Project Description

Дали некогаш сте помислиле дека сакате да бидете ВИЕ тие коишто ги управуваат огромните градежни машини како што се булдожери, багери, ровокопачи?

Овaa обука ќе Ви ги даде сите потребни вештини и квалификации за успешно вршење на ова занимање коешто е се повеќе застапено во светот. Ќе бидете обучени да можете не само да ги управувате овие машини и да придонесувате за подобро стопанство, но и да ги одржувате истите, да ја контролирате нивната исправност, да вршите поправки.

Оваа прилика не смеете да ја испуштите! Ако имате страст кон ова занимање, ако имате желба за доквалификација и усовршување Вие сте на правото место и на правиот пат кон постигнување на целта. Не секој може да биде ракувач со градежни машини, но можеби Вие сте еден од тие што баш тоа го сакаат и можат, а немале прилика за соодветна обука до сега. Ви ја нудиме нашата поддршка и помош да се оспособите!

Направете го првиот чекор и пријавете се за оваа обука. Другото е наша грижа.

Програмата овозможува работно оспособување за Ракувач со градежни машини и истата е со стручно теоретски содржини кои се  во функција на практичната обука,  која  пак се изведува на плато и терен во реални услови.

По успешното завршување на програма учесникот ќе  се оспособи да:

  • ја планира и  организира работата со градежната механизација според инструкциите на претпоставениот,
  • рационално користи машини, уреди,  средства за работа, енергија, материјал и време,
  • подготвува и проверува исправност на алати, уреди и механизација  за работа,
  • идентификува опасности и презема мерки за стабилност на теренот,
  • изведува земјени работи во различни изведбени постапки според проектот и инструкциите,
  • ракува и управува со градежна механизација за земјени работи на терен, изведува ископ, депонира ископан материја, рамни, набива, распостелува, меша, набива, товара, чисти снег,
  • користи технички упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив.
  • Се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина, комуницира со соработниците, познава права од работен однос, можности за отварање  и водење на мал бизнис.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Управуваат со механизација со различен погон;
  • Применуваат соодветен алат, опрема и средства;
  • Работа со карпи;
  • Работа на патишта;
  • Пренос и подигнување
  • Изведуваат искпоп, рамни,  расчистува, изведува и ревитализира одводни канали;
  • Одржуваат патишта, набива подлога, чисти одрон, снег, превентивно ја одржува механизацијата, учествува во нејзино корективно одржување и сервисирање;
  • Воочуваат најчести дефекти, согледува причини за појава на истите,
  • применуваат правила и прописи за квалитет и сигурност при работата
  • се грижат за личното здравје и здравјето на луѓето и животната средина.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Модул 1-Виљушкар и работни задачи на ракувачот на виљушкар
  • Модул 2-Мотори со внатрешно согорување
  • Модул 3-Системи за управување со виљушкар
  • Модул 4-Системи за сопирање на виљушкарите
  • Модул 5-Носечки системи на виљушкарите, Електрична опрема на виљушкарите, Експлоатација на виљушкарите, Одржување на виљушкарите, Безбедносни правила при ракување на виљушкар, Безбедносни правила за заштита на работната и животна средина

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За кого е наменетa обуката? 
    • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како ракувачи со градежни машини;
    • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
    • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
    • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

  • Каде:   Во  просториите на  Академија ЦЕС.

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата ВИЉУШКАР.

Обуката за виљушкар  се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија

Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома

Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.

Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма

Со државен сертификат можеш:

  • Да се вработиш како квалификуван виљушкар
  • Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
  • Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
  • Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа

Со сертификат од фирма

  • Неможеш да се вработиш на бараната професија- бидејќи немаш соодветна лиценца
  • Добиваш сертификат само со печат од фирмата
  • Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
  • Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
  • Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
  • Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоценото нешто
Ви благодариме за интересот! Во моментов, пријавувањата се завршени. Ве охрабруваме да ја посетите нашата веб-страница повторно и следете нè на социјалните мрежи за да останете информирани кога ќе се отворат апликациите. Ви благодариме!

Академија ЦЕС како дел од програмата Еразмус + спроведува стручни обуки и надвор од
земјата, па така голем број кандидати кои поминале обука во Академија ЦЕС имаат
можност на посетат напредна обука за готвач, слаткар, пекар  и слично во европска
држава како Италија, Португалија, да добијат европски сертификат, да стекнат
дополнителни напредни вештини и знаења за професијата, да разменат
интернационално искуство, и со тоа да бидат конкурентни на пазарот на труд и привлечни
за конкуренцијата.

Сподели ја обуката:

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2023-08-22T23:11:17+02:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2023-08-21T22:03:38+02:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2023-08-22T17:29:15+02:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2023-08-22T23:15:27+02:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2023-08-22T23:15:15+02:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.

2023-08-22T23:15:41+02:00

Обука за јапонско исцртување на веѓи/microblading+пудер техника/сенчење

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.