fbpx
За нас2021-02-17T22:22:19+00:00

АКАДЕМИЈА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
И ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

РАЗВОЈ НА НОВИ ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА

Никогаш не е доцна за нова струка и нова работа

Сведоци сме на забрзани промени во сите сегменти на македонската општествената активност, како и во начинот на живот на луѓето, почнувајќи од техничките и технолошките иновации, средствата за комуникација, брзината пренос на информациите, од кои сме сè повеќе зависни, до динамиката во образовните форми и содржини, во услугите, културните и спортски активности и сл. Сето ова, ја карактеризира состојбата во развиените општества кои инвестираат големи материјални ресурси во образованието и науката, со што ги прави не само просперитетни, туку и посакуван партнер во меѓународните односи и соработка.

АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. поаѓа од парадигмата дека општество треба да биде засновано на учење и знаење, кое ги поврзува сите нивоа на образование во хармонична и транспарентна целина заснована врз позитивни принципи и цели и во најдобар интерес на сите образовни конзументи.

Ова ќе овозможи создавање услови за развој на сите потенцијали на личноста и реализација на нејзините потреби, почитувајќи го принципот на холистички пристап кон развојот на личноста на сите образовни нивоа, без каква било форма на дискриминација.

Пазарната филозофија на животот, која стана доминантна на планетарно ниво, подразбира конкурентност во сите сегменти на општествениот живот.Тие што се најдобри, односно најконкурентни, се бараат и се наметнуваат.

Образованието е клучен елемент за социјалниот и економскиот живот на општеството.

Моќта на квалитетното образование дава резултати на две нивоа:

на ниво на личниот развој на граѓанинот и на ниво на развој на општеството.

На индивидуално ниво, образованието им овозможува на луѓето да се стекнат со знаења, вештини и да оформат пристап за критичко размислување и правење избор во насока на подобрување на квалитетот на нивниот живот.

На општествено ниво, образованието претставува стратешки сектор од кој зависи севкупниот развој на заедницата.

Живееме во едно многу динамично општество во кое ако не ги искористиме можностите што произлегуваат од промените, не би можеле да се движиме нанапред.

Од особена важност е да се препознае мигот кога се потребни стручни усовршувања, обуки и доквалификации во одредена област и како тоа може најдобро да го искористите.

Затоа постоиме и секојдневно се трудиме да им излеземе во пресрет на сите оние што имаат визија да го надградат своето знаење и да стекнат нови вештини.

Генерален Директор,
Г-ѓа Дијана Зафировска

Today we are witnessing accelerated changes in all segments of our social activity and the people’s life, starting from technical and technological innovations, the means of communication, speed of information transfer, on which we are increasingly dependent, to the dynamics in educational forms and, in services, cultural, sports activities, etc. All this defines the new situation in developed societies that invest large resources in education and science, making us not only prosperous, but also a desirable partner in international relations and cooperation.

ACADEMY C.E.S. starts from the paradigm that a society should be based on learning and knowledge, which connects all levels of education in a harmonious and transparent way based on positive principles and goals and in the best interest of all educational consumers.

This environment will enable the creation of conditions for the development of all potentials of each person and the realization of it needs, respecting the principle of holistic approach to the person development at all educational levels, without any form of discrimination.

Market philosophy of life, which has become dominant on a planetary level, implies competitiveness in all segments of social life. Those that are the best, ie the most competitive, are sought and imposed.

Education is a key element of the social and economic life of society.

The power of quality education gives results on two levels:

at the level of the personal development of the citizens and at the level of the development of the society.

At the individual level, education enables people to acquire knowledge, skills, and approach to forms of critical thinking and making choices to improve their quality of life.

At the societal level, education is a strategic sector on which the overall development of the community depends.

We live in a very dynamic society in which if we do not take advantage of the opportunities that arise from change, we could not move forward.

It is of crucial meaning to recognize the moment when professional training, retraining, and obtaining of qualifications is required and how you can make the best use of it.

That is our mission, and we are devoted to meet all those who have a vision to upgrade their knowledge and gain new skills.

