Се одржа првиот координативен состанок помеѓу партнерите на проектот „Пат до вработување“

2021-02-11T00:17:54+01:00

Во периодот од 29 до 31 јануари 2015 година, во Лублин Полска, се одржа првиот координативен состанок помеѓу партнерите на проектот „Пат до вработување - Развивање на нови вештини и знаењa на невработените лица“. Овој проект се реализира како меѓународно партнерство, за подигнување на компетенциите на возрасните невработени лица, поддржан од програмата Еразмус+, образование на возрасни лица.