На 27 август 2018 се одржа ФИНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА за ПРОЕКТОТ – Мрежа на вешти келнери и готвачи
(Skilled cooks and waiters network - SCAWNET)
На 27 август 2018, како завршен настан на успешната реализација на проектот Мрежа на вешти келнери и готвачи (Skilled cooks and waiters network - SCAWNET), беше одржана финална конференција во ЕУ инфо центарот во Скопје.
Проектот SCAWNET е двегодишно стратегиско партнерство во стручно образовабие и обука, кој се реализираше во рамките на програмата на ЕУ Еразмус+.
Конференцијата ја отвори г-ѓа Дијана Зафировска, генерален менаџер на Тренинг центарот ЦЕС, на истата претставени беа резултатите од повеќегодишните истражувања, како и прирачниците за келнери и готвачи. Свое обраќање имаа и претставниците од Исињаре-училиште за готвење од Португалија, кое што заедно со Егина- Италија, беше партнер на Тренинг центарот ЦЕС, во спроведувањето на проектот.
На крај презентирани беа и неколку видеа од трите серии на обуки кои се спроведоа во рамките на проектот:
30 келнери, од сите три земји учеснички во проектот имаа можност да се обучуваат во таверните на Фолињо, градче во областа Умбриа, Италија,
30 готвачи од Македонија, Италија и Португалија имаа можност да следат обука обуката за готвачи во едно од најпрестижните училишта за готвачи во Европа, во градот Фатима, Португалија и
30 готвачи и келнери имаа можност да се обучуваат за меки вештини за вработување во Скопје, Македонија.
Конференцијата ја следеа претставници од повеќе релевантни институции во Македонија, експерти готвачи од Македонија и Португалија, соработници на Тренинг центарот ЦЕС, како и други засегнати страни од резултатите на проектот.