АКАДЕМИЈА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
И ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ
Акредитација за образование на возрасни
2021-1-МК01-КА121-ADU-000008806
2022-1-MK01-KA121-ADU-000060627
Повик за пријавување на учество во мобилности
Академија ЦЕС е акредитирана установа од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, за образование на возрасни во програмата Еразмус+.
Со оваа акредитација, Академија ЦЕС има можност својот кадар, обучувачи и други соработници за во полето на образование на возрасни да ги испрати на студиски престој во друга Европска земја за подобрување на нивните компетенции.
Цел на ваквата мобилност треба да биде проширување на знаењата, компетенциите и вмрежување со други институции кои работат во полето на образование на возрасни, како и подигнување на капацитетите за развој на хоризонтални вештини.
Хоризонтални вештини се оние кои не се поврзани со одредена струка, туку се трансферзаблни и применливи во сите професии (јазични вештини, дигитална писменост, зелена писменост, медиумска писменост, финансиска писменост, претприемништво и сл.)
Исто така, прифатливи се обуки за наставни методи, техники, подготовка на нагледни средства, дидактички материјали, примена на наставна технологија и сл.
Ги покануваме сите заинтересирани соработници, кои имаат интерес да ги надградат своите компетенции во некоја од Европските земји да пополнат пријава на следниот линк:
Апликаните може и сами да предложат институција во која ќе го реализираат студискиот престој во странство (училиште, универзитет, образовен центар или друга соодветна институција).
Сите трошоци за учење, патување, сместување, храна и јавен превоз за време на студискиот престој во странство, ќе бидат покриени од Академија ЦЕС, согласно правилата на програмата Еразмус+.