Целта на проектот е да се развие неформална пилот програма за оспособување на лица од третото животно доба (60+) како да ги користат компјутерите и паметните телефони во секојдневниот живот за комуникација и користење на јавни, социјални и останати услуги.
WINBIZ
cadmin2022-12-30T13:08:54+01:00Интеграцијата на жените мигранти или жените со незападно потекло во европскиот контекст е суштински чекор кон постигнување на целта за зголемување на стапката на вработеност во ЕУ на 78%, како што се бара во Стратегијата Европа 2030 година. Општо земено, вработувањето на мигрантите може да има силно влијание врз растот и БДП во европски земји, како што покажуваат бројните студии во овој сектор.
GOOD FOOD IS GOOD MOOD
cadmin2022-10-17T17:40:16+02:00Проектот “СО ДОБРА ХРАНА ДО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ”(Good food is good mood”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+, акција KА202 Стратешко партнерство во стручно образование и обука .
Road to Employment
cadmin2022-10-16T16:10:09+02:00Проектот Пат кон вработување – Развивање нови вештини и знаења за невработените лица имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија – Еразмус+ 2014-2016
DEVELOPING WORK BASED DUAL MODEL
cadmin2022-10-17T21:06:03+02:00Стратегиска определба на Центарот за обуки во Академија Ц.Е.С. е да се понудат квалитетни образовни програми што е во согласност со интересите на слушателите и потребите на пазарот на трудот. Овој проект во својата суштина го има дуалниот образовен систем, преку чија што апликација континуирано ќе се обезбедува квалитетна пракса за слушателите на курсеви.
SKILLED COOKS AND WAITERS NETWORK
cadmin2022-10-16T20:54:22+02:00Проектот “Мрежа на вешти готвачи и келнери ”(Skilled Cooks and Waiters Network”) имплементиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Insignare –Португалија и Egina –Italija поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+ КА202 Стратегиски партнерства во стручно образование и обука.
INCLUSION OF WOMEN FROM ETHNIC COMMUNITIES IN THE LABOR MARKET
cadmin2021-02-12T23:59:21+01:00Овозможување на инклузивен пазар на труд во Македонија, каде што сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од ранливите категории, ќе имаат еднаков пристап и можности.
DIGITAL SKILLS FOR YOUNG PEOPLE
cadmin2022-10-17T20:58:51+02:00Дигитализацијата бара од сите нас, независно од возраста и професијата, да стекнеме вештини кои ќе ни дозволат да ги користиме дигиталните технологии, како на нашето работно место така и во приватниот живот. Aкадемија Ц.Е.С. во соработка со Министерство за образование и наука, реализираа обуки за млади невработени лица до 29 години, со цел стекнување дигитални компетенции.
LEONARDO DA VINCI PROGRAMME
cadmin2022-10-17T20:12:12+02:00Програмата Леонардо да Винчи им помага на европските граѓани да се здобијат со нови вештини, знаења и квалификации и да ги признаат преку границите со цел да ја подобрат нивната способност за вработување при промена на пазарот на трудот.