Учество во панел дискусија во рамки на ЕПАЛЕ Регионален настан

2023-10-13T19:29:03+02:00

Во рамките на регионалниот настан за обука и вмрежување на ЕПАЛЕ амбасадори, беше организирана панел дискусија за работа со тешко достапни целни групи. Целта на настанот беше да се споделат добри практики и искуства за подобро вклучување на тешко достапните целни групи во образование, прифаќање на концептот на доживотно учење и промоција на потенцијалите на ЕПАЛЕ (Електронска платформа за учење на возрасните во Европа).