ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ

СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

АКАДЕМИЈА ЗА
СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
И ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

РАЗВОЈ НА НОВИ ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊА

Развиваме едукативен систем, систем за дигитално, јазично и претприемничко образование

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е првиот центар за образование на возрасни во Македонија која што нуди доквалификација, преквалификација и секаков вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица. Организацијата е основана во 2000 година и успешно постои веќе 23 години, како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лицата од друга страна.

Унапредете го своето знаење со нас
Ние ви нудиме преку 120 профили на обуки

„Образованието е најмоќното оружје што можете
да го употребите за да го промените светот.“
– Нелсон Мандела

ИСКУСТВА ОД СЛУШАТЕЛИ

“Отсекогаш сум имала дарба и желба да научам и да работам нешто од делот за Лични услуги. Завршив средно образование и веднаш стапив во контакт со Академија Ц.Е.С. Најпрво ја проследив обуката за Фризери, каде што моето претходно знаење го надоградив и збогатив со нови техники. Потоа во исто време ги запишав обуките за Козметичар и Шминкер.  Со голема желба и интерес ги проследив и овие обуки.

По завршување на обуките, започнав со работа во Фризерско-козметички салон во Карпош, кадешто сеуште работам во сите овие области. Не згрешив што ги проследив овие обуки. Се чуствувам исполнето и препорачувам на сите да го следат својот сон  и да инвестираат во себе.”

Лиридона Алиу, Фризер со државен сертификат

“Имав  голема желба да посетам обука за службеник во сметководство, истражував и  слушнав за обуките кои ги нуди Академија Ц.Е.С. кадешто се пријавив за оваа обука. Обуката започна со основите на смеководството, работевме на компјутерски програм со реални документи за книжење се до подготовка на завршна сметка. Најголемата сигурност ми беше покрај практичната обука и консалтинг услугите кои ги нудат ЦЕС по завршување на обуките, каде што за секоја понатамошна потешкотија можеме за совет да ги контактираме  и постепено напредувавме со работатата.

По завршување на обуката добив државно признаен сертификат  кои исто така ми даде сигурнот дека поминав обука со квалитетна програма. По некое време, успев во она што ми беше и примарната цел, се вработив во банка, каде што можам да го применам се она што го научив и да напредувам во кариерата.

Оваа обука ја препорачувам на секого, кои што сака да го надогради  своето знаење од оваа област, одличен предавач-практичар, со големо искуство позади себе, стрплив во секој поглед . Голема благодарност и до тимот на ЦЕС кои неизмерно се грижеше за секој детал од обуката и програмата”

Јована Колевска, Обука за сметководство

“Во текот на моето средно образование, почуствував потреба да се запишам на обука која ќе ги надополни моите лични афинитети, работата со луѓе и занимањето Фризер. АКАДЕМИЈА ЦЕС за мене беше вистинскиот центар за обука. Обуката се одвиваше во одлична работна атмосфера, изучивме теоретски дел од обуката и најголемиот дел од часовте беа практична работа. Обуката ја водеа врвни предавачи експерти од областа кои целосно ни беа посветени и се грижеа навистина да научиме.

Многу сум им благодарна на тимот на Академија Ц.Е.С. кои несебично ми го дадоа целото потребно знаење како и поддршката и по завршување на обуките.”

Арифе Бекировска, Фризер со државен сертификат

“ “Занаетот е најголем благодет “- така ме учеше татко ми, кога имаш заeнат имаш и леб. За обуките кои ги нуди Академија Ц.Е.С. дознав од нивната соработка со Агенција за вработување. Бевме повикани на состанок кадешто ни беа претставени повеќе обуки кои се нудат за стручно усовршување ( фризер, декоративен маникир, масер, службеник во сметководство ). Се одлучив за обука за шивач, бидејки имав некое минимално познавање, и сакав да се доусовршам со што би можела да почнам да работам.  Обуките што ги следевме, беа одлично организирани , имавме многу материјали за работа и супер работна атмосфера. По завршување на обуката и добивање на државниот сертификат, започнав да работам како помошник шивач каде што после две години почнав да се остамостојувам и да имам свои клиенти. Ви благодарам за можноста која ми ја понудивте.”

