ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Светот се врти околу парите, сите сигурно ја чуле таа изрека. Сигурно и многу пати во животот се увериле дека има голема вистина во исказот. Но, прашање е колку сме ние подготвени паметно да управуваме со парите. Заблуда е дека сите проблеми секогаш ќе се решат само ако најдеме начин да заработиме малку повеќе. Ви се случило ли некогаш да ви порасне заработувачката, а вие да не почуствувате никаква разлика дека тоа навистина се случило? Не секогаш поголемите приходи, значат и подобрување на квалитетот на живеење. Треба да знаете оптимално да управувате се својот буџет, за да бидете во можност да задоволите што е можно повеќе свои потреби.

Правите ли разлика меѓу термините уплата и наплата? Ви се случило ли да отидете во банка и да не знаете кој е вистинскиот образец, кој што ви е потребен реализирате некакво плаќање? Знаете ли да процените кој кредит од сите понуди на банките е најсоодветен за вашата потреба, соодветно на вашата економска состојба? Сигурни ли сте дека купувањето на рати, секогаш е најдобра опција?

Доколку процените дека ви е потребна поддршка, да ги пронајдете одговорите на сите овие прашања, тогаш обуката за финансиска писменост е дизајнирана за да ви помогне да дојдете до вистинските одговори.

Во оваа обука, слушателите ќе се запознаат со следните содржини:

  • Основни финансиски поими
  • Планирање на лични приходи
  • Планирање на лични расходи
  • Поставување на финансиски цели (краткорочни и долгорчни)
  • Форми и начини на плаќања
  • Депозити и кредити
  • Електронско банкарство

После посетувањето на овие обука, вие ќе ги разликувате основните финансиски поими, ќе можете да ги оптимизирате расходите, ќе можете да ја координирате динамиката на приходи и расходи и во крајна линија ќе бидете подготвени паметно да управувате со своите средства.

FINANCIAL LITERACY

Money runs the world! Surely many times in live, we have witnessed that there is great truth in the saying, and the most important question is: do we know how to manage money wisely? Often, we think that if we only find a way to earn a little more, that all problems will disappear. But have you ever had situations, when your earnings really rised and you weren’t able to feel any difference that it really happened? Higher incomes do not always mean better quality of life. You need to know how to manage your budget optimally, in order to be able to respond to your needs as better as possible.

Do you recognize differences between some financial terms? Have you ever been to a bank and did not know what you need to make a transaction? Do you know which loan from all the offers of the banks is the most suitable for your, according to your economic situation? Are you sure that buying in installments is always the best option?

If you think you need support to find the answers to all these questions, then training for financial literacy is designed to help you find the right answers.

In this training, the learners will be introduced to the following contents:

  • Basic financial concepts
  • Personal income planning
  • Personal expenditure planning
  • Setting financial goals (short-term and long-term)
  • Forms and methods of payments
  • Deposits and loans
  • Electronic banking

After attending these trainings, you will be able to distinguish the basic financial concepts, you will be able to optimize expenditures, you will be able to coordinate the dynamics of revenues and expenditures and you will ultimately be ready to manage your assets wisely.

Ви благодариме за интересот! Во моментов, пријавувањата се завршени. Ве охрабруваме да ја посетите нашата веб-страница повторно и следете нè на социјалните мрежи за да останете информирани кога ќе се отворат апликациите. Ви благодариме!

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2023-08-21T18:49:23+02:00

ОБУКИ ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Обуки од ваков тип овозможуваат, стекнување на вештини, преку кои на најдобар можен начин ги идентификувате своите слаби и јаки страни, да ги истекнете предностите, но и слабите страни да ги претворите во предности.

2023-08-21T17:58:52+02:00

ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Светот се врти околу парите, сите сигурно ја чуле таа изрека. Сигурно и многу пати во животот се увериле дека има голема вистина во исказот. Но, прашање е колку сме ние подготвени паметно да управуваме со парите.

2023-08-22T17:28:39+02:00

Обука за Службеник во сметководство

Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето.

2023-08-21T18:09:24+02:00

ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ

Многумина сонуваат да имаат свој бизнис, да бидат менаџери на сопствениот бизнис и успешно да градат своја кариера. Зад секој успешен бизнис стои некој, кој што имал добра идеја, желба за успех и упорност, но пред се посветеност и храброст таа идеја да ја реализира до крај.

2023-08-22T17:26:19+02:00

Обука за деловен асистент

Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски.

2023-08-21T18:49:55+02:00

ОБУКА ЗА ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Да се најде добра работа во денешно време, навистина е предизвик. Не само што треба да ги поседувате вистинските квалификации и вештини, туку многу е важно и како ќе се претставите пред работодавачите. Или уште поголем предизвик може да претставува, како да дојдете до информација за вистинската понуда на работни места.