Бесплатни обуки за невработени со цел придонес кон усовршување и можност за нова работа и професија

Една од главните цели во нашиот процес на работа е да им помогнеме на лицата во усовршување на нивното знаење, едукација и поголема конкурентност на пазарот на труд. Преку совладување голем број вештини од областа на стручното образование и обука, дигитални вештини, финансиска писменост, претприемачки вештини, вештини за вработување како и многу други,  Ц.Е.С. Академија своите студенти ги носи чекор поблиску до потребите на пазарот на труд.

Брзите дигитални трансфорамции, експлозивниот раст на технологијата, развојот на нови професии, потребата од квалитетен кадар, потребите на пазарот, како и новите трендови во развојот на една струка ги насочуваат лицата кон стекнување нови вештини, едукација и унапредување на знањето.

Нашиот тим е максимално посветен на секој наш кандидат да му овозможи врвна едукација, услови и подготовка за работниот процес кој следи.

За таа цел Ц.Е.С .Академија овозмoжува бесплатни обуки за невработени лица со цел придонес кон нови кариерни можности и професионален развој. Бесплатните обуки на кои може да присуствувате се од областа на стручното образование и обука (занаети), обуката за службеник во сметководство како и обуката за нега на стари лица. Обуките за кои може да се пријавите од областа на стручното образование се следниве:

  • Козметичар за нега на лице и тело
  • Службеник во сметководство
  • Масер за козметичка масажа
  • Декоративен маникир
  • Слаткар
  • Пекар
  • Готвач
  • Нега на стари лица
  • Шминкер
  • Фризер
  • Мадеро масажа

На овие бесплатни обуки покрај теоретскиот дел, посебен акцент е поставен на практичниот дел на едукација преку кој студентите имаат можност да ги стекнат сите потребни вештини од соодветната област во присуство на врвни предавачи со долгогодишно искуство.

Од друга страна големо внимание се посветува и на совладување врвни комуникациски вештини и градење однос со клиентите. Воспоставување квалитетна комуникација и однос со клиентите се едни од клучните фактори за успех во работата и развој на бизнисот во иднина.

По завршување на обуката кандидатите добиваат сертификат кој што има статус на државна диплома – единствена диплома која е признаена во земјата и странство.

Сите кандидати кои биле дел од обуките на Ц.Е.С. Академија имаат можност да посетат напредни обуки во одредени области, во некои европски држави како Германија, Италија, Португалија и на тој начин да изучат нови вештини, да воспостават нови контакти, да развијат нови идеи и да имаат нови можности за работа и конкуретност на пазарот на труд како резултат на тоа што Ц.Е.С. Академија е дел од Еразмус+ програмата и има можност да спроведува обуки и надвор од државата. 

Бројот на пријави за бесплатните обуки е ограничен, затоа побрзајте и стекнете се со ново знаење!

Нашиот тим Ве очекува и е тука за вас да одговoри на сите ваши прашања поврзани со обуките.

ПРИЈАВИ СЕ!