Академија ЦЕС, во партнерство со CRHACK LAB FOLIGNO 4D од Италија и Adult Education Institution Studium од Хрватска, во рамки на проектот IN+ Learning Opportunities for Low-Qualified Workers, објавува повик за учество на бесплатна обука за дигитални вештини.
Обуката е наменета за лица со пониско ниво на квалификации, ограничено формално образование или ограничено стручно оспособување, како и за возрасни лица кои сакаат да ги подобрат своите дигитални вештини, полесно да користат секојдневни дигитални алатки и да ги зголемат своите можности за вработување.
Што ќе добијат учесниците?
Учесниците ќе имаат можност:
- да учат преку практични вежби и јасни објаснувања;
- да ги користат модулите и видео-упатствата подготвени во рамки на проектот;
- да стекнат поголема сигурност при користење дигитални алатки во секојдневниот живот и за потреби поврзани со работа.
Што ќе опфаќа обуката?
Обуката ќе опфати практични теми како што се:
- основни дигитални и онлајн вештини;
- комуникација и користење е-пошта;
- користење на Word алатки;
- AI алатки за секојдневни дигитални задачи;
- други практични дигитални вештини опфатени со проектот.
Услови за учество
Учеството е целосно бесплатно.
Детали за обуката
Како да се пријавите?
Краен рок за пријавување: 20.05.2026.
Бројот на места е ограничен, затоа се препорачува навремено пријавување.