Донација на ранци за ученици од ранливи категории
Академија ЦЕС, која веќе 22 години работи на подобрување на човечкиот капитал во земјата и нуди можности за секаков тип на образование на возрасни лица, активно подржува и помага граѓански иницијативи за подобрување на образовните услови.
Поаѓаме од парадигмата дека општество треба да биде засновано на учење и знаење, каде секоја индивидуа ќе може да го постигне својот потенцијал и дададе максимален придонес во создавање на подобра иднина.
Во таа насока денес директорката на Академија ЦЕС, г-ѓа Дијана Зафировска, во придружба на г-ѓа Латифа Демировска и директорката на училиштето г-ѓа Снежана Петреска, донираше училишни ранци во ОУ Климент Охридски – Бутел, за ученици од ранливи категории.
Академија ЦЕС, продолжува како општествено одговорна компанија да се грижи и лицата со помалку можности да имаат еднаков пристап до образование.
Галерија од средбата со дечињата, погледнете во прилог: