меѓународна соработка
На 28.06.2022 Академија Ц.Е.С. беше домаќин на г-дин Бахадир Јилмаз, координатор за образование на возрасни во Националниот Директорат за Образование од Анкара.
Директоратот за образование од Анкара е најзначајната институција во образовниот систем на Турција, веднаш после Министерството за образование со надлежности во 4434 училишта со 77.170 наставници и над милион ученици од кои околу 300.000 се возрасни ученици, на возраст од 18-64години.
На состанокот беа договорени повеќе точки од заеднички интерес, како:
- Интернационализација и размена на искуства
- Едукација на кадар и возрасни ученици
- Подготовка на зеднички проекти
за кои Академија Ц.Е.С. и Националниот Директорат за Образование од Анкара, ќе воспостават соработка.