Пред конечното​​ финализирање на проектот ​​ „Мрежа на вешти келнери и готвачи-SCAWNET“, во периодот од 12 до 13 јуни 2018, Тренинг Центарот ЦЕС, беше домаќин на состанокот на партнерите од Италија и Португалија.​​ 

Состанокот следуваше веднаш после успешната обука за меки вештини за вработување, исто така во организација на Трениг центарот ЦЕС и на која учествуваа 30 учесници од Макединија, Португалија и Италија.

На третиот транснационален состанок, партнерите ги анализираа постигнувањата од претходните две години:​​ 

  • Изготвена,​​ објавена и каталогизирана компаративната анализа работена врз основа на истражувања во три држави ​​ „Извештај за анализа на потребата од обука за готвачи / келнери“ (достапен во печатено издание).​​ 

  • Изготвен, објавен и каталогизиран Водич за келнери - „Уметност да се биде успешен келнер“ (достапен во печатено издание).

  • Изготвен, објавен и каталогизиран Водич за готвачи - „Уметност да се биде успешен готвач“ Изготвен, објавен и калогизиран Водич (достапен во печатено издание).

  • Изготвен, објавен и каталогизиран документ со препораки за идни подобрувања на стандардите за профилите готвач и келнер од европска перспектива (достапен во печатено издание).

  • Обучени и сертифицирани 30 келнери / по 10 од секоја држава учесничка во проектот (Македонија, Португалија и Италија)

  • Обучени и сертифицирани 30 готвачи /по 10 од секоја држава учесничка во проектот (Македонија, Португалија и Италија)

  • Обучени и сертифицирани 30 готвачи и келнери за меки вештини, неопходни за барање на работа /по 10 од секоја држава учесничка во проектот (Македонија, Португалија и Италија)

 

Во рамките на состанокот се разгледаа можностите за продолжување на партнерството, идна соработка, како и можностите за понатамошен ангажман во поддршка на стручните и хоризонталните компетенции на лицата активни во угостителскиот сектор.​​