General Manager,
Mrs. Diana Zafirovska

ЛИДЕРИ ВО ОБЛАСТИТЕ НА НЕ(ФОРМАЛНОТО) СТРУЧНО И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е првиот центар за образование на возрасни во Македонија која што нуди доквалификација, преквалификација и секаков вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица. Организацијата е основана во 2000 година и успешно постои веќе 21 годинa, како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лицата од друга страна.

Со гордост, може да нотираме дека: реализирани се повеќе од 420 обуки, семинари, конференции, in-house обуки и слично; обучени преку 32 000 учесници од различни профили во Македонија и регионот. Располагаме со база од над 450 врвни експерти од различни области во полето на образованието од земјата и регионот.

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

Честопати трагајќи по работата од соништата стануваме свесни дека не ги поседуваме вештините и квалификациите кои се потребни за не однесат до целта. Многу е важно, тој момент да го препознаеме и да најдеме вистински партнер кој ќе не води до таа цел; да се дообучиме, да добиеме знаења и докфалификации и на тој начин да создадеме предуслови за вработување, какво што посакуваме. Пазарот на трудот налага постојано приспособување на промените и  постојано надградување на сопствените знаења и пракси. Затоа, многу е корисно, да се има информација, во секој момент, каде може да се стекнеме со обуки за преквалификација и можност за стекнување нова вештина, нов занает од кој ке имаме стабилна егзистенција и сигурен приход.

АКАДЕМИЈА ЦЕС е акредитирана установа од страна на Министерство за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образование, Центарот за стручно образование и обука, како и Министерство за животна средина, за спроведување на висококвалитетни програмски содржини за обуки.

ЦЕС има воспоставено стратешко партнерство со партнери од повеќе европски земји (Романија, Словенија, Португалија, Италија, Бугарија, Полска, Германија, Словенија). Со партнерските организации заеднички се креираат нови модерни програми за обуки согласно Европските текови, се разменуваат искуства, се прават анализи, стратегии за подобрување на образовната понуда во нашата и нивната држава.

Се реализираат мобилности и обуки на кандидати кои веќе посетуваат обука во нашите центри со цел нивно практично усовршување и стекнување компетенции во интернационална средина при тоа разменувајќи искуства, знаења, вештини и добри практики како и стекнување нови компетенции кој ќе им овозможат полесна интеграција во пазарот на трудот и побрзо вработување/или самовработување.

Кандидатите по завршување на обуките добиваат сертификат/диплома кој има статус на државна диплома со која имаат право да се вработат или да отворат сопствен бизнис. Кандидатите кои посетуваат и интернационална практична обука во друга држава се стекнуваат и со  Европски признаен сертификат- Europass Certificate.

Во Академија ЦЕС делуваат 6 сектори:

  1. Стручни вештини – занаети и административни курсеви
  2. Образование на возрасни/ животна средина и управување со отпад
  3. Обуки за вработени во јавна администрација
  4. Јазични вештини и преводи
  5. Обуки за наставници
  6. Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)

А. ОБРАЗОВНИ СТРУЧНИ ПРОГРАМИ и ОБУКИ кој се организираат во ЦЕС се следниве: службеник во сметководство, деловен асистент, фризер, козметичар, шминкер, масер, шивач, виљушкарист, багерист, ракувач со градежна механизација, електричар, гипс монтер, плочкар, монтер на ламинатни и дрвени подови, готвач, слаткар, пекар, келнер, рецепционер, собарка, туристички водич итн

Б ОБРАЗОВНИ ХОРИЗОНТАЛНИ ВЕШТИНИ кој се организираат во ЦЕС се следниве: јазични вештини, дигитални вештини, животна средина и управување со отпад, личен и професионален развој, вештини за вработување, претприемништво, семејна писменост и финансиска писменост.

ПОНУДАТА НА ОБУКИ НА АКАДЕМИЈА ЦЕС Е НАМЕНЕТА ЗА ДВЕ КАТЕГОРИИ СЛУШАТЕЛИ:

  1. Млади лица на возраст од 18 до 30 години кои имаат желба да се доусовршат, да стекнат практични вештини во својата струка, дигитални вештини, да научат јазици или т.н меки вештини за вработување и подобра комуникација.
  2. Невработени лица на возраст од 19 до 55 год., кои сакаат да се доквалификуваат или преквалификуваат во друга професија или да го надополнат своето образование со некоја од хоризонталните вештини.

АКАДЕМИЈА ЦЕС особено внимание посветува на опфатот на слушатели со ограничени можности како што се: слушатели од социјално загрозени категории, слушатели од рурални средини, лица без родители, лица без оформено образование, лица од запоставени населени места и сл. Оваа категорија лица често се соочуваат со проблемот да земат учество во развој на професионалнии и стручни вештини од меѓународен карактер поради запоставеност од системот и недоволна информираност за образовни можности како и можности за барање работа.

АКАДЕМИЈА ЦЕС како општествено одговорна компанија, обезбедува дополнителна поддршка од страна на тимот обучувачи, при работа со лица со помалку можности, ваучери за финансиска поддршка и вклучување во меѓународни мобилности пеку Еразмус+ програмата и бесплатни обуки поддржани од ИПА проекти.

Нашата мисија е да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните преку промовирање и спроведување на концептот за доживотно учење, креирање и спроведување на иновативни програми, обуки за преквалификација и дополнителни обуки во согласност со потребите на пазарот на трудот.

Нашата визија е низ целокупното работење да создадеме капацитети во модерно општество, кои ќе поттикнуваат прогресивни идеи, почитувајќи ја различноста во секоја форма.

Тежнееме да создадеме општество на функционално писмени граѓани кои целосно го прифаќаат концептот на доживотно учење и општество што ги почитува принципите на одржлив развој.

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ:

  • 2020-2021 – Erasmus KA104-Project – Образование на возрасни Developing “Work Based Dual Learning Model for VET” – Развој на модел за дуално образование за СОО –Обука на обучувачи од Академија ЦЕС во Германија кај партнер органзиација Pinguin Academy
  • 2019-2020 Erasmus KA101-Project – „The skills that pay the bills“ –Со вештини до подобра заработка – 12 лица слушатели на ЦЕС ќе учествуваат на напредна обука во партнерски институции во Италија- VEM и Бугарија-Ragina обуката има за цел подобрување на вештините и компетенциите за професиите Фризер, Козметичар и Декоративен маникир.
  • 2019-2021 Erasmus KA202-Project – „Good food is good mood“ – Со добра храна до добро расположение, Во овој проект ќе се рзвиваат вештини за професиите Готвач и Слаткар -Стратешко партнерство со партнерски институции од Италија-Egina и Португалија- Insignare.Во рамките на проектот е се обучат 90 невработени лица од Македонија, Португалија и Италија и ќе стекнат компетенции за професиите слаткар и готвач
  • 2016-2018 Erasmus KA202-Project – „Skilled Cooks and Waiters Network“- Вештини за професиите Готвач и Келнер – Стратешко партнерство со партнерски институции од Италија-Egina и Португалија- Insignare.Проектот имаше за цел развивање на компетенциите за професиите келнер и готвач и размена на добри практики во европска средина. Се обучија 90 невработени лица од Македонија, Португалија и Италија и стекнаа компетенции за професиите келнер и готвач
  • 2016-2019 Erasmus KA204-Project – „Family literacy works!” –Семејната писменост функционира! Меѓународно партнерство насочено кон иновации со цел да се развие кохерентна програма за обука што ќе обезбеди поддршка за семејствата – родители и деца – и ќе помогне во развој на нови вештини за писменост.

Проект прогласен за добра пракса од Европска комисија

  • 2014-2016 Erasmus KA202-Project – „Taking the Road to Employment – Developing New Skills and Knowledge of Unemployed Person“- Пат до вработување е партнерство омеѓу Македонија-ЦЕС, Полска-Syntea, Романија-Aleron и Бугарија-Teza.Проектот имаше за цел да ги подобри можностите за вработување на млади лица, преку низа на обуки и стекнување компетенции за личен и професионален развој.

    60 невработени млади лица се обучија за иновации и претприемништво, дигитални вештини, интернет маркетинг, пишување проектни апликации.

    За постигнатите резултати овој проект е прогласен за добра практика од ЕК и има ознака за квалитет: https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/2014-1-MK01-KA204-000246.

  • 2013-2020 Агенција за вработување – Обука за невработени лица со помалку можности на за јазични компетенции, дигитални вештини, стручни вештини службеник во сметководство и шивач. Обучени беа 460 невработени лица.
  • 2016-2018 година, ИПА проект – Компонента 4, „Платформа за претприемништво за економска и социјална инклузија на жени со органичени можности, социјално загрозени категории од рурални средини и запоставени населени места “111 невработени жени добија можност за обука за личен развој, компјутерска обука, курсеви за англиски јазик како и стручни обуки за да се преквалификуваат во професиите: фризер, масер, козметичар и сметководител. Обуките беа реализирани на регионално ниво во 4 градови: Тетово, Скопје, Штип и Куманово.
  • 2013-2015 година, ИПА проект – Компонента 4, „Подобрување на вештините и компетенциите на невработените жени со помалку можности, социјално загрозени категории од рурални средини и запоставени населени места. 80 невработени жени добија можност да стекнат стручна квалификација за професиите кројач, фризер, козметичар, службеник во сметководство.

CES ACADEMY is the first center for vocational and adult education in Macedonia, that offers additional training, retraining and all kinds of training for personal and professional development of adults. The organization is founded in 2000 and successfully exists for 21 years, as a link between the needs of the labor market and employers on the one hand and the unemployed on the other.

We can proudly note that: we have implemented over 420 trainings, seminars, conferences, in-house trainings, trained over 32 000 participants from different profiles in Macedonia and the region. We have found base of over 450 experts in various fields in the field of education from the country and the region.

Successfully, we promote and develop the concept of lifelong learning and enhance the quality of cultural life locally and in the region, continuously following the scope of changes, as well as the requirements for continuous mutual information, exchange of information, experiences and skills.

Often, looking for the job of our dreams we become aware that we do not have the skills and qualifications needed to take us to that goal. The most important thing at that moment is to start with a request where we can further train to obtain knowledge and additional qualifications, thus to create the preconditions for employment, as we wish. The labor market requires constant adaptation to change and constant upgrading of one’s own knowledge and practices. Therefore, it is best to be informed, at any time, where we can gain retraining and the opportunity to acquire a new skill, a new craft from which we will have a stable existence and a secure income.

ACADEMY CES is an accredited institution by the Ministry of Education and Science, the Center for Adult Education, the Bureau for Development of Education, the Center for  Vocational Education and Training and the Ministry of Environment protection, for the implementation of high quality training program contents.

CES has established strategic partnerships with partners from several European countries (Romania, Slovenia, Portugal, Italy, Bulgaria, Poland, Germany, Slovenia). With these partner organizations, are developing new modern training programs in accordance with European trends. We exchange experiences, prepare analyzes, convey researches and develop strategies in order to improve formal and non-formal education in our country and at European level.

We offer mobilities to the candidates who already attended some of the trainings in our center, in order to provide practical training and acquisition of competencies in an international environment, exchange of experiences, knowledge, skills and good practices as well as acquiring new competencies that will enable easier integration in the market and faster employment or self-employment.

After the completion of trainings, the candidates receives a certificate / diploma that with status of a state diploma, which enables them to be employed or to start their own business. Applicants involved in international trainings in another country, additionally obtain Europass certificate.

There are 6 departments in the CES Academy:

  1. Vocational education and training
  2. Adult education including environmental and waste management
  3. Trainings for public administration employees
  4. Language skills and translations
  5. Trainings for teachers
  6. Projects and consulting services (IPA, Erasmus +)
  7. VET PROGRAMS and TRAININGS: accounting officer, business assistant, hairdresser, beautician, make-up artist, masseur, seamstress, forklift, excavator, construction worker, electrician, construction wooden floors worker, cook, confectioner, baker, waiter, receptionist, maid, tour guide, etc.

B HORIZONTAL EDUCATIONAL SKILLS organized at CES are the following: language skills, digital skills, environmental and waste management, personal and professional development, employment skills, entrepreneurship, family literacy and financial literacy.

