Project Description

Исцртување на веѓи кое дава сосема природен и неверојатно привлечен изглед!

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

При оваа метода не се користи апарат за исцртување како до сега, туку веѓите, влакно по влакно, се цртаат директно на кожата со употреба на посебен апликатор со мал секач. Специфичниот метод на исцртување дава потполно природен изглед, бидејќи не се пополнува целата форма, туку, со посебна техника, се цртаат тенки и закривени влакненца во правец на нивниот природен раст.

Најсоодветни кандидати за овој третман се оние лица кои почнале погрешно да ги оформуваат веѓите со што го уништиле нивниот природен изглед, густина и големина. Воедно, и оние лица кои, поради одредени причини, постепено започнале да ги губат веѓите.

 

ОПИС НА ОБУКАТА

За да се занимаваме со козметички занает на вистински начин не е доволно само да завршиме курс за козметичар, како што многумина мислат. Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за  да добијат најдобро негуваноа тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди.

Баш тоа е и основната причина поради која клиентите се враќаат повторно баш во тој салон. Токму поради тоа за време на обуката за трајно исцртување на веѓи со јапонски метод организиран од страна на ЦЕС посебно внимание посветуваме на совладување на комуникацијата и односот со клиентите, како би се створил посебен однос помеѓу нив и истиот би се одржувал континуирано.

Програмата се состои од теоретски дел на обуката и 90% практична работа со вклучени материјали за работа,во опремена просторија.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

ТЕОРЕТСКИ НАСТАВА

  • Што е микроблејдинг?
  • Која е разликата помеѓу микроблејдингот и трајната шминка на веѓи со машинка?
  • Анатомија на лице – мускули, нервни завршетоци
  • Се за формата и обликот на веѓите
  • Определување на перфектниот облик за секое лице со помошта на специјален шестар
  • Пигменти – трајностна бојата според видот на кожата, избор на бои, мешање на бои
  • Цртање на облик и распоред на влакненца на хартија
  • Исцртување – облик на лице, облик на веѓи, одредување на обликот на веѓите
  • Начин на работа – затегнување на кожата, нанесување на бојата, начин на исцртување
  • Кожа – структура на кожата, боја на кожата, одржување после третман, можни реакции, кожни болести и проблеми
  • Каде се препорачува микроблејдингот?
  • Хигиена и подготовка на местото за работа, опрема – држачи, ножици, дезинфекција, анестезија
  • Препораки за консултација и информативен разговор со клиентот

ПРАКТИЧНА НАСТАВА на модел

  • Демонстрација на жив модел
  • Работа на жив модел под постојан надзор и помош од едукаторот
  • Прашања и одговори

Резултати:

  • Совршен изглед на веѓите во секој период од денот, без цртање со моливчиња.
  • Прилагодениост на вашите спрема Вашата боја на коса, структура на лице, боја на кожа.
  • Лицето изгледа поведро и помладо
  • Поголема самодоверба, а помалку грижа околу доцртувањето
  • По неколку термини, ќе бидете спокојни до 2 години
  • Природен, модерен и здрав изглед на веѓите

Програмата “ТРАЈНО ИСЦРТУВАЊЕ НА ВЕЃИ СО ЈАПОНСКИ МЕТОД” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала (Ресурси / опрема за настава и учење).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на Козметичкиот занает
  • Невработени лица кои сакаат да научат занает и да добијат можност за вработување
  • Сите оние кои сакаат да се преквалификуваат а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Времетраење 3 дена по 7 часа
  • Локација: Во просториите на Академија ЦЕС
  • Термини по договор

Дата на почеток

  • 10.07.2020
  • 15.08.2020
  • 11.09.2020
  • 09.10.2020
  • 06.11.2020
  • 02.12.2020

СЕРТИФИКАТ

  • Кандидатите, кои успешно ќе ја завршат обуката добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за ТРАЈНО ИСЦРТУВАЊЕ НА ВЕЃИ СО ЈАПОНСКИ МЕТОД Сертификатот е признаен во земјата и во странство

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

ЦЕНА ЗА ОБУКА  36.000,00 ден

  • Дополнителен 10%попуст за секоја следна обука
  • Дополнителен 10%попуст за предвремена резервација на место

Контакт телефон – (02) 3232 510,  075/225-539 или 078 339 502

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2020-11-16T14:36:14+00:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2021-01-12T00:07:36+00:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2021-01-12T00:07:15+00:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2020-12-29T00:40:32+00:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2020-11-16T14:49:56+00:00

Обука за трајно исцртување на веѓи

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

2020-12-29T21:40:39+00:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.