Благодарение на остварената соработка со Европска Институција ЦИФЕ, во периодот од 05.06.2023 до 10.06.2023 се реализираше уште една успешна обука во Ница, Франција.
Цели на обуката беа:
- Користење современи методи и техники во наставата и учењето;
- Употреба на дигитални содржини;
- Подобрување на наставните компетенции, меки вештини, комуникациски и интеркултурни вештини;
- Размена на искуства за начинот на реализација на настава, за методите и техниките на одржување на наставата, за организација на целиот процес од регрутација на студенти до нивна евиденција, проверка на знаења и завршување.
Постигнати резултати:
- Запознавање со начинот на кој работи и функционира образовната институција.
- Подобрување на јазичните способности на наставниците.
- Запознавање со нови практики, методи и техники во образовниот процес во Франција.
- Имплементација на нови алатки и начин на комуникација кои се користат во земјите од ЕУ.
- Подобрување на ИКТ, дигитални и стручни вештини и компетенции на наставниците.
Галерија:











