Во рамките на регионалниот настан за обука и вмрежување на ЕПАЛЕ амбасадори, беше организирана панел дискусија за работа со тешко достапни целни групи, во која што учествуваа:
- Гордана Бошковиќ, дипломиран андрагог од ЈУ Центар за стручно образование, Црна Гора, контакт лице за ЕПАЛЕ.
- Фатма Бајрам Аземовска, директор на НВО Сумнал, Библиотекар и ЕПАЛЕ амбасадор.
- Азра Шулиќ, Помошник на министерот од Министерството за образование, наука, култура и спорт на Унско-санскиот кантон, Бихаќ, Босна и Херцеговина
- Татјана Јаничиќ, ЕПАЛЕ амбасадор, психолог во основно училиште за образование на возрасни, во Сомбор.
- Маја Колекеска, проектен координатор во Академија Ц.Е.С.
Целта на настанот беше да се споделат добри практики и искуства за подобро вклучување на тешко достапните целни групи во образование, прифаќање на концептот на доживотно учење и промоција на потенцијалите на ЕПАЛЕ (Електронска платформа за учење на возрасните во Европа).
Во таа насока, беа споделени и бројни исуства од активности и проекти кои Академија Ц.Е.С. ги спроведува во полето на образование на возрасни.




