Во периодот од  22 до 24 ноември 2023 година, претставник од Академија ЦЕС, учествуваше на дводневен настан: Тематска обука за провајдери на СОО со цел подигање на свеста за мобилностите во полето СОО и признавање на резултатите од учење, организиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На настанот учествуваа експерти за стручно образование и обука, претставници од сите провајдери на стручно образование и обука во РНМ, кои се корисници на програмата Еразмус+, како и претставници од Министерство за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.

Целта на настанот беше низ заеднички активности да се изнајдат подобри решенија за признавање на резултатите од учење, особено на корисниците на мобилности и практична обука во странство