ЦЕС Академија реализираше обуки за директорите на основните училишта на тема

Улогата на директорот на основно училиште во професионалниот развој на наставниците

Професионалниот развој на наставниците е многу важен бидејќи:

  • овозможува подготовка на наставниците за прифаќање и применување на системски промени, во контекст на активно учество, мотивација и иницијативност во спроведување на реформите и промените во својата средина;
  • се унапредува и јакне професионалната улога на наставникот и начинот на кој наставникот се гледа себе си и како гледа на својата професионална улога;
  • според бројни истражувања придонесува за подобрување на постигнувањата на учениците.

Фактори кои влијаат врз успешен професионален развој на наставниците е поддршката од соодветните институции на централно ниво, локалната самоуправа, но и самото училиште. Клучна е улогата на директорот како менаџер и лидер во својата средина.  Ваквиот тип на директори создаваат инклузивна култура за професионално учење и градење на здрава социјална средина за учење и работа во училиштето

Оваа обука се реазлизира во повеќе основни училишта од Велес, Бузалково, Богомила, Чашка, Струмица, Василево, Босилово, Куклиш, а следни на агендата за престојниот период се училиштата од Прилеп, Крушево, Долнени, Куманово, Кочани, Берово, Пехчево, Виница…

Обучувач  е проф. д-р Константин Петковски, координатор во Академија ЦЕС

Кога имате одговор за сѐ, тогаш знајте дека сте престанале да учите!
– Philipa Crosby