Биро за развој на образованието

  • Решение за акредитирање на програма и инситуција за услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот и раководниот кадар во средните училишта во Република Македонија на тема: Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност”
  • Решение за акредитирање на програма и инситуција за услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот и раководниот кадар во средните училишта во Република Македонија на тема: Имплементација на содржини за иновации и претприемништво во курикулумот за средно образование во Република Македонија”
  • Решение за акредитирање на програма и инситуција за услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во средните училишта во Република Македонија на тема: “Настава и учење во 21 век, создавање иновативни училишта, подготвување на учениците за 21 век
  • Решение за акредитирање на програма и инситуција за услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во средните училишта во Република Македонија на тема: „Современи концепции на средно образование – новата улога на наставникот и новите стратегии за поучување и учење“.

Модернизација во основното образование
– усовршување на наставниците од основните училишта

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ОПШТИНА КАРПОШ

ГРЦИЈА / GREECE

ГРЦИЈА / GREECE

ГРЦИЈА / GREECE

БУГАРИЈА / BULGARIA

БУГАРИЈА / BULGARIA

БУГАРИЈА / BULGARIA

МАКЕДОНИЈА / MACEDONIA

МАКЕДОНИЈА / MACEDONIA

МАКЕДОНИЈА / MACEDONIA

ЕКО-ТЕКС во соработка со Академија ЦЕС организираше серија обуки во градовите Скопје, Центар Жупа, Куманово и Битола за важноста за правилното управување и постапување до текстилниот отпад под мотото “ да бидеме одговорни денес за подобра иднина утре”

1.Обука на тема : Да бидеме одговорни денес за подобра иднина утре

(16 февруари 2024г. Скопје)

Со едукативна работилница под мотото “Да бидеме одговорни денес за подобра иднина утре”, ЕКО-ТЕКС во соработка со Академија ЦЕС организираше обука за свеста за управување со текстилен отпад.

На оваа обука учествуваа  наставници од повеќе училишта кои активно учествуваа во активностите за зачувување на природата и неопходноста од правилно управување со текстилниот отпад.

Програма за Обука:

Ден 1: Вовед и Основи

  • 09:00-09:30: Регистрација и добредојде
  • 09:30-10:30: Вовед во управувањето со отпад и значењето на текстилниот отпад
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Преглед на текстилната индустрија и влијанието на отпадот врз животната средина
  • 13:30-15:00: Основи на циркуларна економија применети на текстилниот отпад
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања
  • 15:30-16:00: Работилница: Идентификација на главните предизвици и можности

  

Ден 2: Стратегии и Методи

  • 09:00-09:30: Добредојде и резиме на претходниот ден
  • 09:30-10:30: Стратегии за намалување и рециклирање на текстилниот отпад
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Одржливи текстилни материјали и нивните предности
  • 13:30-15:00: Напредни технологии и иновации во справувањето со текстилен отпад
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања
  • 15:30-16:00: Практична сесија: Развој на одржливи текстилни производи

Ден 3: Примена и Управување

  • 09:00-09:30: Добредојде и резиме на претходниот ден
  • 09:30-10:30: Успешни примери на компании со одржливи практики
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Креирање на план за управување со текстилен отпад
  • 13:30-15:00: Имплементација на одржливи практики во вашиот бизнис
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања

Оваа програма е дизајнирана да го покрие секој аспект од управувањето со текстилен отпад и да обезбеди практични алатки и знаења кои веднаш може да се применат.

На обуката, учесниците, наставниците и сите посетители имаа можност да се информираат за опасностите од текстилниот отпад и можностите кои произлегуваат од успешно управување со истиот.

Тие дознаа како текстилниот отпад може да се рециклира и преработи во нови продукти, намалувајќи ја потребата за нови суровини и заштедувајќи енергија. Учесниците имаа можност и да учествуваат на еко трка и да увидат дека рециклирањето и повторната употреба на текстилот може да биде забавно и корисно.

ЕКО-ТЕКС  ќе продолжи со организирање на обуки од ваков тип како и информирање на граѓаните и подигнување на јавната свест за значењето на текстилниот отпад и потребата од примарна селекција и заштита на животната средина.

2.Обука на тема : Како правилно да се справиме со текстилниот отпад

(19.04.2024г. во Центар Жупа)

Со едукативна работилница под мотото “Како правилно да се справиме со текстилниот отпад”, ЕКО-ТЕКС во соработка со Академија ЦЕС организираше обука за свеста за управување со текстилен отпад.

На оваа обука учествуваа  претставници од училишта, невладини организации и физички лица кои активно учествуваа во активностите за зачувување на природата и неопходноста од правилно управување со текстилниот отпад.

Програма за Обука:

Ден 1: Вовед и Основи

  • 09:00-09:30: Регистрација и добредојде
  • 09:30-10:30: Вовед во управувањето со отпад и значењето на текстилниот отпад
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Преглед на текстилната индустрија и влијанието на отпадот врз животната средина
  • 13:30-15:00: Основи на циркуларна економија применети на текстилниот отпад
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања
  • 15:30-16:00: Работилница: Идентификација на главните предизвици и можности

Ден 2: Стратегии и Методи

  • 09:00-09:30: Добредојде и резиме на претходниот ден
  • 09:30-10:30: Стратегии за намалување и рециклирање на текстилниот отпад
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Одржливи текстилни материјали и нивните предности
  • 13:30-15:00: Напредни технологии и иновации во справувањето со текстилен отпад
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања
  • 15:30-16:00: Практична сесија: Развој на одржливи текстилни производи

 

Ден 3: Примена и Управување

  • 09:00-09:30: Добредојде и резиме на претходниот ден
  • 09:30-10:30: Успешни примери на компании со одржливи практики
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Креирање на план за управување со текстилен отпад
  • 13:30-15:00: Имплементација на одржливи практики во вашиот бизнис
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања

Оваа програма е дизајнирана да го покрие секој аспект од управувањето со текстилен отпад и да обезбеди практични алатки и знаења кои веднаш може да се применат.

На обуката, учесниците, наставниците и сите посетители имаа можност да се информираат за опасностите од текстилниот отпад и можностите кои произлегуваат од успешно управување со истиот.

Тие дознаа како текстилниот отпад може да се рециклира и преработи во нови продукти, намалувајќи ја потребата за нови суровини и заштедувајќи енергија. Учесниците имаа можност и да учествуваат на еко трка и да увидат дека рециклирањето и повторната употреба на текстилот може да биде забавно и корисно.

ЕКО-ТЕКС  ќе продолжи со организирање на обуки од ваков тип како и информирање на граѓаните и подигнување на јавната свест за значењето на текстилниот отпад и потребата од примарна селекција и заштита на животната средина.

3.Обука на тема : ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ СО ТЕКСТИЛЕН ОТПАД

(05.05.2024 – Куманово)

Со едукативна работилница под мотото “Како правилно да се справиме со текстилниот отпад”, ЕКО-ТЕКС во соработка со Академија ЦЕС организираше обука за свеста за управување со текстилен отпад.

На оваа обука учествуваа  претставници од училишта, невладини организации ученици кои активно учествуваа во активностите за зачувување на природата и неопходноста од правилно управување со текстилниот отпад.

Програма за Обука: Управување и Справување со Текстилен Отпад

Ден 1: Вовед и Основи

  • 09:00-09:30: Регистрација и добредојде
  • 09:30-10:30: Вовед во управувањето со отпад и значењето на текстилниот отпад
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Преглед на текстилната индустрија и влијанието на отпадот врз животната средина
  • 13:30-15:00: Основи на циркуларна економија применети на текстилниот отпад
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања
  • 15:30-16:00: Работилница: Идентификација на главните предизвици и можности

Ден 2: Стратегии и Методи

  • 09:00-09:30: Добредојде и резиме на претходниот ден
  • 09:30-10:30: Стратегии за намалување и рециклирање на текстилниот отпад
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Одржливи текстилни материјали и нивните предности
  • 13:30-15:00: Напредни технологии и иновации во справувањето со текстилен отпад
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања
  • 15:30-16:00: Практична сесија: Развој на одржливи текстилни производи

Ден 3: Примена и Управување

  • 09:00-09:30: Добредојде и резиме на претходниот ден
  • 09:30-10:30: Успешни примери на компании со одржливи практики
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Креирање на план за управување со текстилен отпад
  • 13:30-15:00: Имплементација на одржливи практики во вашиот бизнис
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања

Оваа програма е дизајнирана да го покрие секој аспект од управувањето со текстилен отпад и да обезбеди практични алатки и знаења кои веднаш може да се применат.

На обуката, сите посетители имаа можност да се информираат за опасностите од текстилниот отпад и можностите кои произлегуваат од успешно управување со истиот.

Тие дознаа како текстилниот отпад може да се рециклира и преработи во нови продукти, намалувајќи ја потребата за нови суровини и заштедувајќи енергија. Учесниците имаа можност и да учествуваат на еко трка и да увидат дека рециклирањето и повторната употреба на текстилот може да биде забавно и корисно.

ЕКО-ТЕКС  ќе продолжи со организирање на обуки од ваков тип како и информирање на граѓаните и подигнување на јавната свест за значењето на текстилниот отпад и потребата од примарна селекција и заштита на животната средина.

4.Обука на тема : Како до почиста околина, правилно справување и постапување со текстилниот отпад

(7.06 2024г. – Битола)

Со едукативна работилница под мотото “Како до почиста околина, правилно справување и постапување со текстилниот отпад”, ЕКО-ТЕКС во соработка со Академија ЦЕС организираше обука за свеста за управување со текстилен отпад.

На оваа обука учествуваа  претставници од училишта, невладини организации физички лица кои работат со текстил и сите  кои активно учествуваа во активностите за зачувување на природата и неопходноста од правилно управување со текстилниот отпад.

 

Програма за Обука: Управување и Справување со Текстилен Отпад

Ден 1: Вовед и Основи

  • 09:00-09:30: Регистрација и добредојде
  • 09:30-10:30: Вовед во управувањето со отпад и значењето на текстилниот отпад
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Преглед на текстилната индустрија и влијанието на отпадот врз животната средина
  • 13:30-15:00: Основи на циркуларна економија применети на текстилниот отпад
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања
  • 15:30-16:00: Работилница: Идентификација на главните предизвици и можности

Ден 2: Стратегии и Методи

  • 09:00-09:30: Добредојде и резиме на претходниот ден
  • 09:30-10:30: Стратегии за намалување и рециклирање на текстилниот отпад
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Одржливи текстилни материјали и нивните предности
  • 13:30-15:00: Напредни технологии и иновации во справувањето со текстилен отпад
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања
  • 15:30-16:00: Практична сесија: Развој на одржливи текстилни производи

Ден 3: Примена и Управување

  • 09:00-09:30: Добредојде и резиме на претходниот ден
  • 09:30-10:30: Успешни примери на компании со одржливи практики
  • 10:30-11:00: Паузa за кафе
  • 11:00-12:30: Креирање на план за управување со текстилен отпад
  • 13:30-15:00: Имплементација на одржливи практики во вашиот бизнис
  • 15:00-15:30: Дискусија и прашања

Оваа програма е дизајнирана да го покрие секој аспект од управувањето со текстилен отпад и да обезбеди практични алатки и знаења кои веднаш може да се применат.

На обуката, учесниците, наставниците и сите посетители имаа можност да се информираат за опасностите од текстилниот отпад и можностите кои произлегуваат од успешно управување со истиот.

Тие дознаа како текстилниот отпад може да се рециклира и преработи во нови продукти, намалувајќи ја потребата за нови суровини и заштедувајќи енергија. Учесниците имаа можност и да учествуваат на еко трка и да увидат дека рециклирањето и повторната употреба на текстилот може да биде забавно и корисно.

ЕКО-ТЕКС  ќе продолжи со организирање на обуки од ваков тип како и информирање на граѓаните и подигнување на јавната свест за значењето на текстилниот отпад и потребата од примарна селекција и заштита на животната средина.

“ЗАПОЗНАЈ СЕ СО СУПЕРХЕРОЈ НУЛА”

Во свет каде што еколошките предизвици стануваат сè поизразени, особено во урбаните средини, управувањето со отпадот – и тоа не само со класичниот комунален отпад, туку и со текстилниот – станува суштинско прашање. Текстилниот отпад претставува растечки проблем, а неговото непланско и несоодветно отстранување директно влијае врз квалитетот на воздухот, почвата и водата. За да обезбедиме почиста околина и поздрава иднина, неопходна е јавна едукација, ангажирање на најмладите и градење свест уште од рана возраст.

Токму затоа, Нула Отпад преку иновативни и креативни активности реализирани во образовни институции низ целата земја, активно работи на подигнување на јавната свест и градење на еколошка култура. Преку едукативни работилници, мултимедијални сликовници, детски каравани и интерактивни игри, се поттикнува љубовта кон природата, разбирањето за важноста на селекцијата и реупотребата, како и ангажманот за заштита на околината.

Акцентот е ставен на вклучување на децата како активни чинители и идни лидери на еколошките промени. Тие преку својот ентузијазам и креативност, учат дека и најмалите акции – како правилно одложување на батерии, носење платнени торби или реупотреба на стар текстил – можат да направат голема разлика. Со тоа, не само што се промовира одржливо живеење, туку се поставуваат и темелите на нова, одговорна генерација.

Бидејќи природата не ни е дадена засекогаш, туку е заедничка одговорност, да бидеме дел од решението. Да бидеме одговорни денес – за подобра иднина утре. Да научиме како правилно да се справиме со текстилниот отпад и да ја изградиме нашата заедница како пример за еколошка грижа и одржлив развој.

1. ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ООУ ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ ОПШТИНА АЕРОДРОМ

(март  2022г. – Аеродром, Скопје)

радиме генерации кои во иднина ќе знаат и умеат како да ја зачуваат и заштитат животната средина.
Нула Отпад во “ООУ Лазо Ангеловски” – општина Аеродром, со промоција на детска сликовница „Суперхерој Нула“, поставување на еко корнер во училиштето со садови за рециклирање и едукативно-информативни постери, индивидуален сад за селекција на отпадни батерии за секое дете за дома и колоритни тетратки со ликот на Суперхеројот, игра еко меморија и задоволни и среќни деца.

Јас не можам да направам сé што ѝе потребно на планетата Земја, но на планетата Земја ѝ е потребно сѐ што можам да направам јас.
Да почнеме од себе – и потоа заедно!

2. “КАРАВАНОТ СУПЕРХЕРОИ” ПАТУВА ВО ООУ “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ОХРИД

(мај  2022г. – Охрид)

Секое дете е главен јунак во својата приказна. А животната средина е неизоставен дел од сечија приказна. Во каков свет сакаме да живееме и како да го заштитиме?

Караванот на “Супер херои” продолжува и во Општина Охрид во ООУ “Григор Прличев”.

Креираме иднина со знаење и моќ за подобар и почист свет за нас и наредните генерации.

Училишните еколошки проекти даваат големи можности за остварување на целите на воспитувањето и образованието за животна средина. Училиштата по нив стануваат препознатливи за јавноста и го градат својот имиџ. Со овие проекти се поттикнува заедништво меѓу учениците, наставниците, воспитувачите, родителите и локалната заедница, со што се придонесува за демократизација на односите и подобрување на комуникацијата во училиштата и градинките.

Тоа што Нула Отпад го реализира како промоција на екологија во предучилишното и основното образование е навидум мала интервенција, но е голем влог во заедниците и иднината.

Поставена инфраструктура од садови за батерии во централното и подрачното училиште во населба Рача, реализирана е едукација во одделенска настава со промоција на детската сликовница „Суперхерој Нула“, со индивидуални садови за батерии за секое дете за дома.

3. “КАРАВАНОТ СУПЕРХЕРОИ” ПРОДОЛЖУВА ВО ООУ “ДРАГА СТОЈАНОВСКА” СОПИШТЕ

(мај  2022г. – Скопје)

Едукациите, кои Нула Отпад ги реализира, сé повеќе стануваат неопходни како резултат на големиот број нарушувања предизвикани од човекот врз планетата Земја. Брзиот начин на живот и развојот на технологијата предизвикаа човекот сé понесовесно да се однесува кон својата околина и да заборави на одредени важни фактори кои придонесуваат за поздрав живот и поздрава животна средина.

Воспитувањето и образованието за околината и одржливиот развој претставува интерес на пошироката општествена заедница, а неговите цели се усвојување знаења, обликување позитивни ставови и модели на однесување, како и оспособување за одговорно донесување одлуки.

Формирање индивидуи со изградени еколошки ставови и култура од најмала возраст води кон унапредување на животната средина и општеството во целина.

Краткорочни решенија и резултати нема во ова што ние го работиме. Активностите во училиштата и градинките ги спроведуваме континуирано од самите наши почетоци и така ќе продолжиме.

Со цел да се вклучат децата во едукација за еколошка свест, и да се одржат ангажирани, важно е да бидеме сигурни дека едукативните активности им се забавни за учество. Успехот е неминовен доколку допрете во активности што природно ги привлекуваат децата, како што е истражување, експериментирање, добра приказна со привлечна илустрација, активности својствени на детскиот развој на интерес за светот околу нив.

Во овие едукативни работилници на “супер херои“, ќе ја разбудиме вистинската моќ на малите – големи луѓе, нивната креативност, фантазија и нивната замисла за поубав и почист свет.

Поставена инфраструктура од садови за отпадни батерии во секое училиште, едукативни постери, сликовница Суперхерој Нула и мали садови за батерии за секое дете за дома.

Најголеми резултати за добивање на поинаква слика на нашето општество кога станува збор за селекција и рециклирање на опасниот отпад се постигнува преку креирање на таканаречени нови генерации, еколошки освестени и полни со знаење за начините на заштита и унапредување на животната средина.

4. “КАРАВАНОТ СУПЕРХЕРОИ” ПРОДОЛЖУВА ВО ООУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” СВЕТИ НИКОЛЕ

(мај  2022г. – Свети Николе)

Едукативната и образовната вредност на природата тешко може да се прецени. Улогата на природата во воспитувањето и образованието на децата од најрана возраст е особено голема.
Развивањето на љубов кон природата, вештините за грижа за неа, грижата за живите суштества не предизвикува само когнитивен интерес, туку исто така придонесува за формирање на карактерни црти кај децата, како што се патриотизам, напорна работа, хуманост, почитување на работата на возрасните, заштита и природни извори.
Суперхеројот Нула е пресреќен што многу прекрасни деца се приклучија во неговата мисија за заштита на животната средина од опасниот отпад.
Уште една одлична едукативна дружба со учениците од ООУ Гоце Делчев од Свети Николе и посветениот наставен кадар од централното и подрачното училиште од с. Горубинци.

Поставени садови за отпадни батерии во двете училишта, мали индивидуални садови за батерии за дома за секое дете и секако сликовницата “Суперхерој Нула” како задолжено четиво во секој дом и училиница.

Посебно изненадување за децата – илустрирани тетратки со ликот на суперхеројот со еколошки пораки и еко стикери.
Убава енергија надополнета со знаење и желба заеднички да создадеме поубав свет за сите нас.

5. “КАРАВАНОТ СУПЕРХЕРОИ” ПРОДОЛЖУВА ВО ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ ОПШТИНА АЕРОДРОМ

(јуни 2022г. – Скопје)

Како мисли и како постапува еден поединец, зависи каква личност оформил уште од детството. Семејното воспитување и стекнатото образование се главните насоки како една личност ќе созрева, па оттаму и какви ставови, мислења и постапки ќе има кон сѐ што го опкружува, пред сѐ кон зачувувањето на природната околина во која живее.

