchanging good experiences and practices for the adult education.

 

ПАРТНЕРИ

Pučko otvoreno učilište Obris
Пожега, Хрватска
www.pou-obris.hr

Pučko otvoreno učilište Obris е установа за образование на возрасни од Хрватска, која е основана во 2006 година и нуди обуки за прекфалификација, едукација и доедукација на возрасни лица.

ПОУ Обрис низ работилници и стручни предавања на слушателите им овозможува нови стручни знаења и потребни информации поврзани со работата и секојдневниот живот. Возрасните слушатели во оваа образовна институција имаат можност завршат основно училиште за возрасни или да се стекнат стручно оспособување и усовршување (во информатика, економија, градежништво, здравство, угостителство и други подрачја).

Оспособувањата и усовршувањата кои ги спроведуваат од 2006 година се одобрени од Министерството за наука, образование и спорт на Р.Хрватска.

Освен формална едукација, ПОУ Обрис спроведува и бројни неформални едукации, работилници и активности за возрасни. Активни се повеќе од 15 години во подрачјето на образование за возрасни и притоа континуирано спроведуваат обуки на повеќе локации: Пожега, Пакрац и Осијек, а од 2021 година и во Липик.
Корисници на нивните програми се возрасни ученици односно ученици над 14 години. како што е дефинирно во Закон за образование на возрасни во Хрватска, кои може да бидат вработени и невработени лица, ‘dropout-и’, NEET лица, пензионири, лица од секторот за ресоцијализација, установи за превоспитување, казнени домови, лица со инвалидитет и слично.

ПОУ Обрис исто така, се активни во спроведување на европски проекти. Во таа насока веќе ги имаат реализирано следните проекти:

  • IPA IV – развој на хуман потенцијал, училиште партнер во проектот „Мрежа на информатички училишта при установите за трајна наобразба во рурални и семиурбани средини“- 2010.
  • IPA IV – развој на хуман потенцијал, училиште партнер во проектот „Секторски едукациски модел“ – 2013
  • Европски социјален фонд – развој на хуман потенцијак, Јакнење на капацитетот на установите за образование на возрасни
  • фаза II, проект „Моја ICT кариера“ – Евроспки социјален фонд, проект ИСКРА

Еразмус +

“EnYouthTeacher. Entrepreneurship in lifelong learning for young people and teachers/trainers” 2014-1-ES1-KA2025-004360, како партнери во проект.

PARTNERS

Pučko otvoreno učilište Obris
Pozega, Croatia
www.pou-obris.hr

Pučko otvoreno učilište Obris is an adult education institution from Croatia, founded in 2006 with main activity- pre-qualification, education and further education of adults.

Through workshops and professional trainings, POU Obris provides with new professional knowledge and necessary information related to work and everyday life. Adult learners in this educational institution have the opportunity to complete primary school for adults or to acquire professional training and education (in informatics, economy, construction, health, catering and other fields).

The trainings and educations approved by the Ministry of Science, Education and Sports of the Republic of Croatia.

Apart from formal education, POU Obris also conducts numerous informal educations, workshops and activities for adults. The organization is active for more than 15 years in the field of adult education and continuously conduct trainings at several locations: Požega, Pakrac and Osijek, and from 2021 in Lipik.

Main beneficiaries of POU Obris educational services are adult learners, ie learners over 14 years old as defined in the Law on Adult Education in Croatia (employed and unemployed), dropouts, NEET persons, pensioners, persons from the resocialization sector, re-education institutions, penal institutions, persons with disabilities etc.

POU Obris are also active in implementing European projects. In that direction, they have already implemented the following projects:

  • IPA IV – development of human potential, partner school in the project “Network of IT schools at institutions for permanent education in rural and semi-urban environments” – 2010.
  • IPA IV – development of human potential, partner school in the “Sectoral Education Model” project – 2013
  • European Social Fund – development of human potential, Strengthening the capacity of adult education institutions
  • phase II, “My ICT career” project – European Social Fund, ISKRA project

Erasmus +

“EnYouthTeacher. Entrepreneurship in lifelong learning for young people and teachers/trainers” 2014-1-ES1-KA2025-004360, as project partners.

ТРАНСНАЦИОНАЛНИ СОСТАНОЦИ

Прв транснационален состанок во рамките на проектот ERA 60+

Во рамките на проектот ERA 60+, на 28.10.2022 година, во Пожега – Хрватска, беше одржан првиот транснационален состанок на партнерите: ПОУ Обрис- Пожега и Академија ЦЕС- Скопје.

На состанокот претставниците на двете организации имаа можност споделат подетални информации за своето работење во делот на образованието на возрасни лица, да ја формализираат соработката во рамките на проектот ERA 60+, и да ги прецизираат активностите за успешна реализација на истиот. Во таа насока прецизирани беа методологијата за изготвување на тренинг програмата во рамките на проектот, таргет групата, роковите и динамиката на реализација и беше усвоен планот за дисеминација на проектните активности.

Во рамките на посетата претставниците на Академија ЦЕС имаа можност да го разгледаат центарот на градот Пожега во придружба на домаќините и туристички водич, како и да ја посетат градската библиотека која претставува локален центар за учење и културен развој на градот.

Во прилог галерија од состанокот.

TRANSACTIONAL MEETINGS

First transnational meeting of the ERA 60+ project

The first transnational meeting of the partners POU Obris – Požega and Academy CES – Skopje in the framework of the ERA 60+ project, was implemented on October 28, 2022, in Požega – Croatia.

At this meeting, the representatives of the two organizations had the opportunity to share more detailed information about their work in the field of adult education, to formalize cooperation within the ERA 60+ project, and to specify all other activities for successful implementation of the project. In this regard, project partners have agreed the methodology for preparation of the project training program, the target groups, the deadlines and the dynamics of project implementation and have adopted the dissemination plan.

During the visit, the representatives of the CES Academy had the opportunity to explore the city center of Požega accompanied by the hosts and a tourist guide, as well as to visit the city library, which represents main learning and cultural center of the city of Pozega.

ПРИЈАВА

„Основи на користење на компјутери и паметни телефони“

ПРИЈАВА ЗА БЕСПЛАТНА ОБУКА

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ПРОЕКТИ

2022-10-17T20:14:53+02:00

YOUTH IN THE WORLD

Овој проект имаше за цел едукација на млади лица во насока на следење и користење на можностите креативно користење на ресурсите од нивната околина, превземање претприемачки иницијативи со иновативен пристап во комбинирање на три важни елементи во развојот на младинското претприемништво

2022-12-30T13:08:54+01:00

WINBIZ

Интеграцијата на жените мигранти или жените со незападно потекло во европскиот контекст е суштински чекор кон постигнување на целта за зголемување на стапката на вработеност во ЕУ на 78%, како што се бара во Стратегијата Европа 2030 година. Општо земено, вработувањето на мигрантите може да има силно влијание врз растот и БДП во европски земји, како што покажуваат бројните студии во овој сектор.

2022-10-17T19:49:24+02:00

THE SKILLS THAT PAY THE BILLS

Проектот “СО ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРА ЗАРАБОТКА”(The skills that pay the bills”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Рагина-Бугарија и ВЕМ -Италија -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+K 102

2022-10-16T20:54:22+02:00

SKILLED COOKS AND WAITERS NETWORK

Проектот “Мрежа на вешти готвачи и келнери ”(Skilled Cooks and Waiters Network”) имплементиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+ КА202 Стратегиски партнерства во стручно образование и обука.

2022-10-16T16:10:09+02:00

Road to Employment

Проектот Пат кон вработување – Развивање нови вештини и знаења за невработените лица имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија – Еразмус+ 2014-2016

2022-10-17T20:12:12+02:00

LEONARDO DA VINCI PROGRAMME

Програмата Леонардо да Винчи им помага на европските граѓани да се здобијат со нови вештини, знаења и квалификации и да ги признаат преку границите со цел да ја подобрат нивната способност за вработување при промена на пазарот на трудот.

2023-01-18T17:40:34+01:00

IQ-DigitS

Засилени од напредокот во комуникациските и транспортните технологии, економиите стануваат се повеќе и повеќе глобализирани. Глобализацијата генерира миграција на работни места и миграција на работна сила.

2022-10-17T20:23:36+02:00

IMPROVEMENT OF EMPLOYMENT POTENTIALS OF WOMEN

Општата цел на овој проект беше да се подобри потенцијалот на жените од специфични етнички заедници на пазарот на трудот и да се поддржи достигнувањето на тој потенцијал преку посредување и обезбедување обуки за вработување/ самовработување. Оваа акција придонесе за зголемена вработливост на невработените жени и следствено на тоа, влијаеше на намалување на стапката на невработеност, особено кај оваа категорија на попоулација.

2022-10-17T17:40:16+02:00

GOOD FOOD IS GOOD MOOD

Проектот “СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ”(Good food is good mood”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+, акција KА202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука .

2022-10-17T20:56:40+02:00

FOSTERING SOCIAL INCLUSION

Главната цел на која придонесе овој проект беше подобрување на вработливоста на жените на пазарот на трудот во Македонија, кои доаѓаат од ранливи групи. Таргетот беше насочен кон следните градови: Скопје -Општина Шуто Оризари со стапка на невработеност од 46%, Куманово со стапка на невработеност од 32%, Тетово со стапка на невработеност од 38% и Штип со стапка на невработеност од 28%. Целта беше подобрување на нивото на економска и социјална интеграција на невработените жени од малцинските етнички заедници, особено ромските, албанските и турските заедници.

2022-10-17T20:08:02+02:00

FAMILY LITTERACY WORKS

Проектот “Семејната писменост функционира!” е имплементиран од страна на Asociatia Learn&Vision-Романија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Романија – Еразмус+ 2016-2019, во партнерство со Mestna knjiznica Kranj-Словенија, Biblioteca Јudeteana Оctavian Goga-Романија, EVROCENTAR OBUCHENIE I PARTNYORSTVO 21 VEK-Бугарија, Agrupamento de Escolas Trigal de Santa Maria-Португалија и Академија Ц.Е.С.-Македонија.