На 4.10.2023 година во Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”- Скопје, беше одржано свечено прогласување на добитниците од јавниот повик “Кофинансирани грантови за технолошки развој” од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Настанот го отвори ректорката на Универзитетот проф. Д-р Билјана Ангеловска, а на добитниците им се обратија, директорот на ФИТР проф. Д-р Фестим Халили и Министерот за образование и наука г-дин Јетон Шаќири. На настанот учествуваа и претставници од Академија Ц.Е.С.

Проектот Образовна платформа E-LEARNER, подготвен од тимот од Академија Ц.Е.С. беше препознаен како иновативно решение за дигитална трансформација во понудата на образовни услуги и истиот ќе биде реализиран со подршка ФИТР.

Академија Ц.Е.С. останува посветена во мисијата, да понуди широк асортиман на обуки, лесно пристапни до сите категории на корисници, со цел да придонесеме кон градење на општество базирано на знаење.