Хабибе Сулемановска, Обука за шивачка

“Бев вклучена од страна на АКАДЕМИЈА  Ц.Е.С. во  проект за стручни обуки за невработени лица со што имав можност и поддршка во личен развој со што би се охрабрила да отворам сопсвен салон. Се одлучив за обуката за Фризер а потоа и за Шминкер. Обуките се одвиваа во одлична работна атмосфера, најголемиот дел од часовте беа практична работа.  Овие обуки ми беа од голема корист, бидејки со верификуваните државни  сертификати и обуката за професионален развој самодовербата ми беше на повисоко ниво и имав храброст да отворам сопствен  салон, со што го решив моето егзистенцијалистичко прашање. Многу сум им благодарна на Академија  Ц.Е.С. кои несебично ми го дадоа целото потребно знаење како и поддршката и по завршување на обуките”

Зелије Дехари, Обука за фризер

“Долго време чуствував дека не се пронаоѓам во мојата работа, а имав голема желба да се занимавам со работа од  личните услуги.

По  долго пребарување на услугите кои се нудат за обука, наидов на објава на Академија Ц.Е.С. коишто нудат различен вид на обуки поткрепени со државен сертификат со кои можам да отворам сопсвен салон. . Стапивме во контакт и започнав со следење на обуката за Козметичар за нега на лице и тело. За време на обуката се стекнав со многу различни знаења и техники од оваа област.

По завршување на обуката имав можност да продолжам уште некое време да доаѓам на практична работа, а веднаш потоа започнав со процедурата за отворање на сопствен салон.

Неколку месеци потоа,се запишав на обука за масер, со цел да го докомплетирам и проширам моето знаење и искуство. Навистина сум благодарна на целиот тим на Академија Ц.Е.С. и драго ми е што постои ваков центар што може да даде стручна обука со што би се стекнале со  повеќе вештини и знаења и би имале  полесна можност за вработување”

Ирена Ристеска, Обука за Козметичар за нега на лице и тело

“Веќе подолго  време размислував за тоа да се запишам на обука за Фризер и Надградба на нокти  бидејки со занает можеш полесно да си обезбедиш егзистенција или дополнителен приход. Пребарував на интернет и најдов доста понуди, мегу кои и понудата на Академија ЦЕС. Се одлучив на Ц.Е.С. бидејки обуката е потврдена со државен сертификат,  обуката ја изведуваат квалитетни предавачи-професори и сето тоа ми даде сигурност дека и самата програма е квалитетна и дека навистина ке научам и ке имам основа за понатаму да се надоградувам

Атмосферата за времетраењето на обуката беше супер, имавме прекрасна соработка како со предавачите, така и со целиот тим на компанијата.

Овие обуки ми беа од голема корист, бидејки со верификуваните државни  сертификати веќе отворив свој салон. Секој човек треба да инвестира во себе и вероватно учиме додека сме живи”

Елизабета Спасиќ , Обука за Фризер и Надградба на нокти

“Пред три година одлучив дека сакам да се надоградувам и сакам да се запишам на обука за  депилација. Ми го препорачаа Академија Ц.Е.С како единствен центар за обуки за занаети со државни сертификати

Обуките се одржуваа во многу пријатна атмосфера, а со колегите од обуката и предавачот сеуште се дружиме и разменуваме искуства.

По завршување на овие обуки, имав консултации со тимот на Академија Ц.Е.С., каде што ми беше посочено дека можам да аплицирам за грантови  за самовработување од Агенција за вработување, со приложување на потребна документација мегу која и сертификатите добиени од Ц.Е.С. Со големо задоволство можам да кажам дека грантот ми е одобрен и веќе една година работам во сопствениот  козметички салон-Бомбшел, во Кисела Вода.Не застанувајте, инвестирајте во себе, еден ден се ќе се исплати и ке Ви се остварат желбите.”

Маја Пандуроска, Обука за депилација

ПРОЕКТИ

МЕЃУНАРОДНИ ПАРТНЕРСТВА