Project Description

Многумина сонуваат да имаат свој бизнис, да бидат менаџери на сопствениот бизнис и успешно да градат своја кариера.  Зад секој успешен бизнис стои некој, кој што имал добра идеја, желба за успех и упорност, но пред се посветеност и храброст таа идеја да ја реализира до крај.

За да се посветите и охрабрите до крај да ја реализирате својата идеја, треба да бидете наоружани со знаење. Кога имате сите потребни информации полесно е да се изгради и самодоверба. Се повеќе сме свесни дека не сите успешни сопственици на бизниси биле најпаметни или најбогати, но факт е дека биле подготвени во вистинско време на вистински начин да донесат храбра одлука и да започнат свој бизнис.

Програмата за претприемништво е наменета, токму за оние кои што имаат иницијатива и желба да започнат свој бизнис, но немаат доволно информации од каде и како да започнат. Како да проценат дали нивната идеја е одржлива? Како да направат проценка на потребните ресурси? Како да направат проценка на очекуваните ефекти? Сето тоа е интегрирано во наставната програма за претприемништво. Програмата содржи три модули, во кои се обработени следните содржини:

Првиот модул се однесува на претприемништвото и претприемачкиот процес. Во овој интегрирани се содржини за: претприемништво и претприемачки процес, развивање на бизнис идеја, развивање бизнис модел, менаџирање со компанија и сл.

Вториот модул се однесува на бизнис аспекти на претприемништвото од каде учесниците ќе можат да ги научат основните поими и категории на бизнисот. Тоа ќе им помогне полесно да ја осознааат економската позадина на претприемништвото и да направат економска проценка за потенцијалниот бизнис модел и конкретна бизнис идеја. Овој модул е содржи основни информации за: компанија и форми на компании, капитал и извори на капитал, трошоци и маркетинг.

Третиот модул се однесува на „Изработка на бизнис план“. Во овој модул, учесниците во поддршка со обучувачите практично изготвуваат бизнис план на сопствена бизнис идеја.

Оваа обука е верификувана во Центарот за образование на возрасни и по завршување на обуката, сите слушатели кои успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат и со дополнителен државен сертификат.

Many of us dream to have own business, to be own manager of and to build a successful career. Behind every successful business is someone who had a good idea, a strive for success, and above all commitment and courage to implement the idea to its realization.

To be fully committed and to have courage to implement your idea, first you have to be armed with knowledge. If you have all information, it is easier to have self-confidence. Often we are aware that not all successful business owners are the smartest or richest, but the fact is that they were prepared at the right time in the right way to make a bold decision and start their own business.

This curricula for entrepreneurship is intended for those who have the initiative and desire to start their own business, but do not have enough information where and how to start.  Often we have questions, such as: How to assess whether the idea is sustainable? How to estimate the required resources? How to assess the expected effects? All of this is integrated into the entrepreneurship curriculum. The program contains three modules:

The first module it’s about entrepreneurship and the entrepreneurial process. This content includes: entrepreneurship and entrepreneurial process, developing a business idea, developing a business model, managing a company, etc.

The second module addresses the business aspects of entrepreneurship and participants will be able to learn the basic concepts and categories of business. This will help them to better understand the economic background of entrepreneurship and make an economic assessment of the potential business model and concrete business idea. This module contains basic information about: company and forms of companies, capital and sources of capital, costs and marketing.

The third module refers to “Preparation of a business plan”. In this module, the participants, with trainers support practically will prepare a business plan.

This training curricula is verified in the Center for Adult Education and after completing the training, all learners who will successfully complete the training will receive an additional state certificate.

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2021-03-21T00:25:09+00:00

ОБУКИ ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Обуки од ваков тип овозможуваат, стекнување на вештини, преку кои на најдобар можен начин ги идентификувате своите слаби и јаки страни, да ги истекнете предностите, но и слабите страни да ги претворите во предности.

2021-03-21T00:21:14+00:00

ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Светот се врти околу парите, сите сигурно ја чуле таа изрека. Сигурно и многу пати во животот се увериле дека има голема вистина во исказот. Но, прашање е колку сме ние подготвени паметно да управуваме со парите.

2021-01-28T13:35:02+00:00

Обука за Службеник во сметководство

Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето.

2021-03-20T23:54:19+00:00

ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ

Многумина сонуваат да имаат свој бизнис, да бидат менаџери на сопствениот бизнис и успешно да градат своја кариера. Зад секој успешен бизнис стои некој, кој што имал добра идеја, желба за успех и упорност, но пред се посветеност и храброст таа идеја да ја реализира до крај.

2021-01-12T00:02:24+00:00

Обука за деловен асистент

Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски.

2021-03-21T00:21:22+00:00

ОБУКА ЗА ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Да се најде добра работа во денешно време, навистина е предизвик. Не само што треба да ги поседувате вистинските квалификации и вештини, туку многу е важно и како ќе се претставите пред работодавачите. Или уште поголем предизвик може да претставува, како да дојдете до информација за вистинската понуда на работни места.