Од тие причини Нула Отпад инвестира во градење на генерации кои ќе знаат и умеат како да го зачуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме.

Сметаме дека доколку еколошката едукација е педагошки и дидактички осмислена и насочена, без разлика дали станува збор за формално или неформално образование, во тој случај неминовно дава резултат во вид на општествено посакувано однесување кое понатаму прераснува во навика и стил на живеење.

Генерално преку едукација на децата се обидуваме да внесеме еко култура во секој дом, со правилен пристап и соработка на родителите и наставниците, резултатите не изостануваат туку напротив се доста импресивни и мотивирачки делуваат на нашите идни заложби во тој домен.

Сликовницата Суперхерој Нулa достапна и за третооделенците од ОУ Блаже Конески. Поделени и индивидуални садови за батерии за секое дете за дома.

6. ЕКО БУБАМАРКИ” ВО ЈУДГ БУБАМАРА ВО НАСЕЛБА АЕРОДРОМ

(јуни 2022г. – Скопје)

Едукативните работилници Нула Отпад ги организира во соработка со општините и воспитно-образовните институции и ги опфаќа децата на предучилишна и училишна возраст.
При самите едукации се почитуваат стандардите за рано учење и развој кај предучилишните деца.
Мултимедијален пристап во изучување на нова содржина, презентација на дигитална сликовница, дизајн и производ на Нула Отпад, дидактички осмислена преку мултимедијалните елементи: текст, цртеж, слики, подвижни слики, анимации и нараторски говор, прилагодена на специфичностите и особеностите на предучилишниот период кај децата.

Благодарение на ваквиот пристап, преку симулација на ситуации кои им се блиски на децата, кај нив се создава чувство дека можат да ја разберат, да соработуваат со околината која ги опкружува и да ги контролираат настаните во неа. На тој начин создаваме трајни знаења кои понатаму прераснуваат во здрави навики и примерно однесување кон животната средина и живиот свет во неа.

По повод Светскиот ден на животната средина, кој е најзначајниот ден за поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина, се дружевме со прекрасните деца од градинката Буба Мара од Општина Аеродром.

Низа интересни активности за да научиме како треба да постапуваме со опасниот отпад и како да ги одржиме почвата, водата и воздухот чисти, како и промоција на детската сликовница “Суперхерој Нула”.

7. ЕКО ХЕРОИ ВО ООУ “НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ” ГАЗИ БАБА

(септември 2022г. – Скопје)

Јас не можам да направам сѐ што ѝ е потребно на планетата Земја, но на планетата Земја ѝ е потребно сѐ што можам да направам јас” – од овие зборови тргнавме на нашето едукативно дружење со учениците од ООУ Наум Наумовски Борче од Скопје.

Да не заборавиме дека со мали промени во нашите навики правиме голема промена за животната средина, која ни припаѓа на сите нас, но и на генерациите по нас.

Да користиме Еко Линија 070 236 000 за правилно и бесплатно одлагање на електронскиот отпад од нашите домови/компании и да бидеме иницијатори на еколошки движења во нашата поблиска средина.

8. ЕКО ХЕРОИ ОД ПООУ ДРАГА СТОЈАНОВСКА ОД ДОЛНО СОЊЕ

(септември 2022г. – Скопје)

Посветено продолжуваме со еколошката едукација како траен влог во иднината кој ќе најави една смена на генерации кои ќе знаат и умеат како да ја зачуваат и унапредат животната средина.

Денес се дружевме со прекрасните дечиња од ПООУ Драга Стојановска од Долно Соње и посветените наставници кои несебично се залагаат за доближување на овие значајни теми до секое дете.

Да ги одржиме воздухот, водата и почвата чисти.
Од нив зависиме сите!

9. ЕКО ХЕРОИ ВО ООУ “БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ” АЕРОДРОМ

(септември 2022г. – Скопје)

Заедно креираме визија за подобар и почист свет, увидувајќи што за него можат да направат децата и возрасните.
”Караванот на Супер Херои” создава еко херои меѓу децата кои во иднина ќе знаат како да ја сочуваат и унапредат животната средина.

Денешните еко херои се учениците од ООУ Браќа Миладиновци од општина Аеродром.

10. СУПЕРХЕРОЈ НУЛА ПОМОШНИЦИ ОД ООУ “ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ” ОПШТИНА АЕРОДРОМ

(октомври 2022г. – Скопје)

Суперхеројот Нула од денес има свои помошници, а тоа се третодделенците од ООУ Димитар Македонски од општина Аеродром.

Научивме дека на Суперхеројот Нула му е потребна целата помош која може да ја добие за да ги заштити нашата почва, воздух и вода од електронскиот отпад и отпадните батерии.

Тој е еден, а ние луѓето сме многу, и тој не може да исчисти толку колку што ние луѓето можеме да извалкаме.

Научивме како, научивме зошто!

11. “ КАРАВАН СУПЕРХЕРОИ” ВО ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ

(октомври 2022г. – Маврово)

Караванот на Супер Херои низ пределите на прекрасната општина Маврово и Ростуше.
Во соработка со невладината организација Зеукстритон реализирани се едукативни работилници во Жировница, Требиште, Ростуше и Скудриње.

Поставена инфраструктура од садови за батерии и ситен електронски отпад во секое училиште, едукативно-информативни постери за селекција на ОБА и ОЕЕО, мали садови за батерии и сликовница Нула Отпад и тетратка со Суперхеројот Нула за сите деца од одделенска настава 1–5 одделение.

Во овие едукативни активности вклучени беа:
ОУ Хајан Селмани с. Ростуше
ОУ Јосип Броз Тито с. Жировница
ПУ Хајан Селмани с. Требиште
ОУ Блаже Конески с. Скудриње

Заедно креираме визија за подобар и почист свет, увидувајќи што за него можат да направат децата и возрасните.

 “РЕАГИРАЈ И СЕЛЕКТИРАЈ”

Во свет кој се менува сè побрзо, детската едукација за животната средина не е повеќе избор — туку неопходност. Преку креативни, едукативни и интерактивни активности, Нула Отпад вложува континуирани напори за подигање на еколошката свест кај најмладите, градејќи основи за генерации кои знаат, умеат и се грижат.

Од предучилишна возраст до основно образование, децата низ различни општини низ Македонија се вклучуваат во еко-иницијативи каде учат за реупотреба, рециклирање, правилно одлагање на отпадот и, пред сè, за вредноста на зачувување на воздухот, водата и земјата. Погледнете дел од реализираните активности кои инспирираат, едуцираат и оставаат трајно влијание.

1. ДЕТСКА НЕДЕЛА СО ГРАДИНКА БУБА МАРА

(октомври 2022г. – Аеродром, Скопје)

Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела, а првиот ден од Детската недела е Универзалниот Ден на детето.

Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет таков каков што е.

Последиците од неправилно отстранување на опасниот отпад се најголеми кај децата и фетусите поради нивната мала маса и затоа што се во развој.

Оваа година Детската недела ја организиравме заедно со децата од градинката Буба Мара од населба Аеродром. Со паролата “Ги браниме нашите права за животна средина здрава”, се предвидени низа креативно-едукативни активности со иновативен и интерактивен пристап. Преку симулација на ситуации блиски на децата, се создава чувство дека можат да ја разберат околината, да соработуваат и да контролираат настани, со што се создаваат трајни знаења кои прераснуваат во здрави навики и примерно однесување кон животната средина.

Едукативните активности беа заокружени со заеднички настан, каде децата се претставија пред своите родители, креираа семејно стебло од реупотребени материјали, и испратија порака дека природата ни припаѓа на сите нас – и на генерациите што доаѓаат.
Јас не можам да направам сѐ што ѝ е потребно на животната средина, но на животната средина ѝ е потребно сѐ што можам да направам јас. Да почнеме од себе и да мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за себе и за природата.

2. “РЕАГИРАЈ И СЕЛЕКТИРАЈ” ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО ООУ ВЕРА ЈОЦИЌ ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

(март  2022г. – Скопје)

Го одбележуваме Меѓународниот ден на електронскиот отпад со еколошка акција заедно со децата од ООУ Вера Јоциќ.

Месец октомври се одбележува со цел да се подигне свеста за растечкиот проблем. Во 2021 година имаме алармантна статистика – 57,4 милиони тони електронски отпад, количина што ја надминува тежината на Кинескиот Ѕид.

Едукациите на Нула Отпад стануваат сè поважни, бидејќи човековото влијание врз планетата е во пораст. Брзиот живот, технологијата, и недоволната информираност создаваат ниска еколошка свест, што води кон негрижа за животната средина.

Во тој контекст, Нула Отпад реализираше едукација со интерактивна програма:

  • поим за батерии и електронски отпад

  • примарна селекција

  • заштита на здравјето и животната средина

  • еколошко прифатливо отстранување на отпадот

Учениците активно учествуваа со сопствени идеи за подобрување на мерките.

Во знак на одбележување на 14 Октомври, спроведена е акција за собирање батерии и електронски отпад од дома.

Нашите еко супер херои ги исчистија своите домови и научија како да продолжат со правилни навики. Да им се придружиме – старите батерии во кантите на Нула Отпад, а електронскиот отпад преку Еко Линијата 070 236 000.

3. ЕКО ГЕНЕРАЦИИ ВО ООУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ” ОПШТИНА АЕРОДРОМ

(март  2022г. – Скопје)

По повод Меѓународниот ден на електронскиот отпад, учениците од 4 и 5 одделение од ООУ Браќа Миладиновциопштина Аеродром, се приклучија на Еко Караванот на суперхерои.

Создаваме генерации за подобра иднина и чиста, здрава животна средина за сите.

Едукативните работилници се мала интервенција во едно одделение, училиште или општина, но се сериозен влог во иднината.

