Во периодот од 03.07.2023-08.07.2023 година, двајца волонтери од Академија ЦЕС имаа можност да учествуваат во мобилност во Шпанија.

Волонтерите активно учествуваа на обука на тема „7 Cs“ во Барселона, во чии што рамки беа опфатени следните теми: критичко размислување, креативност, комуникација, медиумска писменост, меѓукултурно разбирање, емпатија, флексибилност, самодоверба и ефикасност во учењето.

Целта на обуката беше да се стекнат и усвојат одредени меки вештини кои ќе имаат особено значење во подигнување на квалитетот на образовните услуги.

Посебен акцент беше ставен на тимската работа и лидерството како клучен елемент за проефесионален развој.

Во продолжение фотографии од реализираната мобилност: