Project Description

Да бидете шивач е одлична вештина поради многу причини. Има толку многу што можете да создадете со шиењето. Толку многу да направите. А тоа вклучува и многу добар приход.

Kолку пати пред излог сте си рекле себеси „Ах, кога би знаела да шијам, се нешто би си сошила.”  Ако навистина сериозно и сте посакале, еве прилика да ги остварите своите желби во врска со шиењето оригинални парчиња облека за своја душа. Ако сакате да го разбудите креативецот во себе и да се најдете во тој магичен свет на крпчиња, фустани, штепови и конци, придружете ни се на оваа креативна обука и научите ги основните елементи на шиењето. Ние сме тука за ВАС. Дозволете да Ве воведеме во тој прекрасен свет на бои и идеи и заедно да ја постигнеме Вашата цел!

ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ. МОЖЕТЕ ПОВЕЌЕ ОД ТОА ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ! ЦЕЛТА Е ВАША, НАПРАВЕТЕ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР!

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Опис на програмата

Програмата “­Шивач“е наменета  за работно  оспособување на кандидатите за шиење. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите за полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот како и во организација и реализација на процесот на шиење. Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање, цртање), практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.

Структурата на програмата за “­Шивач“е следна:

  • Стручно-теоретски дел;
  • Практична работа и;
  • Проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, технолог- текстилна насока.
Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремена текстилна работилница, а со кандидатите ќе работат професори ментори со повеќегодишно работно искуство.
Третиот дел од програмата за шивач е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Шивач. Програмата нуди можност за вертикална проодност.

УБАВИНАТА НА СОЗДАВАЊЕТО!

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како шивачи;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;
  • За лица кои сакаат да се осамостојат и да отпочнат сопствен бизнис.

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
  • Дата на почеток-веднаш по оформување на група

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата ШИВАЧ.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2024-01-17T18:12:10+01:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2024-01-17T18:09:18+01:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2024-01-17T18:10:20+01:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2024-01-17T18:06:39+01:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2024-01-17T16:13:16+01:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2024-01-17T18:12:47+01:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.