Тренинг центарот ЦЕС, кој што е и коорднатор на проектот „Со добра храна до добро расположение“, поддржан од програмата Еразмус+, во периодот од 12 до 13 декември 2019 година, во Скопје го организираше првиот координативен состанок со партнерите.
На состанокот учествуваа претставници од партнерските организации од Португалија и Италија, а целта беше да се воспостават сите механизми и да се усогласи методологијата за успешна реализација на проектот.
Проектот „Со добра храна до добро расположение“, во суштина е продолжување на успешната соработка со Егина- Италија, реномиран центар за обуки од Италија и Исињаре-Португалија еден од најпрестижните центри за обука на готвачи во Европа. Претходно во соработка со овие тренинг центри, Тренинг центар ЦЕС, го спроведуваше проектот Мрежа на вешти келнери и готвачи.
Целта на проектот „Со добра храна до добро расположение”, поддржан од програмата Еразмус+ е да ги подобри стандардите на занимања, за профилите слаткар и готвач.