Академија ЦЕС  ·  Скопје  ·  02 и 09 јуни 2026

Академија ЦЕС, во партнерство со CRHACK LAB FOLIGNO 4D од Италија и Adult Education Institution Studium од Хрватска, во рамки на проектот IN+ Learning Opportunities for Low-Qualified Workers, објавува повик за учество на бесплатна обука за дигитални вештини.

Обуката е наменета за лица со пониско ниво на квалификации, ограничено формално образование или ограничено стручно оспособување, како и за возрасни лица кои сакаат да ги подобрат своите дигитални вештини, полесно да користат секојдневни дигитални алатки и да ги зголемат своите можности за вработување.


Што ќе добијат учесниците?

Учесниците ќе имаат можност:

  • да учат преку практични вежби и јасни објаснувања;
  • да ги користат модулите и видео-упатствата подготвени во рамки на проектот;
  • да стекнат поголема сигурност при користење дигитални алатки во секојдневниот живот и за потреби поврзани со работа.

Што ќе опфаќа обуката?

Обуката ќе опфати практични теми како што се:

  • основни дигитални и онлајн вештини;
  • комуникација и користење е-пошта;
  • користење на Word алатки;
  • AI алатки за секојдневни дигитални задачи;
  • други практични дигитални вештини опфатени со проектот.

Услови за учество

Учеството е целосно бесплатно.


Детали за обуката

Локација: Скопје
Датум: 02.06.2026 и 09.06.2026


Како да се пријавите?

Заинтересираните лица може да се пријават преку:
Академија ЦЕС
Телефон: 077/9567867; 078/809002
Е-пошта: cesacademyprojects@gmail.com

Краен рок за пријавување: 20.05.2026.
Бројот на места е ограничен, затоа се препорачува навремено пријавување.