4. ПЛАНЕТА СО И БЕЗ ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД СО ООУ ДРАГА СТОЈАНОВСКА ОПШТИНА СОПИШТЕ

(март  2022г. – Скопје)

Планета со електронски отпад или без него?!

Со децата од ООУ Драга Стојановска од Општина Сопиште, го одбележавме Меѓународниот ден на електронскиот отпад.

Со убави пораки за селекција и рециклирање и со песната “Нула Отпад” од Детскиот фестивал Поточиња, го заокруживме денот со порака за правилна селекција на електронскиот отпад и отпадните батерии.

 “ПРИЈАТЕЛСТВО СО ПРИРОДАТА”

Во ерата кога климатските промени и загадувањето стануваат сè поголем глобален предизвик, локалните заедници ја преземаат иницијативата преку образовни, креативни и одговорни активности. Со постојана соработка меѓу општините, училиштата, градинките и граѓаните, Нула Отпад создава вистински еко-херои меѓу најмладите, вложувајќи во нивната еколошка свест и однесување од најрана возраст.

Од иновативни натпревари со рециклирани маски до поставување инфраструктура за отпадни батерии, од едукативни дефилеи до интерактивни работилници – ова се приказни за соработка, инспирација и посветеност. Приказни што докажуваат дека еко-активизмот е возможен, достапен и заразен – особено кога започнува од децата.

1. “ЕКО ПАРАДА НА Е-КАПИТОЛИЈАДА” ОПШТИНА АЕРОДРОМ

(март/април 2022г. – Скопје)

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, неколку години наназад, веќе традиционално, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнува иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирани во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол мол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.

Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаа сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование, 1–9 одделение) од општината.

Учесниците во Изборот на најдобра еко маска имаа за задача да изработат индивидуална креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии, а оваа година беше вклучена и можноста за изработка на групна маска.

Фотографија од направената еко маска децата и родителите имаа за задача да ја испратат во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 01.04.2022 година до 16 часот.

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три маски обезбеди три главни награди. Од стручно жири беа доделени две награди – прва награда блутут безжични слушалки и втора награда паметен часовник, додека една награда беше доделена за најлајкувана фотографија на социјалните мрежи на Капитол Мол (фејсбук + инстаграм) – гејмерски сет (слушалки, тастатура и глувче).

За категоријата најлајкувана фотографија важечки беа гласовите од објавата на фотографијата до 03.04.2022 – 12 часот.

Постери за Е-Капитолијадата беа доставени до сите осум основни училишта и двете градинки под надлежност на Општина Аеродром.

На еко маскенбалот учествуваа 29 еко маски.

Стручното жири беше составено од следниве членови:
• Марјан Дамески – Нула Отпад
• Оливера Дебарлиева – Капитол Мол
• Билјана Кочоска – Општина Аеродром

Добитниците на наградите беа објавени на 05.04 во 12 часот, а истите беа доделени следниот ден на платформата во Капитол Мол.

Заради големиот број на квалитетни маски беа доделени уште три дополнителни награди, две за групни маски од соработниците на Капитол Мол и една специјална награда од Нула Отпад.

За сите останати учесници Нула Отпад обезбеди благодарници за учеството.

Заради подобрување на ситуацијата со пандемијата беше организирано и првоаприлско дефиле за презентација на најдобрите маски.

2. “ЕКОЛОШКИ ПЛАН”  ОПШТИНА БОСИЛЕВО

(мај 2022г. – Скопје)

Согласно договорот за взаемна соработка Нула Отпад е партнер на Општина Босилево во делот на заедничко делување за правилно управување со електричниот и електронски отпад и отпадните батерии на територијата на општината.

Правилното управување со отпадот допринесува до зачувување на природните ресурси, заштедува енергија и ги намалува емисиите на стакленичките гасови кои придонесуваат за глобални климатски промени, со што ќе овозможиме зачувување на здрава и зелена околина за идните генерации.

Во таа насока се реализираше едукативна кампања на територијата на општина Босилево за правилна селекција на електронскиот отпад и постапување со истиот, како и воспоставување на систем за управување на отпадните батерии во корпа за рециклирање во јавните институции на територијата на општината.

За таа цел Нула Отпад достави 20 садови за батерии во следниве институции:

  • ООУ Гоце Делчев” со едно централно и седум подарчни училишта;

  • ООУ Кирил и Методиј” Иловица, централно училиште со три подарчни училишта;

  • ООУ Борис Трајковски, Моноспитово, централно училиште со едно подрачно училиште;

  • Културно-едукативен центар с. Босилево;

  • Детска градинка “Среќни насмевки”;

  • Детска градинка “Мајски цвет” с. Моноспитово.

Вкупно 900 деца беа опфатени со едукација и добија мали индивидуални садови за отпадни батерии за дома, додека првачињата добија и едукативна сликовница Суперхерој Нула и брендирани тетратки со суперхеројот со еколошки пораки и стикери.

Во Моноспитово и Иловица, дел од едукативните активности беа реализирани онлајн со дигитална едукација.

Нула Отпад и Општина Босилово преку едукативна кампања создаваат супер херои меѓу децата кои ќе знаат како да ја зачуваат и унапредат средината во која живееме.
Заедно ја креираме визијата за поубава иднина, увидувајќи што за неа може да направат децата и возрасните.

3. “ГАЗИ БАБА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА” ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

(јуни 2022г. – Скопје)

„Гази Баба се грижи за животната средина“ – го одбележуваме Светскиот ден за заштита на животната средина во соработка со Општина Гази Баба.
Позиционирање на еколошко однесување и обврска за задолжителна рециклажа е сериозен елемент на деловниот имиџ на секоја општествено одговорна општина.
Огромните количини енергија и материјали кои ги троши општеството создаваат многу отпад кој го загадува воздухот, водата и почвата, со сериозни закани за глобалната животна средина.

Да се грижиме заедно и да не дозволиме опасниот отпад да заврши на депонија.

Општина Гази Баба, во соработка со Друштвото за управување со отпад Нула – Отпад, одржа настан на кој учествуваа ученици од ООУ Дане Крапчев и ООУ Стив Наумов.

По настанот, градоначалникот Стефковски заедно со учениците и претставниците на Нула – Отпад поделија платнени торби на жителите на Автокоманда, со порака за некористење на пластичките ќеси, што ќе доведе до намалување на отпадот.

За сите деца учесници беа поделени сликовници од Нула Отпад и промотивен материјал – тетратки со Суперхеројот Нула.

4. “ПРИЈАТЕЛСТВО СО ПРИРОДАТА” СО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

(јуни 2022г. – Скопје)

Во универзумот има билиони галаксии. Во нашата галаксија има билиони планети. Но само една е Планета Земја.

Го прославуваме Денот на животната средина – 5 јуни со слоганот: „Планетата Земја е ЕДНА!“

По повод овој ден и со мотото „Пријателство со природата“, Нула Отпад во соработка со Општина Гази Баба и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија организираше еколошка акција за чистење на Парк шумата Гази Баба.

Оваа акција се организираше во рамки на активностите на Општина Гази Баба по повод Меѓународниот ден за заштита на животната средина.

Се грижиме заедно.

5. “КУЛТУРА ПОД НЕБОТО” – КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА ОТВОРЕНА СЦЕНА ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈА СО БАЛФРОГС УЧИЛИШТЕ ЗА БАЛЕТ ОПШТИНА ЦЕНТАР

(јуни 2022г. – Скопје)

31 мај (вторник) со почеток во 17 часот, Нула Отпад со креативна едукативна работилница за деца за правилна селекција на електронскиот отпад и отпадните батерии, игровни активности и промоција на детска сликовница “Суперхерој Нула”.

Активности кои ги ставаат луѓето во фокусот, поттикнувајќи ги децата на креативност и творење, негувајќи вредности како другарство, инклузија и грижа за себе и околината.

Сликовниците и креативноста играат голема улога во правилниот развој, особено кај децата од предучилишна и рана училишна возраст. Нашата цел е еколошките елементи да ги вклопиме во една забавна авантура, која преку игра и песна ќе придонесе кон квалитетна еко едукација.

На самиот настан децата и возрасните ќе имаат можнoст низ игра и забава да се информираат за опасноста од неправилно отстранување на електронскиот отпад и отпадните батерии, како и да дознаат како тоа правилно да го направат без да го загрозат сопственото здравје и животната средина.

За време на настанот беше поставена инфраструктура од садови за батерии и ситен електронски отпад, каде граѓаните и децата имаат можност на правилен начин да се ослободат од истиот.

Од 16 мај до 15 јуни, на отворената сцена на Булфрогс балетското школо во Паркот на Франкофонијата се одржуваше манифестацијата „Култура под небото“. Проектот е во организација на Булфрогс Балет, Булфрогс продукција и Општина Центар.

КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИ

Кариерниот развој на наставниците, подразбира секојдневно професионално и лично растење на наставникот, долготраен, конитнуиран процес кој започнува од почетокот на подготовката за оваа професија и трае до крајот на целиот живот, процес кој се реализира на најразлични начини кој подразбира оспособување на наставникот со нови знаења, вештини, способности, стратегии и сл.

Современото општество бара и од наставниците, употреба на современа информатичка технологија, оспособеност за работа со различни ученици, соработка со други наставници, соработка со стручните  соработници и со родителите, како и  истражување и евалуација на сопствената работа. Современото училиште бара современа настава и бара наставници, кои се оспособени ефикасно и квалитетно да ги изведуваат сите видови на наставна работа со учениците.  Клучот на успехот во образованието лежи во квалитетниот кадар и пристапот кон наставата и учениците. Кога зборуваме за училиште во вистинска смисла на зборот, не мислиме на училишната зграда, туку на потенцијалот што е внатре.

Со цел да се модернизира наставата и  полесно да се внесат иновациите, наставникот задолжително и континуирано  мора да работи на своето професионално усовршување.

За таа цел, Академијата ЦЕС, која што повеќе од 20 години нуди квалитетни образовни услуги и е предводник на современите трендови во процесот на образование, во соработка со Бирото за развој на образованието, изготви и нуди неколку акредитирани обуки за професионален развој на образовниот кадар:

                                               

СОВРЕМЕНИ КОНЦЕПЦИИ НА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ – НОВАТА УЛОГА НА НАСТАВНИКОТ И НОВИТЕ СТРАТЕГИИ ЗА ПОУЧУВАЊЕ И УЧЕЊЕ“.

Современото образование бара нови концепции и современ приод во реализацијата на наставата. Наставниците во континуитет треба да ги подобруваат своите компетенции, со цел квалитетно да одговорат на новите предизвици, кои ги носи новото време.

Во периодот од 23 август до 18 октомври, Академија ЦЕС реализираше обуки за наставниот кадар од средните училишта на на тема: „Современи концепции на средно образование – новата улога на наставникот и новите стратегии за поучување и учење“.

Обуките беа еднодневни и се реализираа на македонски, албански и турски јазик, на целата територија на Северна Македонија. Опфатен неше наставниот кадар од сите средни училишта со вкупно 6572 учесници.

Програмата за обука беше конципирана во четири меѓусебно надградливи сесии:

  1. Компетенции на современ наставник, наменета за продлабочување на знаењата на настаниците во доменот на предметите кои ги предаваат, унапредување на нивните педагошко /дидактички компетенции, способности за анализирање, синтетизирање и применување на знаења во пракса; способност за употреба на ИКТ; развој на медијално- педагошки и медијално-дидактички компетенции; следење на напредокот и постигнувањата на учениците; решавање проблеми; работа во тим и лидерство.
  2. Интегриран пристап во наставниот час, е пристап според „AIDA” методологија (внимание, интерес, желба, акција). Овој пристап е модификација, односно комплементарен со класичната структура на наставен час и овозможува функционална меѓупредметна интеграција, примена на теоријата во пракса, интегрирање на екологијата, претприемништвото, мултикултурализмот, ИКТ во наставата.
  3. Истражувачка настава / проектни активности третира две мошне актуелни, односно современи форми на наставата. Истражувачката настава и проектните активности овозможуваат активно учество и независност во работата на учениците преку согледување и анализа на секојдневните животни проблеми, преку користење на електронските медиуми од широк спектар.
  4. Во четвртата сесија фокусот е ставен на наставните форми, методи, техники. Со помош на наставните техники, содржината на часот се става во некоја структурирана рамка и им овозможува на учениците како активни учесници да го искажат својот потенцијал. Разните видови на форми на работа со учениците: индивидуални форми на работа, работа во парови, работа во мали групи, фронтална форма на работа, како и разните видови методи кои се користат во наставата: анализа; синтеза; евалуација; усно изложување; програмирана настава; самостојна работа со учебник, учебно помагало, дидактички материјали во електронска форма и др

Галерија од обуката:

ОБУКА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СОДРЖИНИ ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО КУРИКУЛУМОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Да се насочат учениците да размислуваат и да се однесуваат претприемнички, без тоа да се поврзе и да се стави во контекст со останатите наставни содржини е речиси невозможно. Концептот на оваа обука е наставниците кои предаваат одредени предмети во средните училишта (хемија, физика, информатика, биологија, ликовна уметност итн), да стекнат вештини со кои ќе инкорпорираат содржини за претприемништво во нивните предмети. На таков начин учениците ќе може да размислуваат за започнување на свој сопствен бизнис како идни хемичари, информатичари, биолози итн.

Оттука целта на оваа обука е:

  • Вклучување на принципите на претприемничкото образование во секојдневниот образовен процес на сите нивоа и во секоја област.
  • Развивање на претприемничкиот дух и иновативниот потенцијал кај учениците преку обука на наставниот кадар
  • Да се разбере важноста на ИНОВАТИВНИОТ НАЧИН НА РАЗМИСЛУВАЊЕ и можност за самовработување како одлична иднина на младите генерации

Во рамките на оваа обука наставниците, преку серија на вежби и практична работа,   ќе можат да научат:

  • Што е претприемништво
  • Кои се основните карактеристики на претприемништвото
  • Која е улогата на претприемништвото
  • Што ги прави претприемачите успешни
  • Како до иновација
  • Типови на иновации
  • Како се стигнува од идеја до сопствен бизнис
  • Што е маркетинг
  • Маркетинг микс
  • Животен циклус на производ
  • Како се истражува пазарот
  • Формирање на цени
  • Конкуренција
  • Дистрибуција на прозвод
  • Промоција
  • Видови и карактеристики на бизнисите
  • Извори на финансирање
  • Бизнис план

По завршување на обуката, учесниците ќе бидат обучени да креираат содржини за претприемништво во рамките на своите предмети.

Галерија од обука:

ОБУКА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА СОДРЖИНИ ОД ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА, ИНФОРМАТИКА, ФИЗИКА, БИОЛОГИЈА, ХЕМИЈА И ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Програмата за обука за иновации и претприемништво има за цел на наставниците да  им овозможи развивање на претприемнички дух и иновативно размислување во областа која е предмет на нивно работење: математика, биологија, физика, хемија, ликовно, информатика во основното образование во VIII или IX одделение.

Преку оваа програма за обука учесниците ќе ги разберат основните поими и појави во економијата и бизнисот. Учесниците  со оваа обука ќе ги осознаат позитивните придобивки од иновациите, претприемништвото и бизнис планирањето. Учесниците ќе развијат способности за иницијативност, креативност, самодоверба, самооценување, самоистражување, справување со ризици и сл.

По завршување на обуката наставникот:

  • ќе ги осознае основните принципи на претприемништвото и претприемничкото однесување како еден од основните столбови на секоја пазарна економија;
  • ќе ги препознава елементите на иновативното и претприемничкото однесување во математиката, биологијата, физиката, хемијата, ликовното образование и информатиката за VIII или IX одделание од основното образование;
  • ќе се запознае со придобивките за поединецот и за заедницата од претприемништвото;
  • ќе може да пронајде области од наставните содржини од математика, биологија, физика, хемија, ликовно образование и информатика за VIII или IX одделение од основното образованје кај кои што може да ги насочува учениците за претприемничко однесување;
  • ќе ја интерпретира потребата од нагласување на улогата на иновации во области од математиката, биологијата, физиката, хемијата, ликовното образование и информатиката за VIII или IX одделение во основното образование;
  • ќе ги потикнува учениците во насока на размислување како може да се реализираат бизнис идеи во различни области од математика, биологија, физика, хемија,ликовно образование и информатика за VIII или IX одделение од основното образование;
  • ќе ги насочува учениците да размислуваат за економските основи во математиката, биологијата, физиката, хемијата, ликовното образование и информатиката за VIII или IX одделение во основното образование;
  • ќе ја осознае потребата за интерпретирање на основите на бизнисот во подрачјето на различни наставни содршини од математиката, биологијата, физиката, хемијата, ликовното образование и информатиката за VIII или IX одделение во основното образование;
  • ќе може да прифати и применува принципи од бизнисот во реализацијата на наставните содржини од математика, биологија, физика, хемија,ликовно образование и информатика за VIII или IX одделение од основното образование ;
  • ќе научи што е потребно за изработка на оценка на бизнис идеја;
  • ќе научи што е потребно за изработка на бизнис план како основа за реализација на претприемничка идеја.

                                               

Галерија од обуката:

ОБУКА НА ТЕМА: НАСТАВА И УЧЕЊЕ ВО 21-ОТ  ВЕК, СОЗДАВАЊЕ ИНОВАТИВНИ УЧИЛИШТА: ПОДГОТВУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА 21-ОТ  ВЕК

Модерното образование првенствено се соочува со ученикот, како активен учесник во образовниот процес, и се базира на истражување, брза и јасна размена на информации, разбирање на другите, тимска работа, поврзување на различни знаења и примена на знаење и вештини, а во центарот на образовниот процес ги става учениците, нивните интереси и потреби.

Оваа обука е осмислена со цел да се зајакне улогата на современиот наставник во процесот на поучување преку оспособување со компетенции за примена на современи  методи и техники за учење и поучување во училница.

По завршување на обуката наставникот ќе се стекне со вештини да:

  • Креира наставни стратегии и сценарија
  • Да применува ИКТ во наставата
  • Да користи современи методи фокусирани кон учениците (Истражувачко учење; Превртена училница; Колаборативно учење; Проектна настава; Игрификација -учење базирано на игра).

Галерија од обуката:

ОБУКА НА ТЕМА : СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ВО НАСТАВАТА, АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА НИВНАТА КРЕАТИВНОСТ

Осовременувањето на наставата подразбира активна/ интерактивна настава и настава во која сите ученици учествуваат и активно се вклучени во часот.

Во таков наставен процес, се поттикнува критичко размислување, независно одлучување, решавање проблеми, креативност во пристапот и комуникација меѓу учениците. Современото образование е поддржано од информатички и комуникациски технологии кои полека, но сигурно влегуваат во училниците и во секојдневната едукативна работа.

Програмата за оваа обука е составена од три сегменти и тоа:

  • Современи методи и техники на учење и пооучување;
  • Активности за поттикнување на креативноста на учениците и
  • Користење на ИТ во наставата.

Во првиот дел на програмата опфатени се методите кои можат да бидат применети  во текот на наставниот процес, не само во рамките на наставниот час туку и надвор од училиштетето, нудејќи му на наставникот и ученикот континуирана активна улога при усвојување на нови знаења и стекнување на нови вештини. Програмата во делот на современи методи и техники на учење и поучување е сегментиран во два дела и тоа, вербални методи и визуелни методи.

