Уште едно интересно патување на учење и пријателство во Мерсин, Турција 19.06.2023-23.06.2023

Искуството на нашите обучувачи во Мерсин, Турција, беше незаборавно патување на учење и пријателство.

Учесниците во обуката имаа можност да се стакнат со практични знаења, да научат нови техники и методи кои може да се користат во наставата и да воспостават значајни врски со професионалци од областа, за размена на искуства и добри практики.

Дополнително, учесниците имаа можност за културно запознавање на областа во Турција и формирање на пријателства кои ги збогатија нивните искуства и ги продлабичија нивните перспективи.

За време на мобилноста нашиот тим активно учествуваше во повеќе задачи и проекти, овозможувајќи примена на теоретските знаења во практичната настава.

Дополнително, нашиот тим имаше можност да ја истражува традиционалната турска кујна, да ги посети историските знаменитости и да комуницира со локалното население, проширувајќи ги културните хоризонти.

Во продолжение неколку слики од  незаборавни искуства: