Project Description

За да се занимаваме со козметички занает на вистински начин не е доволно само да завршиме курс за козметичар, како што многумина мислат. Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за  да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди.

Баш тоа е и основната причина поради која клиентите се враќаат повторно баш во тој салон. Токму поради тоа за време на обуката и курсот за козметичар организиран од страна на ЦЕС посебно внимание посветуваме на совладување на комуникацијата и односот со клиентите, како би се створил посебен однос помеѓу нив и истиот би се одржувал континуирано

Обуката за козметичар за нега на лице и тело опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на козметичкиот занает, од основите на занимањето, третман на лице, третман на тело, масажи: релакс, антицелулитна, спортска;  депилација, педикир, маникир итн . Cе разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател. Користиме најсовремени техники и методи кои се во тренд со светските модни текови во козметичкиот занает.

Програмата се состои од теоретски дел на обуката и 90% практична работа со вклучени материјали за работа,во опремена просторија.

Основната цел на оваа обука е учесниците да се стекнат  со суштински и практични разбирања за професијата Козметичар за нега на лице и тело, депилација, масажа, педикир и маникир, а по нејзиното успешно завршување ќе бидат оспособени да:

  • Ја разберат суштината на професијата Козметичар
  • Да организираaт простор и работа во козметички салон,
  • Да вршат прием на клиентот и подготовка за третман
  • Да прават третмани на лице, врат и деколте
  • Да прават третмани на тело, масираат
  • Да депилираат
  • Да негуваат на раце и нозе-педикир и маникир

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • МОДУЛ  1 – ОСНОВИ НА ЗАНИМАЊЕТО
  • МОДУЛ 2 – ПРИЕМ НА КЛИЕНТ И ПОДГОТОВКА НА ТРЕТМАН
  • МОДУЛ 3 – КОЗМЕТИЧКИ ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ, ВРАТ, ДЕКОЛТЕ
  • МОДУЛ 4 – МАСАЖА НА ТЕЛО, РЕЛАКС И АНТИЦЕЛУЛИТНА
  • МОДУЛ 5 – ДЕПИЛАЦИЈА
  • МОДУЛ 6 – НЕГА НА РАЦЕ И НОЗЕ, ПЕДИКИР-МАНИКИР

Програмата “Kозметичар за нега на лице и тело” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно-технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува клиент за третман, спроведува третмани на лице и тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала (Ресурси / опрема за настава и учење).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Kозметичар за нега на лице и тело” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
Кандидатот кој успешно ќе ја  заврши обуката се здобива со сертификат за Kозметичар за нега на лице и тело.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на Козметичкиот занает
  • Невработени лица кои сакаат да научат занает и да добијат можност за вработување
  • Сите оние кои сакаат да се преквалификуваат а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

Времетраење на обуката 5-6 недели

Локација: Во просториите на Академија ЦЕС

Датум за почеток – веднаш по формирање на група!

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата КОЗМЕТИЧАР ЗА НЕГА НА ЛИЦЕ И ТЕЛО.

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело  се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија

Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома

Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.

Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма

Со државен сертификат можеш:

  • Да се вработиш како квалификуван козметичар
  • Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
  • Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
  • Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа

Со сертификат од фирма

  • Неможеш да се вработиш како козметичар – бидејќи немаш соодветна лиценца
  • Добиваш сертификат само со печат од фирмата
  • Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
  • Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
  • Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
  • Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоценото нешто

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

РЕДОВНА ЦЕНА НА ОБУКА – 28.000 ден

🎅 40% Новогодишно изненадување (16.800 ден) 🎅

ЦЕНА НА ОБУКА ЗА ПОПУСТ – 11.200 ден

Контакт телефон – (02) 3232 510, 075/225-539 или 078 339 502

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2020-11-16T14:36:14+00:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2021-01-12T00:07:36+00:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2021-01-12T00:07:15+00:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2020-12-29T00:40:32+00:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2020-11-16T14:49:56+00:00

Обука за трајно исцртување на веѓи

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

2020-12-29T21:40:39+00:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.