Мобилност од Државниот центар за образование за возрасни лица од Анкара
Одличната соработка помеѓу Академија ЦЕС и Државниот центар за образование на возрасни лица од Анкара -Турција продолжува, така што во периодот од 12.12.2022-16.12.2022 година за проектот JOB SHADOWING, Академија ЦЕС, испрати своја учесничка/обучувач.
Мобилноста се одвиваше во рамките на проектот за акредитација во полето на образование за возрасни – поддржан од програмата Еразмус и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.
Во рамките на мобилноста реализирани беа посети на повеќе организации, Центри за образование и училишта. Нашата обучувачка имеше можност да земе учество во часови по Роботика и програмирање во Python, да се запознае со принципот на кодирање во објектно ориентиран јазик, да се информират околу користењето на МicroBit во наставата, користењето и употреба на Photoshop, 3D Печатење и сл.
Мобилноста се реализираше под менторирано од страна на проф. Д-р Селџук Јусуф Арслан.
Во продолжение галерија:










