Project Description

Проектот “СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ”(Good food is good mood”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina – Италија , а финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+, акција KА202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука.

The project “GOOD FOOD IS GOOD MOOD” is implementing  by the Academy CES – Macedonia and partner organizations Insignare – Portugal and Egina – Italy. This project is funded by the National Agency for Education and mobility, Erasmus + program, action KA202 Strategic Partnership in Vocational Education and Training.

Проектот “СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ”(Good food is good mood”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+, акција KА202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука .

Проектот започна во 2019 година и сеуште трае. Овој проект претставува стратешко меѓународно партнерство насочено кон подобрување на вештините и компетенциите на младите невработени лица од угостителскиот сектор и нивно поврзување со барањата и потребите на работодавачите од секторот на туризам и угостителство, со посебен акцент на професиите готвач и слаткар и претставува надоградба на претходно спроведениот проект Мрежа на вешти келнери и готвачи.

Туризмот како индустрија во многу земји во светот обезбедува голем број работни места за младите луѓе и има сериозно влијание врз економијата. Во Македонија учеството на туризмот е со скромно влијание врз БДП (околу 2%), но огромен потенцијал да влијае на економијата на земјата во блиска иднина. Во последно време беа преземени одредени мерки со цел да се подобри состојбата и да се привлечат повеќе странски туристи (подружници, слободни туристички зони и сл.), Но во исто време квалитетот на ресторанските услуги остана ист како порано. Ова нè води до квалитетот на обуките за стручно образование и обука.

  • Сите релевантни анализи покажуваат дека постои силна потреба за подобрување на знаењата и компетенциите особено на човечките ресурси во угостителскиот и туристичкиот сектор.

Исто така, истражувањата покажуваат дека во секоја од земјите вклучени во проектот, младите, за жал, не остануваат долго на работните места во туризмот и угостителството и тие најчесто го гледаат ова како привремена работа, а помалку како можност за кариера.

Со овој концепт преку проектните активности нудиме алатки за  поддршка на младите лица во вработувањето/или самовработување преку соодветна надградба на знаења и вештини за професиите готвач и слаткар.

Лицата кои ќе бидат вклучени во проектот ќе добијат можност за практична обука во реномирани угостителски објекти од ЕУ, можност за размена на искуства, добри практики, работа во интернационална средина а со тоа и можност за  полесен пристап до пазарот на труд.

ПРОЕКТОТ ГИ ИМА СЛЕДНИВЕ ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ:

ГЛАВНА ЦЕЛ

 Со овој проект имаме за цел:

  1. Подобрување на вработливоста на студенти со помалку можност за пристап на пазарот на трудот.
  2. Зајакнување на клучните компетенции во наставните програми за СОО во угостителската

струка и обезбедување на поефективни можности за стекнување или развивање на тие вештини преку I-VET и C-VET.

  1. Подобрување на пристапот на обука и стекнување квалификации за сите, преку C-VET, во насока на доживотното учење.
  1. Подобрување на транспарентноста на вештините и квалификациите за готвачи и слаткари, спроведувајќи дуален пристап на обука кој се однесува на онлајн и традиционална структура;

Целна група се кандидати за готвачи и за слаткари (по 10 учесници од секоја земја), родово избалансирани, кои доаѓаат од области со туристички потенцијал и имаат помал пристап до можности за современа обука.

СПЕЦИФИЧНА ЦЕЛ

  • Поттикнување на  вработувањето/самовработувањето кај младите невработени лица во угостителско-туристичкиот сектор
  • Развивање на  иновативен и креативен пристап во барање работа или самовработување
  • Овозможување на  примена на иновативна форма на настава и учење, со размена на искуства со учесници од други европски држави

Поттик за развивање на сопствена бизнис идеа

  • Развивање на  лични вештини и компетенции за професиите готвач и слаткар
  • Поттикнување на идеата за  социјално претприемништво;
  • Користење на дигиталната технологија за полесен пристап до информации и можност за вработување

 ДОСЕГА СЕ ПОСТИГНАА СЛЕДНИВЕ РЕЗУЛТАТИ

  • Се изработи Прирачник за слаткари-“”It’s cake o’clock” во соработка на сите 3 партнерски земји, во тесна соработка со работодавачите.
  • Се изработи Прирачник за готвачи-“”Live, love, cook” во соработка на сите 3 партнерски земји, во тесна соработка со работодавачите.

Во тек е изработка на: Документ со препораки за подобрување на постоечките профили за готвачи и слаткари во секоја партнерска земја.

The project “GOOD FOOD IS GOOD MOOD” is implementing  by the Academy CES – Macedonia and partner organizations Insignare – Portugal and Egina – Italy. This project is funded by the National Agency for Education and mobility, Erasmus + program, action KA202 Strategic Partnership in Vocational Education and Training.

Project started in 2019 and still is in the phase of implementation. It represents an international strategic partnership, aimed at improving skills and competencies of young unemployed people in the hospitality sector and their connection with the employers’ requirements and needs, with special emphasis on the professions cook and pastry chefs. This project is follow-up of the previously implemented project Skilled cooks and waiters network.

Tourism as an industry in many countries in the world provides a large number of jobs for young people and has a serious impact on the economy. In Macedonia, tourism has a modest impact on GDP (about 2%), but huge potential to affect the country’s economy in the near future. In recent times, some measures have been taken to improve the situation and attract more foreign tourists (subsidiaries, free tourist zones, etc.), but at the same time the quality of the restaurant services has remained the same as before. This leads us to the quality of vocational education and training.

  • All relevant analyzes shows that there is a strong need to improve the knowledge and competencies, of human resources in the hospitality and tourism sector.
    Research also shows that in each of the countries involved in the project, young people, unfortunately, do not stay long in jobs in these sectors. They often see those engagements as a temporary job, and not as a career opportunity.
    Through project activities, we offer tools to support young people in employment and / or self-employment through appropriate upgrading of knowledge and skills for the professions of cook and pastry chefs.
    Project participants will have the opportunity for practical training in renowned catering facilities in EU countries, the opportunity to exchange experiences, good practices, and practice in an international environment and thus the opportunity for easier access to the labor market.

THE PROJECT HAS THE FOLLOWING OBJECTIVES AND RESULTS:

MAIN OBJECTIVE

With this project we aim to:

  1. Improve the employability of students with less opportunity to gain access to the labor market.
  2. Strengthen key competencies in VET curricula in the hospitality industry and provide more effective opportunities for acquiring or developing those skills through I-VET and C-VET.
  3. Improve the access to training and the acquisition of qualifications for all, through C-VET, towards lifelong learning.
  4. Improve the transparency of skills and qualifications for cooks and pastry chefs, carrying out a dual approach to training relating to the online and traditional structure; With this project we aim:

The target group are trainees for cooks and and pastry chefs (10 participants from each country) gender balanced, coming from areas with tourist potential and with fewer opportunities for modern trainings.

SPECIFIC OBJECTIVE

  • Encouraging employment / self-employment of young unemployed people in the catering and tourism sector
  • Development of an innovative and creative approach to job search or self-employment
  • Enabling the application of an innovative form of teaching and learning, by exchanging experiences with participants from other European countries
  • Incentive for developing your own business idea
  • Development of personal skills and competencies for the professions of cook and pastry chefs
  • Encouragement of a social entrepreneurship;
  • Using digital technology for easier access to information and employment opportunities

THE FOLLOWING RESULTS HAVE BEEN ACHIEVED SO FAR

  1. Guidebook for the profession pastry chefs, was developed in cooperation with all 3 partner countries, in close cooperation with employers.
  2. Guidebook for the profession cooks, was developed in cooperation with all 3 partner countries, in close cooperation with employers.

And the Document with recommendations to improve existing cookbook and pastry chefs profiles in each partner country is in the phase of preparation

EGiNA-Италија
http://egina.eu/

EGInA Srls е приватна агенција за тренинг и консалтинг, активна во подготовка и реализција  на европските проекти и грантови од повеќе програми и фондови. Компанијата е основана од тим проектни менаџери со долгогодишно искуство во подготовка, доставување и имплементација на предлог-проекти, како и во координација на меѓународни партнерства и административно и финансиско управување со активности на локално, национално и европско ниво.

EGInA Srls се наоѓа во Фолињо, во регионот Умбрија и работи во рамките на широка и консолидирана мрежа на јавни и приватни тела, обезбедувајќи висококвалитетни услуги и консултации во различни области:

○ Доживотно учење и високо образование

EGInA Srls е акредитирана во регионот Умбрија како агенција за обуки за спроведување на активности финансирани од Европските социјални фондови. Во рамките на центарот за обука егзистираат  две целосно интерактивни училници, една ИТ лабораторија, конференциска сала, бар и ресторан. EGInA Srls соработува со обучувачи и наставници од цела Италија, како и надвор од Италија за планирање и спроведување на неформални и формални образовни активности.

○ Истражување и иновации

Истражувачкиот тим на EGInA Srls е составен од предавачи и истражувачи од Националниот совет за истражување (CNR), индустриски инженери, експерти во општествените науки и од образовниот сектор. EGInA Srls постојано се обидува да дизајнира и реализира иновативни решенија и услуги за различни целни групи, искористувајќи ја и докажаната мрежа на меѓународни односи и партнерства.

○ ЕУ / меѓународни проекти

Клучниот персонал на EGInA Srls е искусен во управувањето со проекти финансирани од ЕУ во рамките на различни програми за финансирање на ЕУ. Со текот на годините, центарот беше вклучен и како координатор и како партнер на голем број европски проекти.

INSIGNARE-Португалија
http://insignare.pt/

INSIGNARE е непрофитнo здружение која се наоѓа во Урем, во центарот на Португалија. Во рамките на здружението функционираат две средни училишта за стручно образование и обука, со повеќе од 550 ученици (ЕПО – стручно училиште Орем и ЕХФ – стручно училиште за угостителство Фатима), еден локален центар за вработување (ГИП, со запишани повеќе од петстотини луѓе) и центар за кариерно водство и валидација (CQEP).

Во рамките на двете училишта ангажиран е разновиден наставен кадар. Поголем дел од наставниот кадар е исто така интегриран во пазарот на трудот, при што знаењето и искуството на работната сила можат полесно да се пренесуваат на учениците. Сите курсеви се на ниво IV и даваат еквивалентност на 12-то одделение.

Стручното училиште за угостителство Фатима, кое е вклучено во овој проект, реализира курсеви за готвач, келнер, рецепционер и има целосно опремени простории за практична обука на овие предмети, располагајќи со две кујни за обука, една индустриска кујна, еден ресторан за обука и бар . Во рамките на обуките се интегрирани се работни ангажирања (обука на работно место), кои што се одвиваат во периодот на  трите години на школување: студентите се сместуваат во компании  според профилите на образование. Организациите кои се домаќини на ваквите работни ангажирања, на студентитр им овозможуваат да ги примеат своите знаења и вештини .

Професионалното училиште Ореем (ЕПО), основано во 1990 година, има обуки за менаџмент, ИТ, метална обработка, дизајн, индустриско одржување и електроника, сето ова со стратешката насока да станат индустриски определено ВЕТ училиште.

Двете училишта се целосно опремени со потребните капацитети за соодветна и ефикасна обука за работна средина:

  • Широкопојасен интернет пристап
  • Климатизирани ИТ простории со паметни табли;
  • Климатизирани училници со проектори.

Двете училишта имаат национален опсег во однос на практиканството и стажирање по дипломирањето.

Благодарение на работата на училиштето и заедно со Градскиот совет и локалното деловно здружение имаат многу добри врски со регионалните социјални и економски чинители.

Партнерската организација има искуство во реализација на меѓународни проекти. ЕХФ е исто така член на АЕХТ – Европска асоцијација на угостителски училишта.

АКАДЕМИЈА ЦЕС
https://ces.mk

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е првиот центар за образование на возрасни во Македонија која што нуди доквалификација, преквалификација и секаков вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица. Организацијата е основана во 2000 година и успешно постои веќе 21 годинa, како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лицата од друга страна.

Со гордост, може да нотираме дека: реализирани се повеќе од 420 обуки, семинари, конференции, in-house обуки и слично; обучени преку 32 000 учесници од различни профили во Македонија и регионот. Располагаме со база од над 450 врвни експерти од различни области во полето на образованието од земјата и регионот.

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини.

Честопати трагајќи по работата од соништата стануваме свесни дека не ги поседуваме вештините и квалификациите кои се потребни за не однесат до целта. Многу е важно, тој момент да го препознаеме и да најдеме вистински партнер кој ќе не води до таа цел; да се дообучиме, да добиеме знаења и докфалификации и на тој начин да создадеме предуслови за вработување, какво што посакуваме. Пазарот на трудот налага постојано приспособување на промените и постојано надградување на сопствените знаења и пракси. Затоа, многу е корисно, да се има информација, во секој момент, каде може да се стекнеме со обуки за преквалификација и можност за стекнување нова вештина, нов занает од кој ке имаме стабилна егзистенција и сигурен приход.

АКАДЕМИЈА ЦЕС е акредитирана установа од страна на Министерство за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образование, Центарот за стручно образование и обука, како и Министерство за животна средина, за спроведување на висококвалитетни програмски содржини за обуки.

ЦЕС има воспоставено стратешко партнерство со партнери од повеќе европски земји  (Романија, Словенија, Португалија, Италија, Бугарија, Полска, Германија, Словенија). Со партнерските организации заеднички се креираат нови модерни програми за обуки согласно Европските текови, се разменуваат искуства, се прават анализи, стратегии за подобрување на образовната понуда во нашата и нивната држава.

Се реализираат мобилности и обуки на кандидати кои веќе посетуваат обука во нашите центри со цел нивно практично усовршување и стекнување компетенции во интернационална средина при тоа разменувајќи искуства, знаења, вештини и добри практики како и стекнување нови компетенции кој ќе им овозможат полесна интеграција во пазарот на трудот и побрзо вработување/или самовработување.

Кандидатите по завршување на обуките добиваат сертификат/диплома кој има статус на државна диплома со која имаат право да се вработат или да отворат сопствен бизнис. Кандидатите кои посетуваат и интернационална практична обука во друга држава се стекнуваат и со  Европски признаен сертификат- Europass Certificate.

Во Академија ЦЕС делуваат 6 сектори:

  1. Стручни вештини – занаети и административни курсеви
  2. Образование на возрасни/ животна средина и управување со отпад
  3. Обуки за вработени во јавна администрација
  4. Јазични вештини и преводи
  5. Обуки за наставници
  6. Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)

А. ОБРАЗОВНИ СТРУЧНИ ПРОГРАМИ и ОБУКИ кој се организираат во ЦЕС се следниве: службеник во сметководство, деловен асистент, фризер, козметичар, шминкер, масер, шивач, виљушкарист, багерист, ракувач со градежна механизација, електричар, гипс монтер, плочкар, монтер на ламинатни и дрвени подови, готвач, слаткар, пекар, келнер, рецепционер, собарка, туристички водич итн

Б ОБРАЗОВНИ ХОРИЗОНТАЛНИ ВЕШТИНИ кој се организираат во ЦЕС се следниве: јазични вештини, дигитални вештини, животна средина и управување со отпад, личен и професионален развој, вештини за вработување, претприемништво, семејна писменост и финансиска писменост.

ПОНУДАТА НА ОБУКИ НА АКАДЕМИЈА ЦЕС Е НАМЕНЕТА ЗА ДВЕ КАТЕГОРИИ СЛУШАТЕЛИ:

  1. Млади лица на возраст од 18 до 30 години кои имаат желба да се доусовршат, да стекнат практични вештини во својата струка, дигитални вештини, да научат јазици или т.н меки вештини за вработување и подобра комуникација.
  2. Невработени лица на возраст од 19 до 55 год., кои сакаат да се доквалификуваат или преквалификуваат во друга професија или да го надополнат своето образование со некоја од хоризонталните вештини.

АКАДЕМИЈА ЦЕС особено внимание посветува на опфатот на слушатели со ограничени можности како што се: слушатели од социјално загрозени категории, слушатели од рурални средини, лица без родители, лица без оформено образование, лица од запоставени населени места и сл. Оваа категорија лица често се соочуваат со проблемот да земат учество во развој на професионалнии и стручни вештини од меѓународен карактер поради запоставеност од системот и недоволна информираност за образовни можности како и можности за барање работа.

АКАДЕМИЈА ЦЕС како општествено одговорна компанија, обезбедува дополнителна поддршка од страна на тимот обучувачи, при работа со лица со помалку можности, ваучери за финансиска поддршка и вклучување во меѓународни мобилности пеку Еразмус+ програмата и бесплатни обуки поддржани од ИПА проекти.

Нашата мисија е да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните преку промовирање и спроведување на концептот за доживотно учење, креирање и спроведување на иновативни програми, обуки за преквалификација и дополнителни обуки во согласност со потребите на пазарот на трудот.

Нашата визија е низ целокупното работење да создадеме капацитети во модерно општество, кои ќе поттикнуваат прогресивни идеи, почитувајќи ја различноста во секоја форма.

Тежнееме да создадеме општество на функционално писмени граѓани кои целосно го прифаќаат концептот на доживотно учење и општество што ги почитува принципите на одржлив развој.

Проекти:

  • 2020-2021 – Erasmus KA104-Project – Образование на возрасни Developing “Work Based Dual Learning Model for VET” – Развој на модел за дуално образование за СОО –Обука на обучувачи од Академија ЦЕС во Германија кај партнер органзиација Pinguin Academy
  • 2019-2020 Erasmus KA101-Project – „The skills that pay the bills“ –Со вештини до подобра заработка – 12 лица слушатели на ЦЕС ќе учествуваат на напредна обука во партнерски институции во Италија- VEM и Бугарија-Ragina обуката има за цел подобрување на вештините и компетенциите за професиите Фризер, Козметичар и Декоративен маникир.
  • 2019-2021 Erasmus KA202-Project – „Good food is good mood“ – Со добра храна до добро расположение, Во овој проект ќе се рзвиваат вештини за професиите Готвач и Слаткар -Стратешко партнерство со партнерски институции од Италија-Egina и Португалија- Insignare.
    Во рамките на проектот е се обучат 90 невработени лица од Македонија, Португалија и Италија и ќе стекнат компетенции за професиите слаткар и готвач
  • 2016-2018 Erasmus KA202-Project – „Skilled Cooks and Waiters Network“- Вештини за професиите Готвач и Келнер – Стратешко партнерство со партнерски институции од Италија-Egina и Португалија- Insignare.
    Проектот имаше за цел развивање на компетенциите за професиите келнер и готвач и размена на добри практики во европска средина. Се обучија 90 невработени лица од Македонија, Португалија и Италија и стекнаа компетенции за професиите келнер и готвач
  • 2016-2019 Erasmus KA204-Project – „Family literacy works!” –Семејната писменост функционира! Меѓународно партнерство насочено кон иновации со цел да се развие кохерентна програма за обука што ќе обезбеди поддршка за семејствата – родители и деца – и ќе помогне во развој на нови вештини за писменост.
  • 2014-2016 Erasmus KA202-Project – „Taking the Road to Employment – Developing New Skills and Knowledge of Unemployed Person“- Пат до вработување е партнерство омеѓу Македонија-ЦЕС, Полска-Syntea, Романија-Aleron и Бугарија-Teza.
    Проектот имаше за цел да ги подобри можностите за вработување на млади лица, преку низа на обуки и стекнување компетенции за личен и професионален развој.
    60 невработени млади лица се обучија за иновации и претприемништво, дигитални вештини, интернет маркетинг, пишување проектни апликации.
    За постигнатите резултати овој проект е прогласен за добра практика од ЕК и има ознака за квалитет: https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/2014-1-MK01-KA204-000246.
  • 2013-2020 Агенција за вработување – Обука за невработени лица со помалку можности на за јазични компетенции, дигитални вештини, стручни вештини службеник во сметководство и шивач. Обучени беа 460 невработени лица.
  • 2016-2018 година, ИПА проект – Компонента 4, „Платформа за претприемништво за економска и социјална инклузија на жени со органичени можности, социјално загрозени категории од рурални средини и запоставени населени места “
    111 невработени жени добија можност за обука за личен развој, компјутерска обука, курсеви за англиски јазик како и стручни обуки за да се преквалификуваат во професиите: фризер, масер, козметичар и сметководител. Обуките беа реализирани на регионално ниво во 4 градови: Тетово, Скопје, Штип и Куманово.
  • 2013-2015 година, ИПА проект – Компонента 4, „Подобрување на вештините и компетенциите на невработените жени со помалку можности, социјално загрозени категории од рурални средини и запоставени населени места. 80 невработени жени добија можност да стекнат стручна квалификација за професиите кројач, фризер, козметичар, службеник во сметководство.

EGiNA-Italy
http://egina.eu/

EGInA Srls is a private training agency and consultancy body, operating in the field of EU projects and grants. The company has been founded by a team of project managers with long-term experience in the preparation, submission and implementation of project proposals, as well as in the coordination of international partnerships and the administrative and financial management of actions at local, national and EU level.

EGInA Srls is located in Foligno, in the Umbria Region and it operates within a wide and consolidated network of public and private bodies, providing high-quality services and consultancy in different fields:

○ Lifelong Learning and Higher Education

EGInA Srls is accredited at the Umbria Region as a training agency for the implementation of training activities funded by the European Social Fund. The training center is composed of two fully interactive classrooms, one IT laboratory, a conference room, a bar and a restaurant. EGInA Srls cooperates with trainers and teachers from all over Italy, as well as outside Italy, for the planning and implementation of non-formal and formal educational activities.

○ Research & Innovation  

The research team of EGInA Srls  is composed of lecturers and researchers from the National Research Council (CNR), industrial engineers, experts in social sciences and from the educational sector. EGInA Srls constantly tries to design and realize innovative solutions and services for different target groups, taking advantage also of a proved network of international relations and partnerships.

○ EU/International projects

The key staff of EGInA Srls is experienced in the management of EU funded projects within the framework of different EU financing programs. During the years, the center has been involved in the implementation, both as coordinators or partners, of a consistent number of multilateral projects.

INSIGNARE-Portugal
http://insignare.pt/

INSIGNARE is a non-profit association located at Ourém, in the center of Portugal. They have several working areas – two VET secondary schools, with more than 550 students (EPO – Ourem Vocational School and EHF – Fátima Hospitality Vocational School), one local employment centre (GIP, with more than five hundred people enrolled) and one guidance and validation centre (CQEP).

Both schools have diversified teaching staff, full-time and part-time, because as much of the teaching staff is also integrated within the labour market, knowledge and experience of the labor force can be and is transmitted to the students. All the courses are level IV and grant equivalence to 12th grade.

Fátima Hospitality Vocational School, the one involved in this project, has Cook, Waiter, Receptionist and Tourism courses, and has fully equipped facilities for a practical training of these subjects, highlighting the two training kitchens, one industrial kitchen, one training restaurant and bar. Included in the courses are the work placements, time progressive over the three years of the course: students are placed at companies in our country according to the student/organization profiles. These allow them to put into practice their knowledge and skills during the course, as well as to obtaining new ones. During the placements students are frequently visited by teachers from the technical area to assess, together with the host organization, the performance and progress of each student. This school has also been sending students abroad, accompanied by teachers, to improve the international character of their training in this area (Hospitality) where the interaction with people of different nations is a constant. Almost daily the school has external catering services answering hospitality companies’ requests – allowing thestudents to have non simulated working experiences since their first year, although there are under supervision – and on a weekly basis we have events in one of our two Auditoriums, most of them related to Hospitality sector.

Ourém Vocational School (EPO), founded in 1990, has Management, IT, Metalworking, Mechatronic, Design, Industrial Maintenance and Electronics courses, following the strategic decision of becoming an industrially focused VET school.

Both schools are fully equipped with the facilities needed to proper and efficient work environment training:

  • Broadband internet access: cable and Wi-Fi.
  • Air conditioned IT rooms with smart board;
  • Air conditioned classrooms with projectors.

Both schools have a national range in what internships and after graduation workplacements are concerned.

The students and learners come from two regions, as the municipality is the border between those two – it covers an area of almost half a million inhabitants: the two VET schools and the adult centre have a regional scope, but the employment service is mainly local. Thanks to the work of the school and together with the City Council and the local Business Association (two of our “owners”), we have very good ties with regional social and economic stakeholders.

All of the working areas of the partner have experience dealing with international projects. EHF is also a member of AEHT – European Association of Hospitality Schools.

CES ACADEMY
https://ces.mk

CES ACADEMY is the first center for vocational and adult education in Macedonia, that offers additional training, retraining and all types of training for personal and professional development of adults. The organization is founded in 2000 and successfully exists for 21 years, as a link between the needs of the labor market and employers on the one hand and the unemployed on the other.

We can proudly note that: we have implemented over 420 trainings, seminars, conferences, in-house trainings, trained over 32 000 participants from different profiles in Macedonia and the region. We have found base of over 450 experts in various fields in the field of education from the country and the region.

Successfully, we promote and develop the concept of lifelong learning and enhance the quality of cultural life, locally and in the region, continuously following the scope of changes, as well as the requirements for continuous mutual information, exchange of information, experiences and skills.

Often, looking for the job of our dreams we become aware that we do not have the skills and qualifications needed to take us to that goal. The most important thing at that moment is to start with a request where we can further train to obtain knowledge and additional qualifications, thus to create the preconditions for employment, as we wish. The labor market requires constant adaptation to change and constant upgrading of one’s own knowledge and practices. Therefore, it is best to be informed, at any time, where we can gain retraining and the opportunity to acquire a new skill, a new craft from which we will have a stable existence and a secure income.

ACADEMY CES is an accredited institution by the Ministry of Education and Science, the Center for Adult Education, the Bureau for Development of Education, the Center for  Vocational Education and Training and the Ministry of Environment protection, for the implementation of high quality training program contents.

CES has established strategic partnerships with partners from several European countries (Romania, Slovenia, Portugal, Italy, Bulgaria, Poland, Germany, Slovenia). With these partner organizations, are developing new modern training programs in accordance with European trends. We exchange experiences, prepare analyzes, convey researches and develop strategies in order to improve formal and non-formal education in our country and at European level.

We offer mobilities to the candidates who already attended some of the trainings in our center, in order to provide practical training and acquisition of competencies in an international environment, exchange of experiences, knowledge, skills and good practices as well as acquiring new competencies that will enable easier integration in the market and faster employment or self-employment.

After the completion of trainings, the candidates receives a certificate / diploma that with status of a state diploma, which enables them to be employed or to start their own business. Applicants involved in international trainings in another country, additionally obtain Europass certificate.

There are 6 departments in the CES Academy:

  1. Vocational education and training
  2. Adult education including environmental and waste management
  3. Trainings for public administration employees
  4. Language skills and translations
  5. Trainings for teachers
  6. Projects and consulting services (IPA, Erasmus +)
  7. VET PROGRAMS and TRAININGS: accounting officer, business assistant, hairdresser, beautician, make-up artist, masseur, seamstress, forklift, excavator, construction worker, electrician, construction wooden floors worker, cook, confectioner, baker, waiter, receptionist, maid, tour guide, etc.

B HORIZONTAL EDUCATIONAL SKILLS organized at CES are the following: language skills, digital skills, environmental and waste management, personal and professional development, employment skills, entrepreneurship, family literacy and financial literacy.

THE OFFER OF TRAININGS AT THE CES ACADEMY IS INTENDED FOR TWO CATEGORIES OF LISTENERS:

  1. Young people aged 18 to 30 who want to improve their skills, gain practical skills in their profession, develop digital skills, learn languages ​​or invest in communicational or soft skills for employment.
  2. Unemployed persons aged 19 to 55, who wish to train or retrain in another profession, or to upgrade their education with some of horizontal skills.

We live in a very dynamic society in which if we do not take advantage of the opportunities that arise from change, we could not move forward.

It is especially important to recognize the moment when professional training, training and additional qualifications are needed in a certain area and how you can make the best use of it. That is why we exist and we try every day to meet all those who want to upgrade their knowledge and gain new skills.

CES ACADEMY pays special attention to the candidates with fewer opportunities such as: socially disadvantaged categories, from rural areas, orphans, people without education, people from neglected settlements, etc. This category of individuals, due to neglect of the system, has many obstacles to access education. They have difficulties in providing sources for professional development and improvement of skills, practical experience in international environment and insufficient information about educational opportunities and job opportunities.

CES ACADEMY as a socially responsible company, provides additional support to this category: support of trainers, vouchers and free of charge involvement in international mobility and trainings, through the Erasmus + program and IPA projects support.

Our mission is to improve the quality of life of citizens through the promotion and implementation of the concept of lifelong learning, creation and implementation of innovative program content, prequalification training and additional training in accordance with the needs of the labor market.

Our vision for the overall operation is to build capacity in a modern society, involved in modernization trends, which encourages progressive ideas, respecting diversity in every form.

We thrive to create a society of functionally literate citizens who fully accept the concept of lifelong learning and a society that respects the principles of sustainable development.

Projects:

  • 2020-2021 – Erasmus KA104-Project – Adult Education Developing Work Based Dual Learning Model for VET – Train of trainers from CES Academy in Germany with a partner organization Penguin Academy.
  • 2019-2020 Erasmus KA101-Project – „The skills that pay the bills“ -12 participants will participate in mobility to improve skills and competencies for professions hairdresser, beautician and decorative manicure at partner institutions in Italy – VEM and Bulgaria – Ragina.
  • 2019-2021 Erasmus KA202-Project – „Good food is good mood“ –In this strategic partnership, competences for the professions cook and pastry cook in cooperation with partner organization Egina, Italy and Insignare Portugal. Within the project, 90 unemployed people from Macedonia, Portugal and Italy will be trained and acquire competencies for the professions of cook and pastry cook.
  • 2016-2018 Erasmus KA202-Project – „Skilled Cooks and Waiters Network“- It is strategic partnership created to develop competences for the professions cook and waiter in cooperation with partner organization Egina, Italy and Insignare Portugal. Within the project, 90 unemployed people from Macedonia, Portugal and Italy were trained and acquired competencies for the professions of cook and waiter.
  • 2016-2019 Erasmus KA204-Project – „Family literacy works!” – This international Partnership is focused on innovation in order to develop a coherent training program to support the families- parents and children – and assist them in development of new literacy skills.
    • Good practice project- label from European commission
  • 2014-2016 Erasmus KA202-Project – „Taking the Road to Employment – Developing New Skills and Knowledge of Unemployed Person“- is a strategic partnership developed between: Macedonia-CES, Poland-Sintea, Romania-Aleron and Bulgaria- Tesa.
    This project was designed to create better employment opportunities for young people, through a series of training and acquisition of competencies for personal and professional development.
    60 unemployed young people are trained in innovation and entrepreneurship, digital skills, internet marketing and project application writing.

  • 2013-2020 Employment Agency – Training for unemployed people with fewer opportunities for language competencies, digital skills, professional skills accounting and seamstress. Within this project 460 unemployed people were trained.
  • 2016-2018 IPA- Component 4, Entrepreneurial platform for economic and social inclusion of women with fewer opportunities. 111 unemployed women received the opportunity for personal development training, digital skills training, english language courses VET trainings for the professions: hairdresser, masseur, beautician and accountant. This trainings were implemented in 4 cities: Tetovo, Skopje, Stip and Kumanovo.
  • 2013-2015 IPA- Component 4 – Improvement of Employment Potentials of Women from Ethnic Communities in the Labour Market In cooperation with the SEED Foundation, CES Academy conducted a series of professional trainings for unemployed women from underdeveloped rural areas of different ethnicities (Turks, Roma, Serbs, Bosniaks, Albanians) from 4 regions: Skopje, Debar, Strumica, Kumanovo.

ПРОЕКТ – „Со добра храна до добро расположение!“

ПРВ КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО ПАРТНЕРИ
12-13 Декември 2019 година, Скопје, Македонија

Во периодот од 12-13 декември 2019 година во просториите на Академија Ц.Е.С. се одржа првиот координативен состанок во рамките на проектот СО ДОБРА ХРАНА ДО ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ.  На оваа средба беа присутни претставници на сите 3 партнерски организации-Академија Ц.Е.С.-Македонија, Егина –Италија и Исињаре-Португалија. Средбата се одржа во организацијата домаќин –Академија Ц.Е.С. од Македонија.

Целта на состанокот беше да се воспостават сите потребни процедури и механизми за координација и успешна реализација на проектот. Позначајни точки на дискусија  беа усвојување на работната програма и динамика, усвојување инструменти за следење и мерење на достигнувањата, донесување одлуки за задачи и одговорности на партнерите, одлука за изготвување извештаи и назначување национални координатори и одговорни лица за финансии и администрација.

Исто така, се дискутираше за сите проектни активности, како методологија за изработка на интелектуалните трудови, селекција на учесници во проектните активности, дисеминација на резултатите и слично. Во рамките на состанокот беше усвоено и логото на проектот.

ВТОР КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО ПАРТНЕРИ
07 Мај 2020 година, online

На ден 07.05.2020 се одржа Вториот координативен состанок на партнерите во рамките на проектот СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ.

На online состанокот присуствуваа претставници на земјите-партнери – г-дин Серџио Фернандез, претставник на Инсињаре-Португалија, г-дин Лука Пагларичи и г-ѓа Елизабета Меј – претставници на Егина – Италија, како и претставници на домаќинот -Академија ЦЕС.

Целта на состанокот беше да се направи пресек на досегашната имплементација на проектните активности и да се координираат задачите на партнерските организации во пресрет на подготовката на периодичниот извештај од спроведувањето на проектотот. Исто така, во рамките на состанокот значајна дискусија се водеше за влијанието на светската пандемија Ковид 19, врз реализацијата на проектните активности. Во таа насока беа предложени и одредени мерки за сананација на проектниот план и успешна реализација на сите активности.

Во рамките на состанокот беше направена анализа и на изработката на интелектуалниот труд Live, love, cook – Прирачник за готвачи.

Проектните партнери изразија задоволство од претходната соработка и квалитетот на спроведување на проектните активности.

ТРЕТ КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО ПАРТНЕРИ
30 ноември  2020 година, online

На ден 30.11.2020 се одржа третиот координативен  состанок, во рамките на проектот СО ДОБРА ХРАНА ДО ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ.

На online состанокот присуствуваа претставници на земјите-партнери – г-дин Серџио Фернандез, претставник на Инсињаре-Португалија, г-ѓа Елизабета Меј – претставник на Егина – Италија, како и претставници на домаќинот -Академија ЦЕС.

На состанокот, се дискутираше за изработката на следниот Интелектуален труд за Препораки за подобрување на стандардите за професиите слаткар и готвач, како и целокупниот тек на проектните активности. Дефинирани беа сите модули од последниот интелектуален труд, методологијата, обврските на секој од партнерите, како и динамиката на реализација.

Исто така, на состанокот се дискутираше за влијанието на пандемијата КОВИД 19 врз проектните активности, обуки, мобилности, како и изнаоѓање на соодветни решенија за реализација на истите.

PROJECT – “Good food is good mood!”

FIRST COORDINATIVE MEETING
12-13 December 2019, Skopje, Macedonia

In the period from 12-13 December 2019 in the premises of the Academy C.E.S. the first coordinative meeting, of project partners, was held within the project Good food is good mood. Representatives of all 3 partner organizations took participation: Academy CES-Macedonia, Egina-Italy and Insignare-Portugal. Host organization was Academy CES, which is as well a coordinator of the project.
The purpose of the meeting was to establish all the necessary procedures and mechanisms for coordination and successful implementation of the project. Highlights of the discussion were: the adoption of work program and its dynamics, the adoption of instruments for monitoring, decision-making on tasks and responsibilities of partners, preparation of reports, appointment of national coordinators and responsible persons for finance and administration.
Also, all project activities were discussed, such as methodology for preparation of intellectual outputs, selection of participants in project activities, dissemination etc. The project logo was adopted during this meeting.

SECOND COORDINATIVE MEETING
07 May 2020, online

At 07th of May 05.2020, the second coordinative meeting of the project partners, was held within the project “Good food is good mood”. This online meeting was attended by representatives of the partner countries – Mr. Sergio Fernandez, a representative of Insignare-Portugal, Mr. Luca Paglarici and Ms. Elizabeta May – representatives of Eegina – Italy, as well as representatives of the host organization, Academy CES.
The purpose of the meeting was to make an overview of the current implementation of project activities and to coordinate the tasks of partner organizations in anticipation of the interim report. Also, during the meeting, a significant discussion was held on the impact of the global pandemic Covid 19, on the implementation of project activities. In that direction, certain measures were proposed for project rehabilitation, in order to accomplish successful implementation of all activities.
During this meeting, an analysis was made of the preparation of the intellectual work Live, love, cook- guidance for cooks.
Project partners expressed satisfaction with the previous cooperation and the quality of implementation of the project activities.

