Благодарение на остварената соработка со Европска Институција ЦИФЕ, во периодот од 05.06.2023 до 10.06.2023 се реализираше уште една успешна обука во Ница, Франција.

Цели на обуката беа:

  • Користење современи методи и техники во наставата и учењето;
  • Употреба на дигитални содржини;
  • Подобрување на наставните компетенции, меки вештини, комуникациски и интеркултурни вештини;
  • Размена на искуства за начинот на реализација на настава, за методите и техниките на одржување на наставата, за организација на целиот процес од регрутација на студенти до нивна евиденција, проверка на знаења и завршување.

Постигнати резултати:

  • Запознавање со начинот на кој работи и функционира образовната институција.
  • Подобрување на јазичните способности на наставниците.
  • Запознавање со нови практики, методи и техники во образовниот процес во Франција.
  • Имплементација на нови алатки и начин на комуникација кои се користат во земјите од ЕУ.
  • Подобрување на ИКТ, дигитални и стручни вештини и компетенции на наставниците.

Галерија: