НАУЧИ ЗАНАЕТ – ПРЕКВАЛИФИКУВАЈ СЕ
Занаетот носи стабилен приход и сигурна егзистенција
Најдобрата инвестиција која може да ја направите е инвестицијата во вашите лични способности.
Обука за фризер
Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.
Обука за козметичар за нега на лице и тело
Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.
Обука за виљушкар
Програмата Ракувач на виљушкар овозможува работно оспособување на учесникот односно стекнување на знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со виљушкар и управување на виљушкарот на работното место.
Обука за професионален шминкер
Програмата за професија „Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи- шминкање во козметички салон.
Специјализирана обука за колористика
За да се занимавате со фризерски занает на вистински начин не е доволно само да завршите обука за фризер, како што многумина мислат.
Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои
Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.
Обука за мадеротерапија
Мадеротерапијата на тело е моментално најефикасната масажа за обликување на телото и отстранување на целулитот.
Специјализирана обука за естетичар за депилација
За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.
Специјализирана обука за машки фризер/бербер
Научи од мајстори и почни кариера како фризер и бербер веднаш!
Специјализирана обука за педикир
Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди
Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење
Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.
Специјализирана обука за маникир
Оспособувањето за МАНИКИР подразбира обука каде што кандидатот ќе стекне знаење и вештини за обработка на нокти и регии на нокти.