THIRD COORDINATING MEETING WITH PARTNERS
November 30, 2020, online

On 30.11.2020, the third coordinative meeting of the project partners, was held within the project “Good food is good mood”. This online meeting was attended by representatives of the partner countries – Mr. Sergio Fernandez, a representative of Insignare-Portugal, Mr. Luca Paglarici and Ms. Elizabeta May – representatives of Eegina – Italy, as well as representatives of the host organization, Academy CES.
At the meeting, the preparation of the next Intellectual output for Recommendations for improving the standards for the professions pastry chef and cook, was discussed, as well as the overall course of project activities. All modules for the third intellectual output: the methodology, each of the partners duties, as well as the dynamics of implementation were defined.
The meeting also discussed the impact of the Covid 19 pandemic on project activities, training, mobility, as well as finding appropriate solutions for their implementation.

ОСТАНАТИ ПРОЕКТИ

2021-02-12T21:15:51+00:00

YOUTH IN THE WORLD

Овој проект имаше за цел едукација на млади лица во насока на следење и користење на можностите креативно користење на ресурсите од нивната околина, превземање претприемачки иницијативи со иновативен пристап во комбинирање на три важни елементи во развојот на младинското претприемништво

2021-02-10T22:47:34+00:00

THE SKILLS THAT PAY THE BILLS

Проектот “СО ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРА ЗАРАБОТКА”(The skills that pay the bills”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Рагина-Бугарија и ВЕМ -Италија -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+K 102

2021-04-28T00:43:43+00:00

SKILLED COOKS AND WAITERS NETWORK

Проектот “Мрежа на вешти готвачи и келнери ”(Skilled Cooks and Waiters Network”) имплементиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+ КА202 Стратегиски партнерства во стручно образование и обука.

2021-04-16T16:45:47+00:00

Road to Employment

Проектот Пат кон вработување – Развивање нови вештини и знаења за невработените лица имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија – Еразмус+ 2014-2016

2021-04-15T21:22:03+00:00

LEONARDO DA VINCI PROGRAMME

Програмата Леонардо да Винчи им помага на европските граѓани да се здобијат со нови вештини, знаења и квалификации и да ги признаат преку границите со цел да ја подобрат нивната способност за вработување при промена на пазарот на трудот.

2021-02-12T21:03:17+00:00

IMPROVEMENT OF EMPLOYMENT POTENTIALS OF WOMEN

Општата цел на овој проект беше да се подобри потенцијалот на жените од специфични етнички заедници на пазарот на трудот и да се поддржи достигнувањето на тој потенцијал преку посредување и обезбедување обуки за вработување/ самовработување. Оваа акција придонесе за зголемена вработливост на невработените жени и следствено на тоа, влијаеше на намалување на стапката на невработеност, особено кај оваа категорија на попоулација.

2021-04-26T22:55:23+00:00

GOOD FOOD IS GOOD MOOD

Проектот “СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ”(Good food is good mood”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+, акција KА202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука .

2021-02-12T23:07:23+00:00

FOSTERING SOCIAL INCLUSION

Главната цел на која придонесе овој проект беше подобрување на вработливоста на жените на пазарот на трудот во Македонија, кои доаѓаат од ранливи групи. Таргетот беше насочен кон следните градови: Скопје -Општина Шуто Оризари со стапка на невработеност од 46%, Куманово со стапка на невработеност од 32%, Тетово со стапка на невработеност од 38% и Штип со стапка на невработеност од 28%. Целта беше подобрување на нивото на економска и социјална интеграција на невработените жени од малцинските етнички заедници, особено ромските, албанските и турските заедници.

2021-10-12T17:15:24+00:00

FAMILY LITTERACY WORKS

Проектот “Семејната писменост функционира!” е имплементиран од страна на Asociatia Learn&Vision-Романија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Романија – Еразмус+ 2016-2019, во партнерство со Mestna knjiznica Kranj-Словенија, Biblioteca Јudeteana Оctavian Goga-Романија, EVROCENTAR OBUCHENIE I PARTNYORSTVO 21 VEK-Бугарија, Agrupamento de Escolas Trigal de Santa Maria-Португалија и Академија Ц.Е.С.-Македонија.

2021-04-16T16:45:33+00:00

EMPLOYMENT TRAINING

Подобување на вештините и компетенциите на невработени лица, во организација и реализација на Центар за одржлив развој “АЛКА”. Во овој проект Академија ЦЕС како верификуван провајдер на обуки, обучи 8 лица за стручно оспособување за занимање Декоративен маникир.

2021-02-13T00:20:24+00:00

DIGITAL SKILLS FOR YOUNG PEOPLE

Дигитализацијата бара од сите нас, независно од возраста и професијата, да стекнеме вештини кои ќе ни дозволат да ги користиме дигиталните технологии, како на нашето работно место така и во приватниот живот. Aкадемија Ц.Е.С. во соработка со Министерство за образование и наука, реализираа обуки за млади невработени лица до 29 години, со цел стекнување дигитални компетенции.