THE OFFER OF TRAININGS AT THE CES ACADEMY IS INTENDED FOR TWO CATEGORIES OF LISTENERS:

  1. Young people aged 18 to 30 who want to improve their skills, gain practical skills in their profession, develop digital skills, learn languages ​​or invest in communicational or soft skills for employment.
  2. Unemployed persons aged 19 to 55, who wish to train or retrain in another profession, or to upgrade their education with some of horizontal skills.

We live in a very dynamic society in which if we do not take advantage of the opportunities that arise from change, we could not move forward.

It is especially important to recognize the moment when professional training, training and additional qualifications are needed in a certain area and how you can make the best use of it. That is why we exist and we try every day to meet all those who want to upgrade their knowledge and gain new skills.

CES ACADEMY pays special attention to the candidates with fewer opportunities such as: socially disadvantaged categories, from rural areas, orphans, people without education, people from neglected settlements, etc. This category of individuals, due to neglect of the system, has many obstacles to access education. They have difficulties in providing sources for professional development and improvement of skills, practical experience in international environment and insufficient information about educational opportunities and job opportunities.

CES ACADEMY as a socially responsible company, provides additional support to this category: support of trainers, vouchers and free of charge involvement in international mobility and trainings, through the Erasmus + program and IPA projects support.

Our mission is to improve the quality of life of citizens through the promotion and implementation of the concept of lifelong learning, creation and implementation of innovative program content, prequalification training and additional training in accordance with the needs of the labor market.

Our vision for the overall operation is to build capacity in a modern society, involved in modernization trends, which encourages progressive ideas, respecting diversity in every form.

We thrive to create a society of functionally literate citizens who fully accept the concept of lifelong learning and a society that respects the principles of sustainable development.

PROJECTS:

  • 2020-2021 – Erasmus KA104-Project – Adult Education Developing Work Based Dual Learning Model for VET – Train of trainers from CES Academy in Germany with a partner organization Penguin Academy.
  • 2019-2020 Erasmus KA101-Project – „The skills that pay the bills“ -12 participants will participate in mobility to improve skills and competencies for professions hairdresser, beautician and decorative manicure at partner institutions in Italy – VEM and Bulgaria – Ragina.
  • 2019-2021 Erasmus KA202-Project – „Good food is good mood“ –In this strategic partnership, competences for the professions cook and pastry cook in cooperation with partner organization Egina, Italy and Insignare Portugal. Within the project, 90 unemployed people from Macedonia, Portugal and Italy will be trained and acquire competencies for the professions of cook and pastry cook.2016-2018 Erasmus KA202-Project – „Skilled Cooks and Waiters Network“- It is strategic partnership created to develop competences for the professions cook and waiter in cooperation with partner organization Egina, Italy and Insignare Portugal. Within the project, 90 unemployed people from Macedonia, Portugal and Italy were trained and acquired competencies for the professions of cook and waiter.
  • 2016-2019 Erasmus KA204-Project – „Family literacy works!” – This international Partnership is focused on innovation in order to develop a coherent training program to support the families- parents and children – and assist them in development of new literacy skills.

Good practice project- label from European commission

  • 2014-2016 Erasmus KA202-Project – „Taking the Road to Employment – Developing New Skills and Knowledge of Unemployed Person“- is a strategic partnership developed between: Macedonia-CES, Poland-Sintea, Romania-Aleron and Bulgaria- Tesa.This project was designed to create better employment opportunities for young people, through a series of training and acquisition of competencies for personal and professional development.

    60 unemployed young people are trained in innovation and entrepreneurship, digital skills, internet marketing and project application writing.

    Link to the Good practice project- label https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/2014-1-MK01-KA204-000246.

  • 2013-2020 Employment Agency – Training for unemployed people with fewer opportunities for language competencies, digital skills, professional skills accounting and seamstress. Within this project 460 unemployed people were trained.
  • 2016-2018 IPA- Component 4, Entrepreneurial platform for economic and social inclusion of women with fewer opportunities. 111 unemployed women received the opportunity for personal development training, digital skills training, english language courses VET trainings for the professions: hairdresser, masseur, beautician and accountant. This trainings were implemented in 4 cities: Tetovo, Skopje, Stip and Kumanovo.
  • 2013-2015 IPA- Component 4 – Improvement of Employment Potentials of Women from Ethnic Communities in the Labour Market In cooperation with the SEED Foundation, CES Academy conducted a series of professional trainings for unemployed women from underdeveloped rural areas of different ethnicities (Turks, Roma, Serbs, Bosniaks, Albanians) from 4 regions: Skopje, Debar, Strumica, Kumanovo.

General Manager
Dijana Zafirovska

Стратегија за развој на образовните услуги на ЦЕС за периодот 2020-2025

Може да го погледнете воведниот дел од планот за развој на Академија ЦЕС за наредниот период.

МИСИЈА

Да обезбедиме квалитетно образование, преку стекнување знаења и вештини потребни за живот во модерната ера, кои ќе бидат достапни за сите под еднакви услови и со почитување на индивидуалните можности што ќе обезбеди услови за просперитетен живот на луѓето.

ВИЗИЈА

Квалитетното образование, како и претприемачката иницијатива кои значително влијаат на квалитетот на животот на секоја индивидуа, односите во општеството и целокупниот социјален развој.

Усвојувањето на квалитетни знаења, вештини и компетенции засновани на извонредност и иновации, кои ќе го олеснат прилагодувањето кон економските и другите промени што го карактеризираат животот во 21 век, како и подобрување на целокупната состојба во општеството.

ЛИЦЕНЦИ И АКРЕДИТАЦИИ

СОРАБОТНИЦИ

ПУБЛИКАЦИИ

ВО ИЗРАБОТКА …

НАСТАНИ

2201, 2021

Потпишана Рамковна спогодба за набавка на услуги за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ

Потпишана Рамковна спогодба за набавка на услуги за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ - писмен превод, јазична ревизија и лектура на ЕУ акти помеѓу СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА И АКАДЕМИЈА Ц. Е. С.

1702, 2019

ОБУКА ЗА ФАСИЛИТАТОРИ ЗА СЕМЕЈНА ПИСМЕНОСТ

Во периодот од 11.02-17.02.2020 година двајца претставници-експерти од тимот на Академија Ц.Е.С. беа присутни на 5-дневниот настан за обука на сите преставници од партнер организациите од Бугарија, Словенија, Македонија, Романија и Португалија. Настанот се одржа во градот Тадим во Португалија

2311, 2018

Натпревар за развој на претприемачка идеја на средношколци во оргaнизација на Џуниор Ачивмент Македонија

На 23ти ноември 2018, во Скопје, се одржа Иновативен камп-натпревар на средношколци во оргaнизација на Џуниор Ачивмент Македонија, а со финансиска помош од USAID Macedonia.

1707, 2018

Обука за меки вештини за вработување

Заврши последната од трите обуки предвидени во рамките на проектот “МРЕЖА НА ВЕШТИ КЕЛНЕРИ И ГОТВАЧИ”, реализиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С. –Македонија и партнер организациите- INSIGNARE- Португалија и EGInA-Италија, како дел од стратешкото партнерство за промоција и развој на обуки и мобилности. Програмата е финансирана од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус+.

1812, 2017

Одбележување 30 години од Еразмус и промоција на добри практики од имплементираните проекти

На ден 18.12.2017 Директорката на Тренинг центар Ц.Е.С.-г-ѓа Дијана Зафировска, како и многу наставници и професори, претставници од јавниот сектор и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Валоризационата конференција, која што се одржа во Скопје, како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

КООРДИНАТИВНИ СОСТАНОЦИ СО ЕВРОПСКИ ПАРТНЕРИ

3011, 2020

преку зум платформата, беше одржан третиот координативен состанок, помеѓу партнерите во проектот „Со добра храна до добро расположение! “

На 30 Ноември 2020, преку зум платформата, беше одржан третиот координативен состанок, помеѓу партнерите во проектот „Со добра храна до добро расположение! “. Целта на состанокот беше да се интензивира комуникацијата со партнерите од Италија и Португалија, со кои во сложени околности причинети од светската пандемија Ковид 19, се реализраат проектните активности.