Програмата во делот на активности за поттикнуање на креативноста на учениците е сочинета од низа современи техники и активности кои нудат можности наставниот материјал да се направи поблизок и подостапен до ученикот Тука се обработени менталните мапи, учењето низ игра,забава, хумор и работа, играње улоги, шест шешири, асоцијации, квизови, решавање проблемски ситуации и други.

Во третиот дел на програмата користење на ИТ во наставата, каде што се опфатени: начини на употреба на ИКТ во чување, анализа и обработка на податоци поврзани со нови знаења и содржини и нивна понатамошна употреба, користење интернет, користење на апликативни програми за наставни содржини и образовни области, користење на мултимедијални програми, инсталирање на ЕСУ електронски системи и софтвери за учење и др.

                                               

Галерија од обуката:

Реализирани обуки за наставници во основните училишта

„Професионална соработка на наставниците (стручни активи, заедници за учење, менторство и сл.)”

Професионалната соработка на наставниците е од клучна важност за создавање поддржувачка и ефективна образовна средина. Овој пристап вклучува различни форми на колаборација, како што се стручните активи, заедниците за учење и менторството.

Стручни активи претставуваат организирани групи наставници кои работат заедно со цел да ги унапредат своите педагошки практики и да споделат знаења и искуства. Преку редовни состаноци и дискусии, тие можат да анализираат наставни методи, да развиваат нови стратегии и да се поддржуваат меѓусебно.

Заедниците за учење се фокусирани на колективниот развој на наставниците преку споделување на најдобри практики и ресурси. Овие заедници поттикнуваат континуирано професионално учење и иновации во наставата, овозможувајќи им на наставниците да се надградуваат и прилагодуваат на новите образовни предизвици.

Менторството е процес во кој поискусни наставници (ментори) обезбедуваат поддршка, насоки и совети на помладите колеги. Оваа форма на соработка не само што помага во развојот на новите наставници, туку и го зајакнува чувството на заедништво и меѓусебно почитување во образовната институција.

Преку овие форми на професионална соработка, наставниците можат да ги подобрат своите компетенции, да ја зголемат ефикасноста на наставниот процес и да создадат позитивна и инклузивна училишна култура. Ова, на крајот, придонесува за подобри образовни резултати и целокупно подобрување на квалитетот на образованието.

Реализирана обука за наставници

Во периодот 2022-2024, Академија Ц.Е.С. успешно организираше серија обуки за наставниците од основните училишта во Република Северна Македонија, на тема Професионална соработка на наставниците (стручни активи, заедници за учење, менторство и сл.)

Овие обуки опфатија 5.170 наставници, распоредени во 207 групи, истите се одвиваа на македонски, албански и турски јазик

Целта на обуката беше да се подобрат компетенциите и перформансите на наставниците преку зајакнување на професионалната соработка. Со учество во стручни активи, заедници за учење и менторство, наставниците ќе можат да:

  • Унапредат педагошките практики: Споделувањето знаења и искуства со колегите ќе им овозможи на наставниците да ги применуваат најдобрите практики во својата работа.
  • Поттикнат континуирано професионално учење: Активното учество во заедници за учење ќе им помогне на наставниците да останат ажурирани со новите трендови и методи во образованието.
  • Поддржат новите наставници: Преку менторството, поискусните наставници ќе можат да ги водат и поддржуваат новите колеги, што ќе придонесе за побрзо интегрирање и усовршување на новите наставници.
  • Создадат позитивна и колаборативна училишна средина: Професионалната соработка ќе ги зајакне меѓусебните односи меѓу наставниците и ќе промовира култура на соработка и поддршка.
  • Зголемат ефикасноста на наставниот процес: Примената на споделените стратегии и методи ќе овозможи поефективна настава и подобри образовни резултати за учениците.

Преку оваа обука, наставниците ќе се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат да станат подобри професионалци и да создадат поддржувачка и ефективна училишна средина.

По завршувањето на обуката, наставниците – учесници пополнија евалуациски прашалник (Формулар за проверка на задоволството на учесниците од обуката. Од добиените мислења и ставови на испитаниците, може да се заклучи следното:

  • Професионално и добро организирана обука: Учесниците ја оценија обуката како високо професионално спроведена и одлично организирана.
  • Квалитетни теми, содржина и реализација: Темите и содржината на обуката, како и начинот на реализација, беа оценети како многу добри.
  • Соодветни материјали: Подготвените материјали беа оценети како релевантни и корисни за наставниот процес.
  • Компетентни обучувачи: Обучувачите покажаа високо ниво на компетентност и успешно ја спроведоа обуката.
  • Исполнети очекувања: Обуката беше оценета како многу корисна и значително ги исполни очекувањата на наставниците кои учествуваа.

Овие повратни информации укажуваат на тоа дека обуката не само што ги исполни, туку и ги надмина очекувањата на учесниците, потврдувајќи ја нејзината вредност и релевантност.

Галерија од обуките:

„Стратегии за Менаџмент во училница-принципи и примери на добра практика за создавање на позитивна работна атмосфера“

Менаџментот во училницата е клучен аспект на ефективната настава, кој ги опфаќа сите активности поврзани со планирањето, организирањето, контролирањето и водењето на училничната средина. Оваа обука е дизајнирана да им обезбеди на наставниците практични стратегии и алатки за создавање и одржување на позитивна работна атмосфера, како во физичката така и во онлајн/виртуелната училница.

Основни цели и придобивки на обуката:

  • Разбирање на принципите на менаџмент во училница: Обуката ќе ги истражи основните принципи и концепти на ефективниот училничен менаџмент, вклучувајќи ги техниките за организирање на просторот, управување со времето и поставување на јасни очекувања.
  • Примери на добра практика: Ќе се претстават успешни примери и стратегии кои наставниците можат да ги применат за да создадат позитивна и продуктивна училнична средина. Овие примери ќе опфаќаат различни аспекти на наставата, од управување со однесувањето на учениците до промовирање на соработка и учење базирано на проекти.
  • Интеграција на технологии во наставата: Специјално внимание ќе се посвети на управувањето со виртуелната училница, вклучувајќи стратегии за ангажирање на учениците, одржување на дисциплина и осигурување на интерактивност и учество преку онлајн платформи.

Важност на обуката:

  • Подобрување на наставничките вештини: Со примена на усвоените стратегии, наставниците ќе можат поуспешно да ја водат својата училница, што ќе резултира со подобрена ученичка дисциплина и повисоки образовни постигнувања.
  • Промовирање на позитивна училишна култура: Ефективниот менаџмент во училницата придонесува за создавање на позитивна и поддржувачка училишна култура, каде што учениците се чувствуваат мотивирани и ангажирани.
  • Флексибилност и приспособливост: Наставниците ќе стекнат вештини за управување со различни образовни сценарија, што ќе им овозможи да одговорат на предизвиците на современото образование, вклучувајќи го и преминувањето кон онлајн наставата.

Преку оваа обука, наставниците ќе бидат подобро подготвени да создадат средина во која учениците ќе можат да напредуваат и да ги достигнат своите целосни потенцијали, без разлика дали наставата се одвива во физичка или виртуелна училница.

Реализирана обука за наставници

Во периодот 2022-2024, Академија Ц.Е.С. успешно организираше серија обуки за наставниците од основните училишта во Република Северна Македонија, на тема „Стратегии за Менаџмент во училница-принципи и примери на добра практика за создавање на позитивна работна атмосфера“

Овие обуки опфатија 5.235 наставници, распоредени во 209 групи, истите се одвиваа на македонски, албански и турски јазик

Целта на обуката беше да се подобрат компетенциите и перформансите на наставниците – учесници во обуката во следниве аспекти:

  • Создавање атмосфера за работа во училницата преку градење на авторитет: Наставниците да развијат способност за градење на авторитет преку личен пример, што ќе ја подобри дисциплината и продуктивноста во училницата.
  • Подобрување на квалитетот на комуникацијата: Наставниците да ги подобрат своите комуникациски вештини со учениците, што ќе резултира со поефективна и позитивна комуникација во училницата.
  • Подобрување на квалитетот на наставата: Стекнување на практични вештини за примена на стратегии и техники за квалитетна комуникација, со цел да се подобри наставниот процес.
  • Изградување повисока свест за интериоризација: Развивање на свест за функционална примена на стекнатите вештини и нивно пренесување на учениците, со цел подобрување на нивните образовни резултати.
  • Стекнати вештини за изготвување правила: Наставниците да научат како да изготвуваат и применуваат правила кои ќе се почитуваат, создавајќи позитивни искуства за учениците преку личен пример.
  • Практикување на win-win техника: Наставниците да ги применуваат win-win техниките за квалитетна комуникација со колегите, стручните соработници, учениците, родителите и пошироката општествена средина.

Овие обуки им овозможија на наставниците да ги подобрат своите компетенции и вештини, со цел да создадат позитивна и продуктивна училнична средина која ги поддржува потребите и развојот на сите ученици.

По завршувањето на обуката, наставниците – учесници пополнија евалуациски прашалник (Формулар за проверка на задоволството на учесниците од обуката. Од добиените мислења и ставови на испитаниците, може да се заклучи следното:

  • Професионално и добро организирана обука: Учесниците ја оценија обуката како високо професионално спроведена и одлично организирана.
  • Квалитетни теми, содржина и реализација: Темите и содржината на обуката, како и начинот на реализација, беа оценети како многу добри.
  • Соодветни материјали: Подготвените материјали беа оценети како релевантни и корисни за наставниот процес.
  • Компетентни обучувачи: Обучувачите покажаа високо ниво на компетентност и успешно ја спроведоа обуката.
  • Исполнети очекувања: Обуката беше оценета како многу корисна и значително ги исполни очекувањата на наставниците кои учествуваа.

Овие повратни информации укажуваат на тоа дека обуката не само што ги исполни, туку и ги надмина очекувањата на учесниците, потврдувајќи ја нејзината вредност и релевантност.

