Академија ЦЕС во соработка со Регионалниот директорат за национално образование (Kocaeli Provincial Directorate of National Education) од Измит, Турција, во рамките на Еразмус+ програмата успешно реализираше мобилност за 5 возрасни ученици и еден обучувач за возрасни лица.

Учесниците во мобилноста имаа можност да земат учество во четири образовни курсеви, креирани за подобрување на животните вештини и личен развој:

  • Работилница за подготвување на чоколадни бонбони, која се разлизираше  во централниот директорат за образование на возрасни лица во Измит.
  • Работилница за изработување на производи од керамика, која се реализираше во Центарот за образование на возрасни во Голџук (Golcuk Adult Education Center), под менторство на уметникот Џанер Ѓунер.
  • Работилница за рачни изработки, реализирана во локалниот Центар за образование на возрасни во Измит и
  • Курс по турски јазик – Центар за образование на возрасни во Измит.

Сите учеснички во обуката имаа можност да ги подобрат своите знаења и вештини, да се дружат со локални учесници во образовните курсеви, да се запознаат со културните навики, да разменат искуства и контакти за понатамошна соработка и дружење.

Во рамките на посетата беа разгледани и можности за усвојување на некоја од наставните програми и креирање на нови курсеви во образовната понуда на Академија ЦЕС.

По успешно завршените работилници и обуки, учесничките имаа можност да се запознаат со турската култура, знаменитости и да уживаат во убавините на Турција.

Галерија: