Project Description

Програмата за професија  „Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи- шминкање во козметички салон. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Структурата на програмата е следна:

  • *стручно-теоретски дел,
  • *практична обука и
  • *проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

Времетраење на програмата е 3-4 недели.

Стручно-теретскиот  дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет, опремен според правилникот за стандардите за просторот и опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршени студии по медицина.

Практичниот дел од обуката ќе се реализира во козметички салони и опремени кабинети. Практичниот дел од обуката ќе го реализира лице со работно искуство/шминкер.

Третиот дел од програмата е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да:

  • организира простор и работа во салонот,
  • применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност,
  • подготвува работно место и клиент за третман,
  • шминка со примена на различни техники
  • спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира,
  • соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за „Шминкер”.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

МОДУЛ 1 -ОСНОВИ НА ЗАНИМАЊЕТО ШМИНКЕР

 

МОДУЛ 2- ОСНОВИ НА ШМИНКАТА

  • Како се третира и шминка неправилен облик на лице?
  • Како се шминка округла форма на лице?
  • Како се шминка правоаголна форма на лице?
  • Како се шминка триаголна форма на лице?
  • Како се шминка срцевидна форма на лице?
  • Како се шминка долгнавесто форма на лице?
  • Како се избира и како се користи пудрата?
  • Како се избира и како се користи коректорот?
  • Како се нанесува пудрата во прав?
  • Како се користи руменилото?
  • Какви видови сенки за очи постојат?
  • Како преку шминкање се прави корекција на очи?
  • Како се нанесува креон?
  • Како се шминкаат и корегираат веѓите?
  • Како се нанесува римел?
  • Како се аплицираат и користат вештачките трепки?
  • Како да избереме и кој кармин да го искористиме?
  • Како се врши декорација на устата преку шминкање?
  • Како и кога се употребува дневната шминка?
  • Како и кога се употребува вечерната шминка?

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА

  • За сите оние кои сакаат да градат кариера во областа на Козметичкиот занает
  • Невработени лица кои сакаат да научат занает и да добијат можност за вработување
  • Сите оние кои сакаат да се преквалификуваат а со тоа и можност за нова или дополнителна работа

Потребни предзнаења

Не е потребно – само воља и желба за лична промена и личен напредок

ВРЕМЕ / ЛОКАЦИЈА

Времетраење на курсот 3-4 недели

Локација: Во просториите на Академија ЦЕС

Датум за почеток – веднаш по формирање на група!

СЕРТИФИКАТ

Кандидатите, кои успешно ќе го завршат курсот добиваат сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професионален шминкер.

Сертификатот има статус на државна диплома – признаена во земјата и во странство.

Разлика помеѓу државен сертификат и сертификат од фирма

Со државен сертификат можеш:

  • Да се вработиш како квалификуван шминкер
  • Можеш да отвориш сопсвен бизнис со лиценциран признаен сертификат
  • Да учиш по програма одобена според сите државни образовни стандарди
  • Нема да те прогонуваат инспекции, бидејќи ќе имаш лиценца за работа

Со сертификат од фирма

  • Неможеш да се вработиш како шминкер – бидејќи немаш соодветна лиценца
  • Добиваш сертификат само со печат од фирмата
  • Неможеш да отвориш сопствен бизнис бидејки немаш соодветна лиценца
  • Учиш по програма која не е одобрена од институција туку од некој кој сам ја напишал и пред се не е верификувана од надлежни институции.
  • Ке имаш проблем со инспекција- бидејќи немаш лиценца за работа
  • Сето тоа ќе резултира со губење време и насочување на паричните средства на несоодветно место, а времето ни е најдрагоценото нешто

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБУКАТА

РЕДОВНА ЦЕНА НА ОБУКА – 28.000 ден

🎅 60% Новогодишно изненадување (16.800 ден) 🎅

ЦЕНА НА ОБУКА ЗА ПОПУСТ – 11.200 ден

Контакт телефон – (02) 3232 510, 075/225-539 или 078 339 502

ОСТАНАТИ ОБУКИ

2020-11-16T14:36:14+00:00

Специјализирана обука за педикир

Факт е дека клиентите одат во козметички салони не само за да добијат најдобро негувано тело и лице, туку и затоа што имаат меѓусебен заеднички однос со својот козметичар кој е полн со разбирање и почит према нив и прави да се чувствуваат како звезди

2021-01-12T00:07:36+00:00

Специјализирана обука за најновата гел акрил техника & микс декоративни техники за цртање со акрилни бои

Гелакрил е техника која ги опфаќа најпозитивните особености од двете техники со цел олеснување и забрзување на процесот за изработка на нокти.

2021-01-12T00:07:15+00:00

Специјализирана обука за естетичар за депилација

За време на обуката ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

2020-12-29T00:40:32+00:00

Обука за фризер

Обуката за Женски Фризер опфаќа обука на учесниците за целосно изучување на фризерскиот занает, од основите на занимањето, обликување на коса, техники на фенирање, шишање, бојадисување како и правење фризури, се разбира тоа е само дел од знаењето и вештините кои ќе ги совлада секој слушател.

2020-11-16T14:49:56+00:00

Обука за трајно исцртување на веѓи

Досегашната техника за нанесување на трајна шминка на веѓите со исцртување на две тенки линии со апарат, веќе е надмината. Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за трајно исцртување на веѓи.

2020-12-29T21:40:39+00:00

Обука за козметичар за нега на лице и тело

Обуката за Козметичар за нега на лице и тело се реализира по програма верификувана од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование на Северна Република Македонија Добиениот сертификат од оваа обука има статус на државна диплома.