Министерство за животна средина и просторно планирање https://www.moepp.gov.mk/
Решение за овластување за вршење обука за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад
Ministry of Environment and Physical Planning https://www.moepp.gov.mk/
Decision for conducting training for the professional exam for management and / or treatment of waste
УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД
Управител со отпад е лице одговорно за управување и/или постапување со отпад кај правно или физичко лице кое создава, поседува или постапува со отпад. Согласно со членот 21 од Законот за управување со отпад правните и физичките лица кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице – управител за отпад.
Согласно со член Член 38 :
Управителот со отпад ги врши следните активности:
- се грижи за реализација и ја спроведува годишната програма на правните и на физичките лица
- ја следи тековната состојба во управувањето со отпадот;
- да преземе активности и мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад;
- се грижи за спроведување и примена на постапките за постапување со отпад согласно
- со овој закон или друг пропис , води евиденција и изготвува извештаи и ги спроведува обврските согласно со членот 39 на овој закон и прописите за управување со отпад;
- изготвува извештаи за поголеми незгоди или хаварии кои можат да настанат при постапувањето со отпадот
- ги информира раководните органи на правното и физичкото лица за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството , третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и предлага конкретни решенија е одговорен за правилното постапување со отпад;
- го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и се отстранува и ја следи тековната состојба во управувањето со отпадот.
Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање.
За да се стекне со Уверението потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.
Сертификатот за стручна оспосoбеност се стекнува со завршување на обука за управување и /или постапување со отпад која ја спроведува и издава овластено правно лице кое според ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПРАВНИТЕ ЛИЦА ШТО ВРШАТ СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ е овластено од страна на Министерот кој раководи со органот на државната управа
- надлежен за работите од областа на животната средина и согласно со ПРОГРАМАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА „Сл. Весник на РМ“ бр. 74/11.
- има високо образование со тригодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина
- или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпадот и /или животната средина.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД
Програмата за обуката за полагање на стручен испитот за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часови и тоа со следниот број на часови:
- 20 часа – општи прописи и правила за управување и постапување со отпад и
- 30 часа – прописи за управување и постапување со посебни текови на отпад.
ОПФАТЕНИ ТЕМИ
- Општи прописи и правила за управување и постапување со отпад
- Нацинални прописи и меѓународни конвенции за отпад
- Видови на отпад (селекција и класификација- Листа на видови на отпад)
- Водење евиденција и известување
- Постапување со неопасен отпад
- Постапување со опасен отпад
- Основни видови на опасности кои може да ги предизвика опасниот отпад
- Забрани и прописи кои се однесуваат на постапување со опасниот отпад
- Постапки и мерки за заштита на животната средина при постапување со опасниот отпад и посебните видови на опасен отпад
- Барања за пакување, означување, и обележување, ракување.
- Постапки во случај на голема опаснот или хаварија
- Депонирање на отпад
- Постапки за прифаќање на отпадот, постапки за следење и контрола на влијанието на депонијата и грижа за депонијата по прстанок на работата
- Постапки и барања при горење или согорување на отпадот
- Увоз- Извоз и транзит на роба
- Документи за увоз –извоз и транзит на докумнети
- Прописи за управување и постапување со отпад и посебни видови на отпад
ТЕМИ
- Барања и постапки при управување и со медицински отпад
- Барања и постапки при управување и постапување со отпадни масла и ПХБ
- Барања и постапки за постапување со искористени возила
- Барања и постапки за постапување со отпад од азбест и отпад од производи кои содржат азбест
- Барања и постапки за управување и постапување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.
- Барања и постапки за управување и постапување со пакување и отпад од пакување
- Барања и постапки за управување и постапување со електрична и електронска опрема и отпадна електрицна и електронска опрема
- Барање и постапки за физички третман, хемиски третман и биолошки третман на отпадот.
- Управување со металуршка троска како отпад
- Постапки за минимизирање на отпадот
- Постапки за рециклирање на пооделни видови на отпад
На кандидатот кој редовно ја посетувал обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад Тренинг центар ЦЕС издава потврда за учество во обука за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад.
Потврдата се издава согласно со П Р А В И Л Н И К ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПРАВНИТЕ ЛИЦА ШТО ВРШАТ СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ, ПРОГРАМАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОТВРДАТА ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА ЗА СТРУЧНО ОСПОСОБУ ВАЊЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕСО ОТПАД (Сл. Весник на РМ бр.74 од 2 јуни 2011 год.)
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД
За да се стекне со Уверението потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.
ОБУКИ ЗА ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Обуки од ваков тип овозможуваат, стекнување на вештини, преку кои на најдобар можен начин ги идентификувате своите слаби и јаки страни, да ги истекнете предностите, но и слабите страни да ги претворите во предности.
ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
Светот се врти околу парите, сите сигурно ја чуле таа изрека. Сигурно и многу пати во животот се увериле дека има голема вистина во исказот. Но, прашање е колку сме ние подготвени паметно да управуваме со парите.
Обука за Службеник во сметководство
Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето.
ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ
Многумина сонуваат да имаат свој бизнис, да бидат менаџери на сопствениот бизнис и успешно да градат своја кариера. Зад секој успешен бизнис стои некој, кој што имал добра идеја, желба за успех и упорност, но пред се посветеност и храброст таа идеја да ја реализира до крај.
Обука за канцелариско и архивско работење
Што треба да знаете за канцелариското и архивското работење
Обука за деловен асистент
Администраторот, како што уште се нарекува деловен асистент, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини кои мора да ги поседува со цел успешно да одговори на работните обврски.
ОБУКА ЗА ВЕШТИНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Да се најде добра работа во денешно време, навистина е предизвик. Не само што треба да ги поседувате вистинските квалификации и вештини, туку многу е важно и како ќе се претставите пред работодавачите. Или уште поголем предизвик може да претставува, како да дојдете до информација за вистинската понуда на работни места.