Project Description
Пицата е најпознатото и најуниверзалното јадење во целиот свет.
Корените ги има уште во античко време, бидејќи античките Феникијци, Грци и Римјани во многу прилики подготвувале тенка кора од тесто збогатена со медитерански билки и лук.
Оваа верзија на пица, се разбира, напредувала со текот на времето, па затоа денес е невозможно да се изброи колку различни видови на пица има. Ние и нашите современици ја поврзуваме пицата со Италија.
Италијанската верзија на пицата е создадена во Неапол и таа е познатата „пица маргерита“ со фил од црвен домат, бела моцарела и зелен, свеж босилек.
Академија Ц.Е.С. Ви нуди можност да се обучит за најбараното занимање ПИЦА МАЈСТОР- универзална професија, која каде и да сте, во светот и во нашата земја, потребата од оваа професија е постојана.
Ќе добиете можност да се стекнете со потребните вештини и техники за да направите совршено тесто за пица, што е, всушност, основата на секоја добра пица.
Курсот за пица мајстори вклучува обука за подготовка и дозирање на основните состојки за правење квалитетно тесто, како и техники за правилно мешање, развој и обликување.
По овој дел од курсот, обуката за пица мајстори продолжува со настава за најпопуларните видови сирења и други додатоци за пица. Со правилна употреба на состојки и нивна комбинација, се добива подобар квалитет на финалниот производ.
По завршување на курсот за Пица мајстор– секој кандидат за ова занимање ќе биде подготвен да ја извршува својата работа квалитетно и сигурно. Нашиот препознатлив печат е тоа што ќе се запознаете со малите тајни на искусни мајстори кои ќе ви помогнат да направите совршена пица.
ПАТОТ Е ВАШ, НАПРАВЕТЕ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР!
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- Историја и потекло на пицата;
- Состојки и нивни својства;
- Видови пица, карактеристики на храна, зачини;
- Вештини за користење соодветна опрема и начини на подготовка на пица и додатоци;
- Најважните рецепти и начини на подготовка на пица, комбинација на состојки;
- Совети, тајни и трикови при правење пица;
- Вовед во основите на хигиената и заштитата на храната
По завршување на обуката кандидатите се способни
- самостојно да работат како пица мајстори,
- Да подготвуваат различни видови на пица со употреба на различни состојки според современите барања на клиентите и работодавците
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
- За сите лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како пица мајстори;
- За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
- За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да стекнат дополнителен занает
ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА
- Локација: Во просториите на Академија ЦЕС и во компанија за практична работа
- Дата на почеток-веднаш по оформување на група
СЕРТИФИКАТ
Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Пица Мајстор.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Добиениот сертификат од овие обуки важи во земјата и во странство.
Контакт телефон – (02) 3232 510, 075/225-539 или 078 339 502
Академија ЦЕС како дел од програмата Еразмус + спроведува стручни обуки и надвор од
земјата, па така голем број кандидати кои поминале обука во Академија ЦЕС имаат
можност на посетат напредна обука за готвач, слаткар, пекар и слично во европска
држава како Италија, Португалија, да добијат европски сертификат, да стекнат
дополнителни напредни вештини и знаења за професијата, да разменат
интернационално искуство, и со тоа да бидат конкурентни на пазарот на труд и привлечни
за конкуренцијата.
Сподели ја обуката:
ОСТАНАТИ ОБУКИ
Специјализирана обука за педикир
Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои
Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.
Специјализирана обука за машки фризер/бербер
Научи од мајстори и почни кариера како фризер и бербер веднаш!
Специјализирана обука за маникир
Оспособувањето за МАНИКИР подразбира обука каде што кандидатот ќе стекне знаење и вештини за обработка на нокти и регии на нокти.
Специјализирана обука за колористика
За да се занимавате со фризерски занает на вистински начин не е доволно само да завршите обука за фризер, како што многумина мислат.
Специјализирана обука за естетичар за депилација
За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.
Обука за фризер
Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.
Обука за професионален шминкер
Програмата за професија „Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи- шминкање во козметички салон.
Обука за масер за козметичка масажа
Програмата „МАСЕР ЗА КОЗМЕТИЧКА МАСАЖА” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи масер за тело во козметички салон.
Обука за мадеротерапија
Мадеротерапијата на тело е моментално најефикасната масажа за обликување на телото и отстранување на целулитот.
Обука за козметичар за нега на лице и тело
Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.
Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење
Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.