Project Description

За да се занимавате со фризерски занает на вистински начин не е доволно само да завршите обука за фризер, како што многумина мислат. Факт е дека клиентите одат во фризерски салони само за  да добијат најдобро негувана коса и фризура, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот фризер кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како ѕвезди.

Баш тоа е и основната причина поради која клиентите се враќаат повторно баш во тој салон.

Доколку завршивте обука за фризер, имате познавања од фризерскиот занает, а сакате да се доусовршите на специфична тема-колористика, тука сме за Вас да Ви овозможиме обука за доусовршување, со врвни професионалци.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

1.Колористика и Колориметрија
-запознавање со основни и секундарни нијанси
– хроматичен круг за неутрализација
⁃ запознавање со висина на тон
⁃ запознавање со фонови на осветлување
⁃ формули за пресметување на посаканата нијанса
⁃ рулеви игри со курсистите
⁃ практичен дел

  1. Амонијачни фарби
    *Класично фарбање
    ⁃ запознавање со фарбите за коса
    ⁃ како работат фарбите
    ⁃ за која таргет група од жени се наменети
    ⁃ покриеност на седи влакна
    ⁃ проблематика во фризерските салони
    ⁃ неутрализирање на непосакани нијанси
    ⁃ рулеви игри со курсистите
    ⁃ практичен дел

3.Бланширање, осветлување на коса и шатирање
– што е бланш и како работи?
– кратко повторување на колориметрија
– техники за користење на бланш
– тонови при осветлување со бланш или осветлување
– тонирање после осветлување или бланширање
– кога да користиме бланш

-балајаж техника

-омбре техника

-сомбре техника
– практичен дел

4.Безамонијачни фарби
*Фарбање со Безамонијачни фарби
⁃ запознавање со фарбите за коси
⁃ како работат фарбите
⁃ за која таргет група од жени се наменети
⁃ покриеност на седи влакна
⁃ проблематика во фризерските салони
⁃ неутрализирање на непосакани нијанси
⁃ рулеви игри со курсистите
⁃ практичен дел

5.Дијагностика на коса , скалп и проблематика
*Зашто е потребна дијагностика на скалп и коса?
– Дијагностика на скалп
⁃ проблеми на скалпот и решенија на проблемот
⁃ дијагностика на косата
⁃ дебелина на влакното
⁃ густина на косата
⁃ седи влакна
⁃ одредување на природна нијанса
⁃ одредување нијанса по должини
⁃ одредување нијанса по врвовите

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на Фризерскиот занает
  • Невработени лица кои сакаат да научат занает и да добијат можност за вработување
  • Сите оние кои сакаат да се преквалификуваат а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Времетраење на курсот 28 часа пракса+теорија
  • 4 доаѓања x 7 часа
  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
  • Термини  по договор

Датум за почеток – веднаш по формирање на група!

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Цена на обуката 9.999,00

  • Дополнителен 10%попуст за секоја следна обука
  • Дополнителен 10%попуст за предвремена резервација на место

Контакт телефон – (02) 3232 510 или 078 339 502

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2020-11-16T14:36:14+00:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2021-01-12T00:07:36+00:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2021-01-12T00:07:15+00:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2020-12-29T00:40:32+00:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2020-11-16T14:49:56+00:00

Обука за трајно исцртување на веѓи

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

2020-12-29T21:40:39+00:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.