Мобилност во Италија (Фолињо)

Во периодот од 19.06.2023-23.06.2023 година, двајца волонтери од Академија ЦЕС имаа можност да учествуваат во мобилност во Италија.

Волонтерите за време на мобилноста имаа можност да се запознаат подетално со работата на партнерската организација EGInA SRL. EGInA активно работи на имплементација на повеќе проекти од областа на образованието и е вмрежена во повеќе локални, регионални и меѓународни мрежи и иницијативи кои придонесуваат за подигнување на квалитетот на образовните услуги.

Карактеристично за тимот од EGInA SRL е примената на бројни дигитални алатки во управувањето со проектите и нивната имплементација.

Оваа мобилност беше одлична можност за усвојување на бројни добри практики од партнерската организација и размена на искуства.

Фотографии: