ERA+60
2022-2023
Целта на проектот е да се развие неформална пилот програма за оспособување на лица од третото животно доба (60+) како да ги користат компјутерите и паметните телефони во секојдневниот живот за комуникација и користење на јавни, социјални и останати услуги.
ERA 60+
2022-2023
The aim of the project is to develop an informal pilot program for training people of the third age (60+) how to use computers and smartphones in everyday life for communication/interaction and use of public, social and other services.
За ЕРА+60
Основи за користење на компјутери и паметни телефони за трето животно доба –ERA+60
Проектот Основи за користење на компјутери и паметни телефони за трето животно доба со скратен назив ERA+60 е едногодишен проект помеѓу ПОУ Обрис од Пожега, Хрватска и Академија ЦЕС од Скопје, РС Македонија, кофинансиран од Еразмус + програмата.
Станува збор за проект во кој двете установи ќе развијат програма и ќе реализираат повеќедневна обука наменета за лица повозрасни од 60 години. Програмата и обуката ќе опфаќаат снаоѓање во оперативниот систем Windows, секојдневно користење и пребарување на интернет, користење на апликации за комуникација, пристап до лична документација, испраќање е-mail-ови, основи за друштвените мрежи и медијските сервиси (Youtube, Facebook) и слично.
Целта на проектот е да се развие неформална пилот програма за оспособување на лица од третото животно доба (60+) како да ги користат компјутерите и паметните телефони во секојдневниот живот за комуникација и користење на јавни, социјални и останати услуги.
Откако ќе се изработи програмата двете организации ПОУ Обрис и Академија ЦЕС ќе извршат пилот едукација на три групи на возрасни слушатели.
При реализацијата на обуките установите и предавачите во целост ќе ги земат во предвид потребите на целната група, нивните предзнаења, возраст и индивидуални способности и максимално ќе се прилагодат на нивните можности.
Оваа пилот програма која ќе биде производ на двете установи ПОУ Обрис и Академија ЦЕС ќе биде достапна во нивната редовна работа и ќе продолжи да се одржува со нови групи на слушатели. Програмата исто така ќе биде достапна и на други установи и здруженија кои работат со оваа група на слушатели.
Успешноста на спроведените активности ќе се мери и проценува од страна на тимови од двете партнерски организации. Со цел успешно завршување на проектот ќе се земе во предвид личниот напредок на секој слушател според програмата.
Со ова партнерство и двата образовни центри ПОУ Обрис од Пожега, Хрватска и Академија ЦЕС од Скопје, иницираат рамка за долгорочна соработка со цел размена на добри искуства и практики за едукација на возрасни лица.
About ERA 60+
Basics for using computers and smartphones for third age individuals –ERA+60
The project Basics for using computers and smartphones for third age individuals –ERA+60, is a one-year project between POU Obris from Požega, Croatia and CES Academy from Skopje, R.N. Macedonia, co-financed by the Erasmus + program.
Within this project the two partner organizations will develop a program and implement training for third age individuals 60+. This program and training will include navigating the Windows operating system, daily use and searching the Internet, using applications for communication, access to personal documentation, sending e-mails, basics of social networks and media services (Youtube, Facebook) etc.
The aim of the project is to develop an informal pilot program for training people of the third age (60+) how to use computers and smartphones in everyday life for communication/interaction and use of public, social and other services.
After the program is developed, the two organizations POU Obris and Academy CES will pilot the education for three groups of adult learners.
During the implementation of the trainings, institutions and trainers will take into account the needs of the target group, their prior knowledge, age and individual abilities and will adapt the teaching to their needs.
This pilot program designed and developed by the two institutions POU Obris and Academy CES will be used in their regular work. The program will also be available to other institutions and associations that work with this group of listeners.
The quality of the implemented activities will be measured and evaluated by teams from both partner organizations. In order to successfully complete the project, the personal progress according to the program of each learner will be taken into account.
With this partnership, the two educational centers POU Obris from Požega, Croatia and Academy CES from Skopje, initiated a framework for long-term cooperation with the aim of exchanging good experiences and practices for the adult education.
ПАРТНЕРИ
Pučko otvoreno učilište Obris
Пожега, Хрватска
www.pou-obris.hr
Pučko otvoreno učilište Obris е установа за образование на возрасни од Хрватска, која е основана во 2006 година и нуди обуки за прекфалификација, едукација и доедукација на возрасни лица.
ПОУ Обрис низ работилници и стручни предавања на слушателите им овозможува нови стручни знаења и потребни информации поврзани со работата и секојдневниот живот. Возрасните слушатели во оваа образовна институција имаат можност завршат основно училиште за возрасни или да се стекнат стручно оспособување и усовршување (во информатика, економија, градежништво, здравство, угостителство и други подрачја).
Оспособувањата и усовршувањата кои ги спроведуваат од 2006 година се одобрени од Министерството за наука, образование и спорт на Р.Хрватска.
Освен формална едукација, ПОУ Обрис спроведува и бројни неформални едукации, работилници и активности за возрасни. Активни се повеќе од 15 години во подрачјето на образование за возрасни и притоа континуирано спроведуваат обуки на повеќе локации: Пожега, Пакрац и Осијек, а од 2021 година и во Липик.
Корисници на нивните програми се возрасни ученици односно ученици над 14 години. како што е дефинирно во Закон за образование на возрасни во Хрватска, кои може да бидат вработени и невработени лица, ‘dropout-и’, NEET лица, пензионири, лица од секторот за ресоцијализација, установи за превоспитување, казнени домови, лица со инвалидитет и слично.
ПОУ Обрис исто така, се активни во спроведување на европски проекти. Во таа насока веќе ги имаат реализирано следните проекти:
- IPA IV – развој на хуман потенцијал, училиште партнер во проектот „Мрежа на информатички училишта при установите за трајна наобразба во рурални и семиурбани средини“- 2010.
- IPA IV – развој на хуман потенцијал, училиште партнер во проектот „Секторски едукациски модел“ – 2013
- Европски социјален фонд – развој на хуман потенцијак, Јакнење на капацитетот на установите за образование на возрасни
- фаза II, проект „Моја ICT кариера“ – Евроспки социјален фонд, проект ИСКРА
Еразмус +
“EnYouthTeacher. Entrepreneurship in lifelong learning for young people and teachers/trainers” 2014-1-ES1-KA2025-004360, како партнери во проект.
PARTNERS
Pučko otvoreno učilište Obris
Pozega, Croatia
www.pou-obris.hr
Pučko otvoreno učilište Obris is an adult education institution from Croatia, founded in 2006 with main activity- pre-qualification, education and further education of adults.
Through workshops and professional trainings, POU Obris provides with new professional knowledge and necessary information related to work and everyday life. Adult learners in this educational institution have the opportunity to complete primary school for adults or to acquire professional training and education (in informatics, economy, construction, health, catering and other fields).
The trainings and educations approved by the Ministry of Science, Education and Sports of the Republic of Croatia.
Apart from formal education, POU Obris also conducts numerous informal educations, workshops and activities for adults. The organization is active for more than 15 years in the field of adult education and continuously conduct trainings at several locations: Požega, Pakrac and Osijek, and from 2021 in Lipik.
Main beneficiaries of POU Obris educational services are adult learners, ie learners over 14 years old as defined in the Law on Adult Education in Croatia (employed and unemployed), dropouts, NEET persons, pensioners, persons from the resocialization sector, re-education institutions, penal institutions, persons with disabilities etc.
POU Obris are also active in implementing European projects. In that direction, they have already implemented the following projects:
- IPA IV – development of human potential, partner school in the project “Network of IT schools at institutions for permanent education in rural and semi-urban environments” – 2010.
- IPA IV – development of human potential, partner school in the “Sectoral Education Model” project – 2013
- European Social Fund – development of human potential, Strengthening the capacity of adult education institutions
- phase II, “My ICT career” project – European Social Fund, ISKRA project
Erasmus +
“EnYouthTeacher. Entrepreneurship in lifelong learning for young people and teachers/trainers” 2014-1-ES1-KA2025-004360, as project partners.
ТРАНСНАЦИОНАЛНИ СОСТАНОЦИ
Втор транснационален состанок во рамките на проектот ERA 60+
На 13 јуни 2023 година, Академија ЦЕС беше домаќин на вториот состанок помеѓу партнерите кој што се одржа во рамките на проектот ЕРА 60+.
На состанокот претставниците на двете организации низ фотографии и видео презентации ги споделија искуствата и резултатите од спроведените активности во рамките на проектот. Во таа насока, нотиран беше силен интерес за учество во обуките кои беа понудени во рамките на овој проект, од страна на лицата од трето животно доба, со заклучок дека соработката на тема дигитална инклузија помеѓу двете организации и понатаму треба да продолжи.
На крајот на состанокот, гостите од Хрватска имаа можност да се запознаат со културно историските знаменитости од градот Скопје и македонските традиции.
Прв транснационален состанок во рамките на проектот ERA 60+
Во рамките на проектот ERA 60+, на 28.10.2022 година, во Пожега – Хрватска, беше одржан првиот транснационален состанок на партнерите: ПОУ Обрис- Пожега и Академија ЦЕС- Скопје.
На состанокот претставниците на двете организации имаа можност споделат подетални информации за своето работење во делот на образованието на возрасни лица, да ја формализираат соработката во рамките на проектот ERA 60+, и да ги прецизираат активностите за успешна реализација на истиот. Во таа насока прецизирани беа методологијата за изготвување на тренинг програмата во рамките на проектот, таргет групата, роковите и динамиката на реализација и беше усвоен планот за дисеминација на проектните активности.
Во рамките на посетата претставниците на Академија ЦЕС имаа можност да го разгледаат центарот на градот Пожега во придружба на домаќините и туристички водич, како и да ја посетат градската библиотека која претставува локален центар за учење и културен развој на градот.
Во прилог галерија од состанокот.
TRANSACTIONAL MEETINGS
Second transnational meeting of the ERA 60+ project
On June 13, 2023, CES Academy hosted the second partners meeting that within the ERA 60+ project.
At the meeting, the representatives of the two organizations shared their experiences and results from activities implemented in the framework of the project through photos and video presentations. In that direction, a strong interest for participation in the trainings offered within this project, was noted. People from the third age of life, have presented interest for participation in such trainings, which lead to the conclusion that the cooperation on the topic of digital inclusion, between the two organizations should continue.
At the end of the meeting, the guests from Croatia had the opportunity to get acquainted with the cultural and historical landmarks of the city of Skopje and the Macedonian traditions.
First transnational meeting of the ERA 60+ project
The first transnational meeting of the partners POU Obris – Požega and Academy CES – Skopje in the framework of the ERA 60+ project, was implemented on October 28, 2022, in Požega – Croatia.
At this meeting, the representatives of the two organizations had the opportunity to share more detailed information about their work in the field of adult education, to formalize cooperation within the ERA 60+ project, and to specify all other activities for successful implementation of the project. In this regard, project partners have agreed the methodology for preparation of the project training program, the target groups, the deadlines and the dynamics of project implementation and have adopted the dissemination plan.
During the visit, the representatives of the CES Academy had the opportunity to explore the city center of Požega accompanied by the hosts and a tourist guide, as well as to visit the city library, which represents main learning and cultural center of the city of Pozega.
Основи за користење на компјутери и паметни телефони за трето животно доба –ERA+60
Во рамките на проектот Основи за користење на компјутери и паметни телефони за трето животно доба со скратен назив ERA+60, кој претставува едногодишен проект помеѓу ПОУ Обрис од Пожега, Хрватска и Академија ЦЕС од Скопје, РС Македонија, кофинансиран од Еразмус + програмата, во периодот од почетокот на април 2023, па до крај на мај 2023 се реализираат бесплатни обуки за лица постари од 60 години за користење на компјутери и паметни телефони.
Наставата во Академија ЦЕС ја следат 30-тина слушатели поделени во 3 групи. Лицата кои ги посетуваат работилниците имаа можност да научат како секојдневно да користат и пребаруваат на интернет, како успешно да ги користат апликациите за комуникација, како да испраќаат е-mail-ови, како да ги користат друштвените мрежи и медијските сервиси (Youtube, Facebook) и слично, но и како да имаат пристап до лична документација на интернет.
Секоја од групите, во рамките на обуките одржува барем по една онлајн средба, со нивните колеги од Хрватска, кои во исто време следат ист тип на обуки. На овие онлајн состаноци, учесниците имаат можност да се запознаат, разменат контакти и искуства, како и да ги претстават знаменитостите и културата од својот град и државата.
Реализацијата на проектот нуди единствена можност надминување на бариерите кои возрасните лица ги имаат во дигиталниот свет, но и запознавање, дружење, социјализација и подобрување на животните навики за активно вклучување во општеството на лицата повозрасни од 60 години.
Basics for using computers and smartphones for the third age individuals – ERA+60
Within the project Basics for using computers and smartphones for the third age individuals with the abbreviated name ERA+60, which is a one-year project between POU Obris from Požega, Croatia and CES Academy from Skopje, RS Macedonia, co-financed by the Erasmus + program, in the period from the beginning of April 2023 until the end of May 2023, free trainings for people over 60 years old on the use of computers and smartphones are carried out.
About 30 learners divided into 3 groups follow the teaching at the CES Academy. The persons visiting the workshops had the opportunity to learn how to use and search the Internet on a daily basis, how to successfully use communication applications, how to send e-mails, how to use social networks and media services (Youtube, Facebook) and the like, but also how to have access to personal documentation on the Internet.
Each of the groups, within the framework of the trainings, holds at least one online meeting with their colleagues from Croatia, who at the same time follow the same type of trainings. At these online meetings, participants had the opportunity to get to know each other, exchange contacts and experiences, as well as present the sights and culture of their city and state.
The implementation of the project offers a unique opportunity to overcome the barriers that adults have in the digital world, but also to get to know, socialize and improve the life habits of people over 60 for active inclusion in society.
ФИНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА
На 23.08.2023 Академија Ц.Е.С одржа финална конференција на која се разгледаа резултатите, искуствата и впечатоците од реализираниот проект:
„Основи на користење на компјутери и паметни телефони во третото животно доба“
Целта на овој проект беше:
- Надминување на бариерите кои возрасните лица ги имаат во дигиталниот свет.
- Запознавање, дружење, социјализација и подобрување на животните навики за активно вклучување во општеството на лицата повозрасни од 60 години.
Оваа нова иницијатива нуди поддршка, ресурси и заедница за да им се помогне на поединците самостојно да функционираат во дигиталниот свет.
Преку користење на е-пошта, социјални мрежи, плаќање на сметки или употреба на видео повици со саканите роднини и пријатели, кои се на далечина, овој проект овозможува знаење и моќ на лица на возраст 60+ за користење и употреба на дигиталните алатки и нивна имплементација во секојдневниот живот.
FINAL CONFERENCE
On August 23, 2023, C.E.S. Academy organized final conference, where the main topic of the presentation were
the results, experiences and impressions of the realized project ERA 60+:
“Basics of using computers and smartphones in the third age of life”
The aim of this project was:
- Overcoming the barriers adults have in the digital world.
- Getting to know, socializing, socializing and improving life habits for active inclusion in society of people over 60 years old.
This new initiative offers support, resources and community to help individuals function independently in the digital world.
Through the usage of e-mail, social networks, paying bills or using video calls with close relatives and friends who are far away, this project empowers people aged 60+ to use and use digital tools and their implementation in everyday life.
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ПРОЕКТИ
YOUTH IN THE WORLD
Овој проект имаше за цел едукација на млади лица во насока на следење и користење на можностите креативно користење на ресурсите од нивната околина, превземање претприемачки иницијативи со иновативен пристап во комбинирање на три важни елементи во развојот на младинското претприемништво
WINBIZ
Интеграцијата на жените мигранти или жените со незападно потекло во европскиот контекст е суштински чекор кон постигнување на целта за зголемување на стапката на вработеност во ЕУ на 78%, како што се бара во Стратегијата Европа 2030 година. Општо земено, вработувањето на мигрантите може да има силно влијание врз растот и БДП во европски земји, како што покажуваат бројните студии во овој сектор.
We Cook-IN
Проектот има за цел да ги интегрира луѓето со мигрантско потекло преку подигнување на нивните готвачки вештини и програми за обука кои се дизајнирани спрема потребите на целната група. Главната цел на проектот е да се промовира социјалната вклученост и да се унапредат луѓето со мигрантско потекло во општествата земјите каде престојуваат преку нивно вклучување на пазарот на трудот во секторот HORECA/Угостителство.
THE SKILLS THAT PAY THE BILLS
Проектот “СО ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРА ЗАРАБОТКА”(The skills that pay the bills”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Рагина-Бугарија и ВЕМ -Италија -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+K 102
SKILLED COOKS AND WAITERS NETWORK
Проектот “Мрежа на вешти готвачи и келнери ”(Skilled Cooks and Waiters Network”) имплементиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+ КА202 Стратегиски партнерства во стручно образование и обука.
Road to Employment
Проектот Пат кон вработување – Развивање нови вештини и знаења за невработените лица имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија – Еразмус+ 2014-2016
LEONARDO DA VINCI PROGRAMME
Програмата Леонардо да Винчи им помага на европските граѓани да се здобијат со нови вештини, знаења и квалификации и да ги признаат преку границите со цел да ја подобрат нивната способност за вработување при промена на пазарот на трудот.
INCLUSION OF WOMEN FROM ETHNIC COMMUNITIES IN THE LABOR MARKET
Овозможување на инклузивен пазар на труд во Македонија, каде што сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од ранливите категории, ќе имаат еднаков пристап и можности.
IMPROVEMENT OF EMPLOYMENT POTENTIALS OF WOMEN
Општата цел на овој проект беше да се подобри потенцијалот на жените од специфични етнички заедници на пазарот на трудот и да се поддржи достигнувањето на тој потенцијал преку посредување и обезбедување обуки за вработување/ самовработување. Оваа акција придонесе за зголемена вработливост на невработените жени и следствено на тоа, влијаеше на намалување на стапката на невработеност, особено кај оваа категорија на попоулација.
GOOD FOOD IS GOOD MOOD
Проектот “СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ”(Good food is good mood”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+, акција KА202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука .
FOSTERING SOCIAL INCLUSION
Главната цел на која придонесе овој проект беше подобрување на вработливоста на жените на пазарот на трудот во Македонија, кои доаѓаат од ранливи групи. Таргетот беше насочен кон следните градови: Скопје -Општина Шуто Оризари со стапка на невработеност од 46%, Куманово со стапка на невработеност од 32%, Тетово со стапка на невработеност од 38% и Штип со стапка на невработеност од 28%. Целта беше подобрување на нивото на економска и социјална интеграција на невработените жени од малцинските етнички заедници, особено ромските, албанските и турските заедници.