fbpx

Проекти

DIGITAL SKILLS FOR YOUNG PEOPLE

2022-10-17T20:58:51+02:00

Дигитализацијата бара од сите нас, независно од возраста и професијата, да стекнеме вештини кои ќе ни дозволат да ги користиме дигиталните технологии, како на нашето работно место така и во приватниот живот. Aкадемија Ц.Е.С. во соработка со Министерство за образование и наука, реализираа обуки за млади невработени лица до 29 години, со цел стекнување дигитални компетенции.

LEONARDO DA VINCI PROGRAMME

2022-10-17T20:12:12+02:00

Програмата Леонардо да Винчи им помага на европските граѓани да се здобијат со нови вештини, знаења и квалификации и да ги признаат преку границите со цел да ја подобрат нивната способност за вработување при промена на пазарот на трудот.

YOUTH IN THE WORLD

2022-10-17T20:14:53+02:00

Овој проект имаше за цел едукација на млади лица во насока на следење и користење на можностите креативно користење на ресурсите од нивната околина, превземање претприемачки иницијативи со иновативен пристап во комбинирање на три важни елементи во развојот на младинското претприемништво

IMPROVEMENT OF EMPLOYMENT POTENTIALS OF WOMEN

2022-10-17T20:23:36+02:00

Општата цел на овој проект беше да се подобри потенцијалот на жените од специфични етнички заедници на пазарот на трудот и да се поддржи достигнувањето на тој потенцијал преку посредување и обезбедување обуки за вработување/ самовработување. Оваа акција придонесе за зголемена вработливост на невработените жени и следствено на тоа, влијаеше на намалување на стапката на невработеност, особено кај оваа категорија на попоулација.

FOSTERING SOCIAL INCLUSION

2022-10-17T20:56:40+02:00

Главната цел на која придонесе овој проект беше подобрување на вработливоста на жените на пазарот на трудот во Македонија, кои доаѓаат од ранливи групи. Таргетот беше насочен кон следните градови: Скопје -Општина Шуто Оризари со стапка на невработеност од 46%, Куманово со стапка на невработеност од 32%, Тетово со стапка на невработеност од 38% и Штип со стапка на невработеност од 28%. Целта беше подобрување на нивото на економска и социјална интеграција на невработените жени од малцинските етнички заедници, особено ромските, албанските и турските заедници.

EMPLOYMENT TRAINING

2022-10-17T20:39:48+02:00

Подобување на вештините и компетенциите на невработени лица, во организација и реализација на Центар за одржлив развој “АЛКА”. Во овој проект Академија ЦЕС како верификуван провајдер на обуки, обучи 8 лица за стручно оспособување за занимање Декоративен маникир.

FAMILY LITTERACY WORKS

2022-10-17T20:08:02+02:00

Проектот “Семејната писменост функционира!” е имплементиран од страна на Asociatia Learn&Vision-Романија и финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Романија – Еразмус+ 2016-2019, во партнерство со Mestna knjiznica Kranj-Словенија, Biblioteca Јudeteana Оctavian Goga-Романија, EVROCENTAR OBUCHENIE I PARTNYORSTVO 21 VEK-Бугарија, Agrupamento de Escolas Trigal de Santa Maria-Португалија и Академија Ц.Е.С.-Македонија.

THE SKILLS THAT PAY THE BILLS

2022-10-17T19:49:24+02:00

Проектот “СО ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРА ЗАРАБОТКА”(The skills that pay the bills”) имплементиран од страна на Академија Ц.Е.С – Македонија и партнерските организации Рагина-Бугарија и ВЕМ -Италија -финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата – Еразмус+K 102

АКАДЕМИЈА ЦЕС

Лидери во областите на (не)формалното стручно образование и возрасни кој на својот времеплов бележи преку 420 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл., преку 36 000 обучени лица од различни профили во Македонија и регионот.

Контакт инфо

Антон Попов бр 1-4/15,
1000 Скопје

Phone: 02 32 32 510

Mobile: 078 339 502

Go to Top