705, 2020

Во рамките на проектот „Со добра храна до добро расположение! “ Тренинг центарот ЦЕС го одржа вториот (онлајн), координативен состанок со партнерите од Италија и Португалија

Во рамките на проектот „Со добра храна до добро расположение! “ на 7 Мај 2020 (онлајн), Тренинг центарот ЦЕС го одржа вториот координативен состанок со партнерите од Италија и Португалија. Целта на состанокот беше сумирање на имплементираните активности, анализа на влијанието на глобалната пандемија Ковид19 и определување на нова динамика за реализација на проектните активности.

1411, 2019

Тренинг центарот ЦЕС, кој што е и коорднатор на проектот „Со добра храна до добро расположение“,во Скопје го организираше првиот координативен состанок со партнерите

Тренинг центарот ЦЕС, кој што е и коорднатор на проектот „Со добра храна до добро расположение“, поддржан од програмата Еразмус+, во периодот од 12 до 13 декември 2019 година, во Скопје го организираше првиот координативен состанок со партнерите.

1507, 2018

Тренинг центарот ЦЕС беше домаќин на четвртиот координативен состанок на партнерите од проектот “Семејната писменост функционира! “

Од 13 до 14 јули 2018 година, во Скопје, Тренинг центарот ЦЕС беше домаќин на четвртиот координативен состанок на партнерите од проектот “Семејната писменост функционира! “. Целта на состанокот беше анализа на имплементарните проектни активности и подготовка на активностите за пилотирање на наставната програма за обука на фасилитатор за семејна писменост.

1806, 2018

Тренинг Центарот ЦЕС, беше домаќин на состанокот на партнерите од Италија и Португалија, пред конечното финализирање на проектот

Пред конечното финализирање на проектот „Мрежа на вешти келнери и готвачи-SCAWNET“, во периодот од 12 до 13 јуни 2018, Тренинг Центарот ЦЕС, беше домаќин на состанокот на партнерите од Италија и Португалија.

2110, 2017

Во Банско, Бугарија беше одржан третиот координативен состанок помеѓу партнерите.

Во рамките на проектот „Семејната писменост функционира! “, во Банско, Бугарија, во периодот од 20 до 21 октомври, беше одржан третиот координативен состанок помеѓу партнерите. Целта на состанокот беше со организациите од Романија, Бугарија и Словенија, кои се партнери во овој проект, да се следи динамиката на реализација на проектните активности.

ИНТЕРВЈУА

2006, 2018

ИНТЕРВЈУ СО ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА ДИРЕКТОР НА АКАДЕМИЈА ЦЕС: ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА НОВА СТРУКА- НОВА РАБОТА ?

Честопати трагајќи по работата од соништата стануваме свесни дека не ги поседуваме вештините и квалификациите кои се потребни за истото. Најважно е во тој момент да почнеме со барање каде може да се дообучиме или добиеме знаења и докфалификации со цел да се добие можност за вработување или да го работиме тоа што го сакаме. Пазарот на трудот налага да се приспособуваме во текот на работоспособниот живот и да бараме постојано надградување на сопствените знаења и пракси. Затоа, најдобро е да се биде информиран, во секој момент, каде може да се стекнеме со такви обуки за преквалификација.

2008, 2017

Интервју со г-ѓа Дијана Зафировска, генерален менаџер на Центарот за обука CES

Дел од активностите е и проектот финансиран преку програмата „Еразмус плус“ на Националната агенција за европски образовни програми, чија цел е да се поттикнат иновативноста и креативноста кај невработените лица, да се запознаат со темите и со предизвиците во областа на претприемаштвото и да се охрабрат младите невработени луѓе да развијат сопствени идеи и иницијативи за социјално претприемаштво. Овој проект се спроведува со други партнер- организации од Полска, Бугарија и од Романија и оние што ќе се пријават ќе имаат можност да ги споделат искуствата со искуствата на невработените лица од овие земји.

2008, 2017

ИНТЕРВЈУ СО Г- ѓа ДИЈАНА ЗАФИРОВСКА ДИРЕКТОР НА АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СЕ ВРАБОТИТЕ?

Честопати трагајќи по работата од соништата стануваме свесни дека не ги поседуваме вештините и квалификациите кои се потребни за истото. Најважно е во тој момент да почнеме со барање каде може да се дообучиме или добиеме знаења и докфалификации со цел да се добие можност за вработување или да го работиме тоа што го сакаме. Пазарот на трудот налага да се приспособуваме во текот на работоспособниот живот и да бараме постојано надградување на сопствените знаења и пракси. Затоа, најдобро е да се биде информиран, во секој момент, каде може да се стекнеме со такви обуки за преквалификација.

ФИНАЛНИ КОНФЕРЕНЦИИ

2708, 2018

ФИНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА за ПРОЕКТОТ – Мрежа на вешти келнери и готвачи (Skilled cooks and waiters network – SCAWNET)

На 27 август 2018, како завршен настан на успешната реализација на проектот Мрежа на вешти келнери и готвачи (Skilled cooks and waiters network - SCAWNET), беше одржана финална конференција во ЕУ инфо центарот во Скопје. Проектот SCAWNET е двегодишно стратегиско партнерство во стручно образовабие и обука, кој се реализираше во рамките на програмата на ЕУ Еразмус+.

2812, 2016

Завршна конференција од проектот „Пат до вработување – Развивање на нови вештини и знаењa на невработените лица“ (ROAD TO EMPLOYMENT)

На 28 Декември 2016, во Скопје, Тренинг центарот ЦЕС ја организираше завршната конференција од проектот „Пат до вработување - Развивање на нови вештини и знаењa на невработените лица“. Целта на овој настан, беше да се претстават резултатите постигнати при спроведувањето на проектот.

ПРЕДНОСТИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОМАЛКУ МОЖНОСТИ

Академија Ц.Е.С. континуирано им дава можност и предност на лицата со помалку можности, кои се соочуваат со различни видови тешкотии, како што се:

  • КУЛТУРНИ РАЗЛИКИ

Како мултинационално општество со Македонци, Албанци, Турци и други малцинства, очекуваме дека кандидатите ќе бидат подготвени да присуствуваат на нашите обуки, голем број на лица во моментов се слушатели во нашиот центар за обука. Нивната потешкотија ќе биде незабележлива  и може да се надмине ако сите станеме свесни за различните религии, раси, боја на кожата, верувања итн. За оние учесници од оваа категорија организираме работилници за да ги информираме за потребните активности во кои што ќе бидат вклучени , да се разбираат и да се прифатат едни со други. Ако секој од нив дискутира за своите верувања и потреби, ќе можеме да имаме ефикасен исход од работилницата и да ги поддржуваме без оглед на тоа што бара нивната разлика.

  • ГЕОГРАФСКИ Пречки

Многу наши кандидати доаѓаат од подалечни и рурални области. Тие не се во можност да присуствуваат на обуките во секое време, така што нашата поддршка е во однос на организирање настани за обука во периоди што им се најпогодни, според возниот ред на јавниот превоз што го користат, или ние обезбедуваме сопствено возило доколку има суштинска потреба за ова. Друга поддршка за оваа категорија вклучува организирање работилници како дел од дисеминациските активности и мултипликациските настани што ќе се организираат во местата каде што живеат овие кандидати.

  • ЕКОНОМСКИ Пречки

Многу голем број на лица кои се заинтересирани за стручна обука и преквалификација имаат економска пречка, тие не можат да си дозволат да ја плаќаат обуката дури и со сите попусти што ги обезбедуваме како давателите на обуки. Настрана ова, ние се соочуваме со лица кои имаат голем талент за стручно образование и голема желба за неформално образование и преквалификација, но не се во можност да ги исполнат своите соништа, заради економската неповолност. Затоа, ќе вклучиме кандидати со ваков вид на проблеми и ќе ја обезбедиме потребната обука за оние што навистина сакаат да ги подобрат своите вештини и да најдат подобра работа и егзистенција.

АКАДЕМИЈА ЦЕС

ЗАЕДНО ГО ГРАДИМЕ УСПЕХОТ

АКАДЕМИЈА ЦЕС

Лидери во областите на (не)формалното стручно образование и возрасни кој на својот времеплов бележи преку 420 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл., преку 36 000 обучени лица од различни профили во Македонија и регионот.

Контакт инфо

Огнен Прица бр. 4/1-15,
1000 Скопје

Mobile: 078 339 502