Галерија од обуките:

„Учење преку истражување, работа на проект и решавање проблеми“

„Учење преку истражување, работа на проект и решавање проблеми“ претставува современ пристап во образованието кој се фокусира на активна улога на учениците во процесот на учење. Овој метод ги поттикнува учениците да истражуваат, да работат на проекти и да решаваат реални проблеми, со што ги развиваат своите критички и аналитички вештини, креативност и способност за соработка.

Основни елементи на овој пристап:

  • Истражување: Учениците се вклучени во процес на истражување каде што ги поставуваат своите прашања, собираат податоци и анализираат информации за да дојдат до заклучоци.
  • Работа на проект: Преку проектно-ориентирано учење, учениците се ангажирани во креирање на проекти кои имаат практична примена и ги рефлектираат реалните светски проблеми.
  • Решавање проблеми: Учениците се соочуваат со различни проблеми за решавање, што ги охрабрува да размислуваат критички и да применуваат иновативни решенија.

Важноста на овој пристап:

  • Развој на критичко размислување: Учениците учат да поставуваат прашања, да анализираат податоци и да донесуваат информирани одлуки.
  • Креативност и иновации: Работата на проекти и решавањето проблеми ги охрабрува учениците да размислуваат креативно и да применуваат иновативни пристапи.
  • Колаборативно учење: Преку тимска работа, учениците учат да соработуваат, да комуницираат ефективно и да ги почитуваат различните мислења и идеи.
  • Примена на знаења во реални ситуации: Овој пристап ги подготвува учениците за реалниот свет, овозможувајќи им да применуваат теоретските знаења во практични ситуации.

Овој пристап не само што го подобрува квалитетот на образованието, туку и ги подготвува учениците за предизвиците на современиот свет, развивајќи ги нивните вештини и способности за целоживотно учење.

Реализирана обука за наставници

Во периодот 2022-2024, Академија Ц.Е.С. успешно организираше серија обуки за наставниците од основните училишта во Република Северна Македонија, на тема „Учење преку истражување, работа на проект и решавање проблеми“.

Овие обуки опфатија 6.509 наставници, распоредени во 260 групи, истите се одвиваа на македонски, албански и турски јазик.

Целта на обуката беше да се подобрат компетенциите и перформансите на наставниците – учесници во обуката во однос на следниве аспекти:

  • Применување на проблемска, истражувачка и проектна настава: Наставниците да користат методи кои поттикнуваат активно учење преку поставување и решавање на проблеми, истражување и работа на проекти.
  • Поучување преку истражување: Учениците се мотивираат да истражуваат, откриваат, решаваат проблеми, анализираат, синтетизираат, извлекуваат заклучоци и ги споделуваат своите сознанија.
  • Користење применливи вештини: Наставниците да применуваат вештини кои поттикнуваат и развиваат критичко и креативно размислување кај учениците.
  • Креирање стимулативна средина: Создавање на училишна средина која поттикнува повисоки мисловни процеси, критичко и креативно размислување, преку различни активности и наставни методи.

Овие обуки им овозможија на наставниците да ги подобрат своите компетенции и перформанси, со цел да создадат поактивна и ангажирачка средина за учење која ги охрабрува учениците да истражуваат, размислуваат критички и креативно, и успешно да решаваат проблеми.

По завршувањето на обуката, наставниците – учесници пополнија евалуациски прашалник (Формулар за проверка на задоволството на учесниците од обуката. Од добиените мислења и ставови на испитаниците, може да се заклучи следното:

  • Професионално и добро организирана обука: Учесниците ја оценија обуката како високо професионално спроведена и одлично организирана.
  • Квалитетни теми, содржина и реализација: Темите и содржината на обуката, како и начинот на реализација, беа оценети како многу добри.
  • Соодветни материјали: Подготвените материјали беа оценети како релевантни и корисни за наставниот процес.
  • Компетентни обучувачи: Обучувачите покажаа високо ниво на компетентност и успешно ја спроведоа обуката.
  • Исполнети очекувања: Обуката беше оценета како многу корисна и значително ги исполни очекувањата на наставниците кои учествуваа.

Овие повратни информации укажуваат на тоа дека обуката не само што ги исполни, туку и ги надмина очекувањата на учесниците, потврдувајќи ја нејзината вредност и релевантност.

Галерија од обуките:

„Примена на иновативни интерактивни пристапи во наставата“.

Иновативните интерактивни пристапи во наставата претставуваат современи методи кои се фокусирани на активно учество на учениците во процесот на учење. Овие пристапи вклучуваат употреба на технологија, колаборативно учење и креативни наставни методи кои го поттикнуваат критичкото размислување, решавањето проблеми и комуникациските вештини на учениците.

  • Технологија во училницата: Употреба на дигитални алатки како интерактивни табли, апликации за учење и платформи за е-учење.
  • Кооперативно учење: Вклучување на учениците во групни активности каде што работат заедно за решавање на проблеми и задачи.
  • Проектно-ориентирано учење: Спроведување на проекти кои ги поврзуваат учениците со реални ситуации и проблеми, овозможувајќи им да применат знаењето на практичен начин.

Важност на иновативни интерактивни пристапи:

  • Зголемена ангажираност: Активното учество и интеракцијата помеѓу учениците и наставниците создава поинтересна и динамична училница.
  • Подобри образовни резултати: Учениците кои учат преку интерактивни и иновативни методи често покажуваат подобро разбирање и помнење на наставните содржини.
  • Развој на вештини: Овие пристапи помагаат во развојот на критичко размислување, креативност, соработка и комуникациски вештини кои се клучни за успех во современиот свет.

Иновативните интерактивни пристапи не само што го подобруваат квалитетот на наставата, туку и го збогатуваат образовниот процес, правејќи го поинклузивен, ангажирачки и релевантен за учениците.

Реализирана обука за наставници

Академија Ц.Е.С. во периодот 2022-2024 успешно организираше и реализираше серија обуки за наставници, со фокус на примена на иновативни и интерактивни пристапи во наставата. Овие обуки се насочени кон подобрување на квалитетот на образованието преку воведување на нови методи и техники кои ја поттикнуваат активната вклученост на учениците во наставниот процес.

Овие обуки опфатија 9.200 наставници, распоредени во 368 групи, и се одвиваа на македонски, албански и турски јазик.

Целта на обуката беше да се подобрат компетенциите и перформансите на наставниците – учесници во обуката во следниве аспекти:

  • Применување на иновативни интерактивни пристапи во наставата: Наставниците да користат методи кои поттикнуваат активна вклученост и ангажираност на учениците во процесот на учење.
  • Посветување повеќе време за поучување на секој ученик: Индивидуализиран пристап кој осигурува дека секој ученик добива потребното внимание и поддршка според неговите индивидуални потреби.
  • Применување образовни иновации: Наставниците да интегрираат нови стратегии и технологии кои ги подобруваат наставните процеси и резултати.
  • Градење активна средина за учење: Создавање на училишна средина која ја поттикнува интеракцијата меѓу ученик-наставник и ученик-ученик, особено преку колаборативни активности и дискусии.
  • Овозможување подобри резултати кај учениците: Обезбедување можности учениците да учат со своја динамика, што води кон подобро разбирање и примена на наставните содржини.
  • Помагање на учениците да сфатат важноста на учењето: Поттикнување на учениците да гледаат на учењето како лична цел и можност да го истакнат својот интелектуален потенцијал.

Овие обуки им овозможија на наставниците да ги подобрат своите компетенции и да ги применат новостекнатите знаења и вештини во училниците, со цел да ја направат наставата поинтерактивна, иновативна и ефективна за сите ученици.

По завршувањето на обуката, наставниците – учесници пополнија евалуациски прашалник (Формулар за проверка на задоволството на учесниците од обуката. Од добиените мислења и ставови на испитаниците, може да се заклучи следново:

  • Професионална и добро организирана обука: Учесниците ја оценија обуката како високо професионално спроведена и одлично организирана.
  • Квалитетни теми, содржина и реализација: Темите и содржината на обуката, како и начинот на реализација, беа оценети како многу добри.
  • Соодветни материјали: Подготвените материјали беа оценети како релевантни и корисни за наставниот процес.
  • Компетентни обучувачи: Обучувачите покажаа високо ниво на компетентност и успешно ја спроведоа обуката.
  • Исполнети очекувања: Обуката беше оценета како многу корисна и значително ги исполни очекувањата на наставниците кои учествуваа.

Овие повратни информации укажуваат на тоа дека обуката не само што ги исполни, туку и ги надмина очекувањата на учесниците, потврдувајќи ја нејзината вредност и релевантност.

Инклузивно образование

Инклузивното образование е образовна стратегија која осигурува дека сите ученици, без оглед на нивните индивидуални способности или потреби, имаат еднакви можности за учење и развој во редовните училишни програми. Оваа пристапност овозможува создавање на инклузивни училници каде што секој ученик се чувствува прифатен, поддржан и вреднуван.

Важноста на инклузивното образование:

  1. Социјална кохезија: Преку инклузија, учениците учат да ги почитуваат и прифаќаат разликите, што помага во градењето на поотпорно и сплотено општество.
  2. Рамноправни можности: Инклузивното образование обезбедува еднакви шанси за учење за сите ученици, вклучувајќи ги и оние со посебни образовни потреби.
  3. Позитивен развој: Наставниците во инклузивни училници прилагодуваат наставните методи и ресурси за да одговараат на индивидуалните потреби на учениците, што резултира со подобрени академски и лични резултати.
  4. Психолошка поддршка: Учениците со посебни образовни потреби се чувствуваат прифатени и поддржани, што ги зголемува нивната самодоверба и мотивација за учење.

Инклузивното образование е клучно за создавање на праведни и инклузивни општества каде што секој има шанса да ги постигне своите потенцијали. Оваа пристапност не само што им користи на учениците со посебни потреби, туку ја збогатува и училницата како целина, поттикнувајќи ги сите ученици да се развиваат и да учат во средина која ги вреднува нивните уникатни придонеси.

Реализирана обука за наставници

Во периодот 2022-2024, Академија Ц.Е.С. успешно организираше серија обуки за наставниците од основните училишта во Република Северна Македонија, на тема „Инклузија и пристапи во поучувањето на ученици со посебни образовни потреби/попреченост”.

Овие обуки опфатија 4.406 наставници, распоредени во 176 групи, и се одвиваа на македонски, албански и турски јазик.

Академија Ц.Е.С. со гордост ја заврши оваа значајна обука, овозможувајќи им на наставниците да стекнат нови компетенции и да придонесат кон поинклузивен и поддржувачки образовен систем.

Целта на обуката беше да се подобрат компетенциите и перформансите на наставниците-учесници во следниве аспекти:

  • Применување на инклузивни пристапи во наставата: Наставниците да користат методи кои ја поддржуваат инклузијата на сите ученици, вклучувајќи ги и учениците со посебни образовни потреби.
  • Посветување време за поучување на секој ученик според неговите можности: Индивидуализиран пристап кој обезбедува дека секој ученик добива внимание и поддршка согласно неговите способности.
  • Применување образовни инклузивни стратегии: Наставниците да интегрираат стратегии кои поддржуваат активна вклученост на сите ученици во образовниот процес.
  • Градење активна средина за учење: Создавање на училишна средина која ја поттикнува интеракцијата меѓу ученик-наставник, ученик-ученик и ученик-асистент, особено за учениците со попреченост.
  • Овозможување подобри резултати во совладувањето на наставните содржини: Обезбедување на наставни методи кои помагаат учениците со попреченост да ги совладаат наставните содржини според нивните можности.
  • Поддршка на родителите: Поттикнување на родителите активно да учествуваат во сите домени на училиштето, со цел подобрување на инклузијата и целокупната работа на училиштето.

Со овие обуки, наставниците стекнаа нови компетенции и стратегии за поефективна работа со учениците, промовирајќи инклузивен пристап во наставата и овозможувајќи подобро образовно искуство за сите ученици. Академија Ц.Е.С. продолжува да вложува во унапредување на образовниот систем преку континуирана поддршка и развој на наставничкиот кадар.

На крајот од обуката, наставниците – учесници пополнија евалуациски прашалник (Формулар за проверка на задоволството на учесниците од обуката). Од добиените мислења и ставови на испитаниците може да се заклучи следното:

  • Професионална и добро организирана обука: Учесниците оценија дека обуката беше спроведена на високо професионално ниво и многу добро организирана.
  • Квалитетни теми, содржина и реализација: Темите, содржината и начинот на реализација беа оценети како многу добри.
  • Соодветни материјали: Подготвените материјали беа оценети како адекватни и корисни.
  • Компетентни и успешни обучувачи: Обучувачите демонстрираа високо ниво на компетентност и успех во спроведувањето на обуката.
  • Корисна и очекувана обука: Наставниците истакнаа дека обуката беше многу корисна и во голема мера ги исполни нивните очекувања.

Овие повратни информации укажуваат на тоа дека обуката не само што ги исполни, туку и ги надмина очекувањата на учесниците, потврдувајќи ја нејзината вредност и релевантност.

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА НАСТАВНИОТ КАДАР ОД СЕПУГС ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН СКОПЈЕ
(2021)

Во периодот од 18 август до 19 декември, 2021 година, Академија ЦЕС реализираше неколку обуки за наставниот кадар од СЕПУГС Васил Антевски Дрен од Скопје:

  • Team Building – Градење тимови и тимска работа
  • Личен план за професионален развој на наставниците и стручните работници
  • Подобрување на дигиталните вештини во наставата преку учење на нови ИКТ Miro, Gather town и e Twinning платформата

Поради настанатите здравствени околности, предизвикани од пандемијата Ковид19, дел од наставниците следеа обуки со физичко присуство, а останатите следеа обука онлајн, преку платформата zoom.

За сите учесници во обуката беа обезбедени соодветни просторни услови за работа и изготвени соодветни материјали за работа.

По завршување на обуките, сите учесници, беа соодветно сертифицирани.

За успешна реализација на обуките, беа ангажирани повеќе предавачи: проф. Д-р. Константин Петковски, Владимир Карев, Љупка Ристовска, Драган Атанасов, Драган Маркоски и Катерина Митковска.

Галерија:

РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА НАСТАВНИОТ КАДАР ОД СЕПУГС “ВАСИЛ АНТЕВСКИ ДРЕН СКОПЈЕ”
(2022)

Во периодот од 17 до 18 декември, 2022 година Академија ЦЕС реализираше неколку обуки за наставниот кадар од СЕПУГС Васил Антевски Дрен од Скопје. Обуките се одвиваа во Скопје и во Велес.

Темите коишто беа опфатени беа:

1. Меѓуетничка интеграција во образованието
2. Училишна клима и култура со акцент на инклузија, дигитализација и тимска работа
3. Образовни модели – од традиционално во современо учење (студии на случаи)

За сите учесници во обуката беа обезбедени соодветни просторни услови за работа, како и соодветни материјали за работа. По завршување на обуките, сите учесници добија сертификати.

За успешна реализација на обуките, беа ангажирани повеќе предавачи и тоа: проф. Љупка Ристовска, проф. Владимир Караев, м-р Мирлинда Реџепи, проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска и м-р Даријан Трајанов.

Галерија:

ЛИЦЕНЦИ И АКРЕДИТАЦИИ

Биро за развој на образованието          https://www.bro.gov.mk/                         

  • Решение за акредитирање на програма и инситуција за услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот и раководниот кадар во средните училишта во Република Македонија на тема: Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност”
  • Решение за акредитирање на програма и инситуција за услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот и раководниот кадар во средните училишта во Република Македонија на тема: Имплементација на содржини за иновации и претприемништво во курикулумот за средно образование во Република Македонија”
  • Решение за акредитирање на програма и инситуција за услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во средните училишта во Република Македонија на тема: Настава и учење во 21 век, создавање иновативни училишта, подготвување на учениците за 21 век”
  • Решение за акредитирање на програма и инситуција за услуги за професионално усовршување на воспитно-образовниот кадар во средните училишта во Република Македонија на тема: Современи концепти на средно образование- новата улога на наставникот и новите стратегии на учење и поучување ”

Bureau for Development of Education   https://www.bro.gov.mk/                        

  • Decision for accreditation of a program and institution for services for professional development of the educational and management staff in the high schools in the Republic of Macedonia on the topic: “Modern methods in teaching, active involvement of students and encouraging their creativity”
  • Decision for accreditation of a program and institution for services for professional development of the educational and management staff in the high schools in the Republic of Macedonia on the topic: “Implementation of contents for innovation and entrepreneurship in the curriculum for secondary education in the Republic of Macedonia”
  • Decision for accreditation of a program and institution for services for professional development of the educational staff in the secondary schools in the Republic of Macedonia on the topic: “Teaching and learning in the 21st century, creation of innovative schools, preparation of students for the 21st century”
  • Decision for accreditation of a program and institution for services for professional development of the educational staff in the secondary schools in the Republic of Macedonia on the topic “Modern methods and concepts of secondary education – the new role of the teacher and new learning and teaching methods and strategies”

 

Министерство за образование  и наука   https://mon.gov.mk/                              

  • Решенија за верификација на установа за реализирање на стручни обуки по верификувана програма за образование на возрасни

Ministry of Education and Science  https://mon.gov.mk/                            

  • Decision for verification of an institution for realization of professional trainings according to a verified program for adult education

Центар за образование на возрасните http://cov.gov.mk/

  • Решенија за верификација на програми за реализирање на стручни обуки за образование на возрасни

Adult Education Center http://cov.gov.mk/                       

  • Decision for verification of programs for realization of professional trainings for adult education

Министерство за животна средина и просторно планирање     https://www.moepp.gov.mk/

  • Решение за овластување за вршење обука за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад

Ministry of Environment and Physical Planning https://www.moepp.gov.mk/

  • Decision for conducting training for the professional exam for management and / or treatment of waste

Центар за стручно образование и обука    http://csoo.edu.mk/

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ
УСЛУГИ

Ви благодариме за интересот! Во моментов, пријавувањата се завршени. Ве охрабруваме да ја посетите нашата веб-страница повторно и следете нè на социјалните мрежи за да останете информирани кога ќе се отворат апликациите. Ви благодариме!

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2023-08-21T18:49:23+02:00

ОБУКИ ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Обуки од ваков тип овозможуваат, стекнување на вештини, преку кои на најдобар можен начин ги идентификувате своите слаби и јаки страни, да ги истекнете предностите, но и слабите страни да ги претворите во предности.

2023-08-21T17:58:52+02:00

ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Светот се врти околу парите, сите сигурно ја чуле таа изрека. Сигурно и многу пати во животот се увериле дека има голема вистина во исказот. Но, прашање е колку сме ние подготвени паметно да управуваме со парите.

2023-08-22T17:28:39+02:00

Обука за Службеник во сметководство

Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето.

2023-08-21T18:09:24+02:00

ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ

Многумина сонуваат да имаат свој бизнис, да бидат менаџери на сопствениот бизнис и успешно да градат своја кариера. Зад секој успешен бизнис стои некој, кој што имал добра идеја, желба за успех и упорност, но пред се посветеност и храброст таа идеја да ја реализира до крај.

2023-08-22T17:26:19+02:00

Обука за деловен асистент

Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски.

2023-08-21T18:49:55+02:00

ОБУКА ЗА ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Да се најде добра работа во денешно време, навистина е предизвик. Не само што треба да ги поседувате вистинските квалификации и вештини, туку многу е важно и како ќе се претставите пред работодавачите. Или уште поголем предизвик може да претставува, како да дојдете до информација за вистинската понуда на работни места.