Project Description

Уште една идеја за идна успешна кариера!

Стекнете вештини, знаење, пракса, план и поддршка за сопствен бизнис како естетичар за депилација, стигнете до целта и почнете да заработувате како професионалец веднаш!

Менторирани од докажани професионалци со долгогодишно искуство кои несебично Ви го пренесуваат своето знаење, чекор по чекор, постапно и фокусирано, научете сe’ за структурата и растот на влакното, правилното позиционирање при депилацијата и нанесување на восокот во однос на правецот на раст на влакното, техниките и методите за безбедно отстранување на влакното со топол и ладен восок, соодветната хигиена и нега после третманот итн.

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење. Токму поради тоа за време на обуката за ДЕПИЛАЦИЈА организирана од страна на ЦЕС посебно внимание посветуваме на совладување на комуникацијата и односот со клиентите, како би се створил посебен однос помеѓу нив и истиот би се одржувал континуирано.

Програмата се состои од теоретски дел на обуката и 90% практична работа со вклучени материјали за работа,во опремена просторија.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Опремување со алатки и организирање на работниот простор за изведување депилациски третмани
  • Запознавање со материјалите и алатките за депилација
  • Одржување хигиена на апаратите и другите алатки
  • Одржување лична хигиена и хигиена на простор
  • Правилен пристап кон клиентот
  • Утврдување на состојбата на кожата на клиентот и избор на соодветен депилациски третман
  • Структура и раст на влакното
  • Видови восоци, разлика меѓу нив и соодветна намена и примена
  • Правилно нанесување и отстранување на топол восок
  • Правилно нанесување и отстранување на ладен восок
  • Превенирање на најчести грешки
  • Превенирање на кожни реакции после депилациски третмани.
  • Депилација на тело: раце, нозе, интимна зона, стомак, грб, пазуви
  • Депилација на лице
  • Правила за обликување на веѓи според обликот на лицето
  • Обликување на веѓи со восок и пинцета
  • Квалитетни препарати за нега на кожата после депилација
  • Запознавање со пазарот, брендовите, добавувачите, вмрежување со нив и поддршка за понатамошна работа

Програмата ДЕПИЛАЦИЈА е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала (Ресурси / опрема за настава и учење).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на Козметичкиот занает
  • Невработени лица кои сакаат да научат занает и да добијат можност за вработување
  • Сите оние кои сакаат да се преквалификуваат а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Времетраење на курсот 3 дена x 7 часа
  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
  • Термини по договор

Датум за почеток – веднаш по формирање на група!

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за ДЕПИЛАЦИЈА.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

РЕДОВНА ЦЕНА ЗА ОБУКА  8.900,00 ден

  • Дополнителен 10%попуст за секоја следна обука

Контакт телефон – (02) 3232 510 или 078 339 502

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2020-11-16T14:36:14+00:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2021-01-12T00:07:36+00:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2021-01-12T00:07:15+00:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2020-12-29T00:40:32+00:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2020-11-16T14:49:56+00:00

Обука за трајно исцртување на веѓи

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

2020-12-29T21:40:39+00:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.