Во јуни 2023, Академија ЦЕС, повторно со поддршка на Еразмус + програмата и центарот за образование на возрасни Паоло Фреире (CEPA Paolo Freire) во Фуенлабрада-Мадрид Шпанија, оствари уште една успешна соработка.

Мобилноста во Мадрид која се реализираше во склоп на проектот на акредитирани мобилности во полето на образование на возрасни, се оддржуваше во Центарот за образование на возрасни  Паоло Фреире.

Тимот испратен од страна на Академија ЦЕС, беше  пријатно пречекан од страна на раководните лица на центарот, директорката г-ѓа Кристина Рубио Фернандез и менаџерката на Ерасмус проекти г-ца Ракел Рубио.

Целта на оваа посета беше подетално запознавање на тимот и со начинот на работа на центарот, запознавање со дел од наставниот кадар и условите во кои се одвива наставата, преку сеопфатна презентација за институцијата, увид во условите и во просториите во кои се одвива наставата, влијанието кои го имаат врз таргет групите кои се запишуваат, како и за образовните можности во рамките на образованието за возрасни.

Основната цел на центарот е да им обезбеди на учениците социјални и лични вештини (меки вештини), да ја врати мотивираноста, самодовербата и довербата во образованието како начин за напредок.

Во моментот центарот работи на имплементација на неколку иновативни проекти: STEMadrid, Erasmus+ и Xcelence, нудејќи едукативни и професионални насоки.

Тимот на Академија ЦЕС, покрај едукативниот дел од посетата имаше и прилика и да ужива и да истражува во богатата историја и култура на Шпанија и посетата на градот Толедо.

Во продолжение неколку фотографии од ова возбудливо доживување: