ОБУКИ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Професионалното усовршување и унапредување на капацитетите на административните службеници е темелот за успешна јавна администрација
Усовршувањето на администрацијата преставува клучен елемент за спроведување на јавните политики и бара континуирано учење и усовршување и подигање на нивото на работните компетенции со цел успешно спроведување на работните цели и задачи а со тоа и овозможување на соодветни и квалитетни услуги на граѓаните и бизнисите.
Обуката и едукацијата се процеси на прилагодување на вработените кон современите услови на работење. Обуката им овозможува на вработените стекнување на нови знаења и практични вештини потребни за работа, раководење, управување и организациско однесување според прифатените правила, регулативи, и стандарди со цел успешно да одговорат на барањата на работното место, промените на пазарот и потрошувачите.
Континуираната едукацијата претставува основа за развој на вработените и напредување во кариерата,
Стручното оспособување и усовршување на административните работници се клучни за интеграцијата во Европската Унија (ЕУ), па поради тоа треба да се прифатат како стратешко прашање и да се интегрираат во процесите на планирање, следење и евалуација на државните органи
Целта на нашите програми и обуки е подигање на нивото на општите работни компетенции на административните службеници за успешно спроведување на работните цели и задачи, a со тоа да се овозможат соодветни и квалитетни услуги на граѓаните и бизнисите.
АКАДЕМИЈА ЦЕС
Your Proffessional Training Center – More than just training
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКИ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ГРАДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА (Град Скопје)
Во периодот од 25.05-02.06.2021 година, во организација на Академија ЦЕС, успешно се спроведоа обуките за вработените во градската администрација од Град Скопје (инспекциски надзор).
Во тие рамки спроведени беа пет различни обуки, на следните теми:
- Обука за решавање на проблеми со цел спроведување ефикасен и унифициран инспекциски надзор (на 35 учесници).
- Обука учење и развој со цел поефикасно вршење на инспекциски надзор (35 учесници).
- Обука за планирање на учинокот, управување со учинок, очекувани резултати од учинокот заради поефикасен и унифициран инспекциски надзор (11 учесници).
- Обука за комуникациските вештини: еднонасочна-двонасочна, вербална-невербална, формална-неформална, цели во комуникацијата при инспекциски надзор, избегнување на недоразбирања заради ефикасен инспекциски надзор (35 учесници).
- Обука за ефективна организација заради постигнување поефикасен инспекциски надзор и постигнување резултати (24 учесници).
Обуките ги реализираа проф. Ристо Иванов и проф. Митко Керамичиев.
Галерија:
ОБУКИ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Во периодот од 06.12.2021 до 23.12.2021 година, во организација на Академија ЦЕС, се одржаа 10 обуки за јакнење на вештините на вработените во Министерството за образование и наука:
- Основните елементи за безбедност и здравје при работа
- Менаџмент на конфликти
- Ориентираност кон клиенти
- Решавање проблеми
- Управување со ризик
- Развој на комуникациски вештини и организација на начин на комуникација
- Справување со КОВИД -19 вирусот
- Спроведување на редовен попис на средства, обврски и побарувања кај буџетските корисници
- Основно ниво Ексел
- Напредно ниво Ексел
За сите учесници беа обезбедени соодветни материјали и по успешното завршување на обуките учесниците беа сертифицирани.
Обуките се реализираа, преку онлајн платформата ZOOM.
Обучувачи беа: проф. Митко Керамитчиев, проф. Ристо Иванов, д-р Александар Колев, проф. Бранислав Гулев и проф. Маријан Стевановски.
Галерија:
ГАЛЕРИЈА ОД ОБУКИ
Your Professional Training Center – More than just training
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД
За да се стекне со Уверението потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.
ОБУКИ ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Обуки од ваков тип овозможуваат, стекнување на вештини, преку кои на најдобар можен начин ги идентификувате своите слаби и јаки страни, да ги истекнете предностите, но и слабите страни да ги претворите во предности.
ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
Светот се врти околу парите, сите сигурно ја чуле таа изрека. Сигурно и многу пати во животот се увериле дека има голема вистина во исказот. Но, прашање е колку сме ние подготвени паметно да управуваме со парите.
Обука за Службеник во сметководство
Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето.
ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ
Многумина сонуваат да имаат свој бизнис, да бидат менаџери на сопствениот бизнис и успешно да градат своја кариера. Зад секој успешен бизнис стои некој, кој што имал добра идеја, желба за успех и упорност, но пред се посветеност и храброст таа идеја да ја реализира до крај.
Обука за канцелариско и архивско работење
Што треба да знаете за канцелариското и архивското работење
Обука за деловен асистент
Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски.
ОБУКА ЗА ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Да се најде добра работа во денешно време, навистина е предизвик. Не само што треба да ги поседувате вистинските квалификации и вештини, туку многу е важно и како ќе се претставите пред работодавачите. Или уште поголем предизвик може да претставува, како да дојдете до информација за вистинската понуда на работни места.